- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.144
- Поени од реакции
- 16.845
Додека сеуште трае турнирот во Мадрид, кој е во завршна фаза, некои тенисери веќе ќе го започнат и следниот мастерс турнир во Рим. Квалификациите ќе стартуваат во сабота т.е денеска, а официјалните мечеви ќе започнат од понеделник.
Во квалификациите ќе се најдат доста добри тенисери, еден од нив ќе е, а и најпознат е Ернест Гулбис, но прв носител е поставен Лукаш Росол.
Турнирот традиционално веќе подолго време се одржува одма после тој во Мадрид, и пауза помеѓу овие два турнири нема, а после една недела од Рим, следува вториот Гренд Слем во Париз, но за тоа потоа, и во друга тема.
Датира од 1930 година, каде прво мечевите се играа во Милано, но потоа се префрли турнирот на терените на „Флоро Италико“ во Рим близу Олимпискиот стадион, каде сеуште се игра. Турнирот имаше пауза неколку години, и тоа од 1936 до 1949 година.
Години наназад турнирот се одржува во втората недела од месец мај.
На овој турнир ќе се најдат сите најдобри тенисери моментално на АТП турот, барем досега никој не го откажал учеството, па така би требало да ги гледаме Ѓоковиќ, кој брани 600 АТП поени, минатата година загуби во финалето и тоа од Рафаел Надал, кој исто така ќе биде дел од овој турнир, после нив следува новиот број 2 на АТП листата, Енди Мареј, кој во последно време не прикажува баш добри игри на турнирите на земја, имаше доста неуспешни резултати, прво во Монте Карло, а еве и на турнирот во Мадрид, каде загуби од Бердих во 1/4 финалето.
Исто така ќе го гледаме и Роџер Федерер, лани загуби во 1/2 финалето. По откажувањето на турнирот во Мадрид, враќање ќе на терените ќе има и Дел Потро.
Па интересните мечеви не би требало да изостанат ниту на овој доста силен Мастерс турнир.
Најмногу титули досега има освоено Рафаел Надал и тоа дури 5, од кои три се во низа, од 2005 до 2007 година.
Тој е и последен освојувач на овој турнир, во ланското финале го совлада Ѓоковиќ, и тоа со резултат 75/63.

Главни носители на турнирот:
1. Новак Ѓоковиќ
2. Роџер Федерер
3. Енди Мареј
4. Давид Ферер
5. Рафаел Надал
6. Томаш Бердих
7. Хуан Мартин Дел Потро
8. Џо Вилфред Цонга
Награден фонд: € 3,204,745
Телевизија која ќе го пренесува турнирот: Спорт Клуб/Спорт Клуб+
Официјален сајт на турнирот
Главен ждреб
Квалификации ждреб
Се надевам ќе гледаме доста интересен турнир со атрактивни мечеви и со некое изненадување, како што е во Мадрид, па нека победи подобриот.
*Темата ќе е активна од недела навечер, дотогаш ќе биде под клуч, бидејќи сеуште трае турнирот во Мадрид, па да не се деконцентрираме.
А после завршувањето на тој турнир, ќе се отклучи темата и може слободно да коментирате, нормално, со малце офф топик, и без провокации и навредувања.