Интернет и мрежи помош (прашања, совети, трикови)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ај пробај вака:

Најлево на рутерот има копче со логото од CISCO, стисни го тоа, ќе почне да трепка и сам ќе си се опраи :)

Значи стисни го тоа најлево на сликава, црно-бело што е, пишува CISCO SYSTEMS на него, остај го нека трепка, и кога ќе престане се треба да си е во ред.

wrt54gl_router_869.jpg
Епа баш тоа го направив зашто мислев дека имам некој проблем со рутерот и тогаш се сменија сетинзите :)

Ако го стиснам пак ке се вратат?
 
Епа баш тоа го направив зашто мислев дека имам некој проблем со рутерот и тогаш се сменија сетинзите :)

Ако го стиснам пак ке се вратат?

Е нема, истите ќе си ги стави :)

А што ти е сменето? И што сакаш да биде сменето?
 
Е нема, истите ќе си ги стави :)

А што ти е сменето? И што сакаш да биде сменето?
Тогаш не ми е јасно зашто воопште ми ги смени?

Па имав пасворд, имав заштита...сеа нема ништо како unsecured е мрежата.

Нели на 192.168.1.1 се мести се од почеток ама ми бара jузер и пасс, а незнам кои ги бара?
 
USER: admin
PASS: admin
 
Имам проблем со интернетов, download-от си иде најнормално (на пр. ќе стаам некој фајл преку megaupload си иде со 200 кб/с, или ќе стаам торент си иде со 400-500 кб/с) ама - ептен споро ми ги отвара сајтовиве, за било кој сајт чекам по 3-4 минути ???
Вака е од четвртокот, вчера (сабота) се оправи, цел ден беше добар ама од денеска (недела) еве го пак е спор...
Што би можело да биде ??
 
Исклучи LimeWire, uTorrent и слични такви програми ако ти работат, па пробај пак. Значи да немаш такви програми што ти работат во позадина, исклучи ги и од стартап, прави рестарт и провери, зашто додека е торентот уклучен (пример) споро отвараш страни.
 
За да не се отвора посебна тема би ја споделил оваа свеченост тука на темава.

На денешен ден е регистриран првиот .com домен

На денешен ден 15 март 1985 година заживеа првиот регистриран .com домен. Произведувачот на компјутерите Symbolics е првата компанија која ја започна оваа револуција. Во средината на осумдесетите години на минатиот век малкумина знаеја што се домени, интернет и се што е поврзано со технологијата што денес се зема здраво за готово. Од друга страна некои компании не се разбираат сериозно доколку не водат смета за онлајн присутноста.

Во текот на 1985 година кога се појави првиот .com домен, вкупно беа регистрирани 6 домени, а денес секојдневно се регистрираат околу 100 000 нови.

Според процената на аналитичарите на интернет, постојат околу 86 милиони активни домени, а останатите иако се регистрирани не се користат.

25 годишнината од првиот регистриран домен ја истакнал и извршниот директор на компанијата Verisign, Марк МекЛауглин кој истакнал дека пред 25 години никој не знаел во која насока ќе се развива интернетот. Тој истакнал и некои свои предвидувања за понатаму - "Мислам дека во иднина ќе се промени начинот на кој пристапуваме до онлајн информациите, преку лични и преносни компјутери, а гласните наредби ќе бидат клучната промена".
 
Исклучи LimeWire, uTorrent и слични такви програми ако ти работат, па пробај пак. Значи да немаш такви програми што ти работат во позадина, исклучи ги и од стартап, прави рестарт и провери, зашто додека е торентот уклучен (пример) споро отвараш страни.

Ништо не симињам и не ми е уклучен торент, а пак споро ги отвараше. Викам ''отвaраше'' :) пошто од денеска ниеден сајт нејќе да ми отвори, освен почетниот - гугл, ама гледам у темата за Кејблтел дека и други имале проблеми денеска со интернетот и ништо не им отварал...
 
Знаеш како да си смениш DNS адреси?

Ако знаеш, стави ги овие две:

8.8.8.8
8.8.4.4
 
Знаеш како да си смениш DNS адреси?

Ако знаеш, стави ги овие две:

8.8.8.8
8.8.4.4

Добар е сега, го средија од пред 15 минути, кај нив бил проблемот, само што изгледа мене ме заебаваше од четврток, а на другите само денеска...Мерам сега и преку спидтест.нет, ми покажува 5-5.5 МБ/с мада би требало негде 7-8 спрема пакетот (8/50) ама пред тоа ми покажуваше стално 2-3 МБ. И на пинг тестот ми покажуваше 5-6 % пакет лосс, сега 0% и квалитет на линијата беше Де, сега е Бе.

Е сега друго, можда глупо прашање - зашто ако на спидтест.нет мерам 5-6 пати едно по друго пингот е све поголем и поголем? На пр. првиот пат е околу 80-85 мс, а петиот пат е 200 и више?
 
Изгледа се собира во кеш мемроијата на speedtest,не се секирај,или пак можеби е проблем со latency на твојот провајдер.

Распрашај се.
 
Здраво! Имам едно прашање до Вас, само не знаев каде да го пишам па решив тука... Дали знае некој за тие сертификатите на MICROSOFT, дали има нешто во врска со мрежи, каде се признати, колку е цената и други информации може да ми дадете.

БЛАГОДАРАМ
 
Мајкрософт како и CISCO се признаени во цел свет, а ако сакаш мрежи, тогаш учи си CISCO.
 
Сум пишал во погрешна тема па се цитирам тука:

Xfire напиша:
Имам два компјутери и сега на модемо на интернетот што е, има кабел обичен за нет и е приклучен и си работи се ОК. А сега за другиот компјутер односно УСБ кабелот, што оди од модемот во компјутерот, порано го читаше сега кога снемавме нет и по некое време пак оклучив и сега нема нет, што може да биде, кога одам да конектирам интернетот вика дека кабелот не е внесен а порано вукнционираше до што може да биде? Пробував во сите УСб кабли и пак нешто заебава, има чаре за ова ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom