Internazionali BNL d'Italia | 13-19 мај, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување

Победник на Internazionali BNL d'Italia?


  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
хахахха какво фејл излегување на мрежа хахаха овој Јержи стварно е чуден на моменти...
 
Неискуство + лоша тактика, а згора на тоа ниско ниво на интелегенција се добива она што странците го викаат mindless ball basher.

Има овој уште доста фурни да јаде пред да загрози топ 5 тенисери.

Федерер солиден, но премногу пасивен на некои зицери, тоа не го поднесувам.
 
Денес ништо не изгледав од 1/4 финалните дуели, можеби и подобро што не сум го гледал дуелот на Новак, како што читам на темата изиграл доста катастрофално, башка и ќе изгуби бааѓи бодови од овој турнир, од лани брани полуфинале.
Како и да е, без разлика што сум фан на Новак, океј ми е тоа што и други тенисери се вмешуваат во борба за титула, и не се сведува само на Новак, Надал, Федерер, Мареј.. што е добро за тенисот и нема да е монотоно ама баш ич. Само што проблемот на овие тенисери како Бердих е тоа што го користат лошиот ден на противникот, во овој случај на Новак, а после тоа ги нема никаде, барем за овие турнири од највисок ранг.
Да сврзат неколку турнири во серија ќе е добро. А се додека е обратно, ќе ги гледаме со титули Новак, Надал, Федерер, Мареј ќе си почека троа малце.
Другите резултати што се одиграа, за мене се очекувани, па и дуелот на Надал.
Очекувам финале Надал - Федерер, и титула за Федерер, кога веќе го нема Новак.
 
LNeGyNp.jpg
 
добро бе па толку ли се исплаши од фактот дека има сет топка против Федерер па мораше во клучен момент два пати да прави дупла и уште една добра можност што ја упропасти со очајно лош обид за дроп удар... во трет сет да влегоа се можеше да се случи... али добро има време да се среди не е доцна за него...
 
Не е што се исплаши само, типот едноставно нема никаква тактика, ептен е едностран во гејм планот сега за сега....ќе испадне го копирам коментаторот, но во право беше.
 
Коментаторот на спорт клуб да можеше ќе му појдеше на терен и ќе му врзеше една воспитна, особоено за дроп шотевите. :D
 
Интересно, може да се деси Рафа во финале да иде без да игра полуфинале...

Денес по натпреварот со Ѓоковиќ, Бердих требаше да игра уште еден меч во двојки...
Прееска видов дека го предале мечот со партнерот, а сега Надал-Бердих е повлечен за обложување...

Баш ме интересира дали Бердих ке направи утре walkover?
 
Јас мислам дека дубл мечот е намерно предаде од Бердих за да не се троши за во 1/2 финале. Веројатно не очекуваше ни сам дека утре ќе треба 1/2 финале да игра. Често се случуваат вакви работи.
 
Не е што се исплаши само, типот едноставно нема никаква тактика, ептен е едностран во гејм планот сега за сега....ќе испадне го копирам коментаторот, но во право беше.
Па не е баш едностран, или еднообразен, баш има добар сет на удари но тие удари се ужасно распоредени. Има и слајс, и добар дроп, одличен форхенд, добар бекхенд ама проблемот е што е многу неискусен и зелен во главата. А и таков табиет си е, принервозен е, така да убаво си пишал дека треба фурни леб да јаде за да земе скалп на најголемиве. Има се само уште да се среди и да почне да размислува подобро и може да се надева на одлични резултати.
Бај д веј прилично добра статистика на Федерер, само 13 грешки што е одлично за два долги сета.
 
Па не е баш едностран, или еднообразен, баш има добар сет на удари но тие удари се ужасно распоредени. Има и слајс, и добар дроп, одличен форхенд, добар бекхенд ама проблемот е што е многу неискусен и зелен во главата. А и таков табиет си е, принервозен е, така да убаво си пишал дека треба фурни леб да јаде за да земе скалп на најголемиве. Има се само уште да се среди и да почне да размислува подобро и може да се надева на одлични резултати.
Бај д веј прилично добра статистика на Федерер, само 13 грешки што е одлично за два долги сета.

Не се разбравме, не викам дека играта му е еднолична, гејм планот/тактиката му е :)
 
Моја грешка тогаш. Инаку во право си, гејм планот му е нон стоп тој, не го менува, што е лошо.
 
Tака така, Федерер го убу со разновидност, слајсови, високи-ниски ритерни, спори паралели, брзи по средина, слај сервис, па силен, па нагло промена и форсирање на форхенд страна, иако до пред 2 минути форсирал бекхенд, за тоа му нема рамен на Фед, а против него има играч кој дури и кога микса тоа не е плански, туку прави што ќе му текне и неговото несозреано его му кажува.
 
Утре против Паире или Пер, ја Паире ќе го викам затоа што ова Пер ми е као скопскиов нагласок, кратенка од педер. :D
Многу напредува овој играч оваа сезона, според мене еден од најдобрите агресивни дворачни бекхенди има момаков, е сеа колку може против Федерер не знам баш, со Надал два пати се сретна на земја сезонава, во Барса и Мадрид, и два пати не се даде лесно, и играше сосема задоволително. Али против Федерер не му давам многу шанси, со Надал играше добро затоа што Надал е закован позади основната линија и ја игра неговата препознатлива игра, дефанзивна нормално, а играта на Федерер е сосема поинаква така да очекувам победа за Федекс во два сета.
За Надал-Бердих не коментирам, не знам веќе што да мислам за Рафа.
 
Oд тоа ваше не мислење и дека ќе загуби од Ферер, го изгуравте Надал до крајот на турнирот. Еднаш се истрчавте на друг турнир, па ве страв за прогноза дека ќе победи.:D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom