- Член од
- 5 август 2009
- Мислења
- 1.295
- Поени од реакции
- 484
Точно, не викам дека не се следат трансакциите, ама што е разликата во тоа јас да ти пратам 100 евра онака, поклон од мене и ти да ги повлечеш преку скрил или пак да заработиш 100 евра (на било кој начин) и да ги повлечеш преку скрил ?
И да ги пријавиш, и во двата случаи би можел да наведеш да речеме “поклон од роднина“ и со тоа би избегнал оданочување, што според тебе е валидно ?
За банка-банка трансакции не зборувам, за тие и те како се применуваат закони.. имам порано напишано во некој пост, мене за 50 евра што си ги пратив од германска на македонска сметка ми направија проблем т.е. ми ги замрзнаа средствата додека не доставам документ за потекло на парите. Исто, и кога пробував да пратам од македонска на германска вработената ми кажа “мора да се пријават средствата во Ујп па макар биле и 1000 денари.. вака јас ризикувам да бидам казнета“
Полесно би поминал со УЈП ако се вадиш со муабети од тип незнаев дека треба пријава и сл. отколку да даваш лажни информации. Имај на ум дека зад пријавата стоиш ти со полна одговорност. Што ако ти побараат докази за „роднината и неговите уплати“, а што имаат право и можат во секое време да го направат?