Internazionali BNL d'Italia | 13-19 мај, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување

Победник на Internazionali BNL d'Italia?


  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.144
Поени од реакции
16.846
bnlitalia.JPG


Додека сеуште трае турнирот во Мадрид, кој е во завршна фаза, некои тенисери веќе ќе го започнат и следниот мастерс турнир во Рим. Квалификациите ќе стартуваат во сабота т.е денеска, а официјалните мечеви ќе започнат од понеделник.

Во квалификациите ќе се најдат доста добри тенисери, еден од нив ќе е, а и најпознат е Ернест Гулбис, но прв носител е поставен Лукаш Росол.

Турнирот традиционално веќе подолго време се одржува одма после тој во Мадрид, и пауза помеѓу овие два турнири нема, а после една недела од Рим, следува вториот Гренд Слем во Париз, но за тоа потоа, и во друга тема.

Датира од 1930 година, каде прво мечевите се играа во Милано, но потоа се префрли турнирот на терените на „Флоро Италико“ во Рим близу Олимпискиот стадион, каде сеуште се игра. Турнирот имаше пауза неколку години, и тоа од 1936 до 1949 година.
Години наназад турнирот се одржува во втората недела од месец мај.

3F35B0F4FA6445548775067D77CEB343.ashx

На овој турнир ќе се најдат сите најдобри тенисери моментално на АТП турот, барем досега никој не го откажал учеството, па така би требало да ги гледаме Ѓоковиќ, кој брани 600 АТП поени, минатата година загуби во финалето и тоа од Рафаел Надал, кој исто така ќе биде дел од овој турнир, после нив следува новиот број 2 на АТП листата, Енди Мареј, кој во последно време не прикажува баш добри игри на турнирите на земја, имаше доста неуспешни резултати, прво во Монте Карло, а еве и на турнирот во Мадрид, каде загуби од Бердих во 1/4 финалето.
Исто така ќе го гледаме и Роџер Федерер, лани загуби во 1/2 финалето. По откажувањето на турнирот во Мадрид, враќање ќе на терените ќе има и Дел Потро.
Па интересните мечеви не би требало да изостанат ниту на овој доста силен Мастерс турнир.

Најмногу титули досега има освоено Рафаел Надал и тоа дури 5, од кои три се во низа, од 2005 до 2007 година.
Тој е и последен освојувач на овој турнир, во ланското финале го совлада Ѓоковиќ, и тоа со резултат 75/63.

Nadal.jpg
Како фаворити се издвојуваат нормално првите тенисери на АТП листата, но во неа не влегува Енди Мареј, според тоа каква игра прикажува, не би требало да се најде меѓу четирите најдобри, па така како најголем фаворит и според игра во последно време се споменува Надал, тука ќе е и Новак Ѓоковиќ, без разлика на поразот во првиот меч за него на турнирот во Мадрид, истото важи и за Федерер, и после овие неколку набројани тенисери следува долга разлика, па идат Ферер, Бердих, Дел Потро и Цонга.


Главни носители на турнирот:
1. Новак Ѓоковиќ
2. Роџер Федерер
3. Енди Мареј
4. Давид Ферер
5. Рафаел Надал
6. Томаш Бердих
7. Хуан Мартин Дел Потро
8. Џо Вилфред Цонга

Награден фонд: € 3,204,745
Телевизија која ќе го пренесува турнирот: Спорт Клуб/Спорт Клуб+
Официјален сајт на турнирот
Главен ждреб
Квалификации ждреб


Се надевам ќе гледаме доста интересен турнир со атрактивни мечеви и со некое изненадување, како што е во Мадрид, па нека победи подобриот.

*Темата ќе е активна од недела навечер, дотогаш ќе биде под клуч, бидејќи сеуште трае турнирот во Мадрид, па да не се деконцентрираме.
А после завршувањето на тој турнир, ќе се отклучи темата и може слободно да коментирате, нормално, со малце офф топик, и без провокации и навредувања.
 
944527_10151432951313873_1778488240_n.jpg

Во горниот дел од турнирот се најдоа Ѓоковиќ и Надал, ако се одвива се како што треба, би требало да се сретнат во 1/2 финале. Од друга страна на ждребот се Федерер и Мареј, делот на Ѓоковиќ е каде каде потежок од другата страна, таму ќе е и Ферер и Бердих, за разлика од на Федерер каде во 1/2 финалето можен противник му е еден од Дел Потро/Мареј.
 
Слободно може да коментирате на темата, турнирот во Мадрид заврши, па од денеска/утре може да се сконцентрираме на овој турнир.
 
Ау можен дуел Хас-Федерер во 1/8 финале. Тука ќе си ја пробам среќата на Хас в кладилница, освен ако Федерер не ја смени за 360 степени играта од Мадрид.
Димитров - Гаске 2ро коло. Со оглед во каква очајна форма е Гаске овде може многу лесно Гришо да тепа во 2 сета.
 
Eве што не очекува утре, а тогаш и почнуваат директните преноси, пренос од централниот терен ќе врши Спорт Клуб, а од останатите Спорт Клуб+.

BKFW_7pCAAEcMwZ.jpg:large
 
Идам според проверениот рецепт, гласав за Новак. :icon_lol: Абе Фотос, што си гласал за Мареј бе? :pos:
 
Ако ти си месијата тогаш добро, иначе ни Господ не го оправа Мареј на земја. :D
 
Лесен ждреб му се погоди. Не верувам Гранољерс да го победи.Пацер е и тој.
Знам бе сеа глеав, у евентуално 1/4 финале му доаѓа Делпо кој е тапа во последно време, башка и болен беше нешто, па и ситно повреден после Монте Карло така да можно е и да не стигне Делпо до тоа 1/4 финале.
 
Знам бе сеа глеав, у евентуално 1/4 финале му доаѓа Делпо кој е тапа во последно време, башка и болен беше нешто, па и ситно повреден после Монте Карло така да можно е и да не стигне Делпо до тоа 1/4 финале.
Алмагро ако стаса ќе го исплеска убаво. Или можеби Нишикори ако изигра добро како со Федерер.
 
Алмагро ако стаса ќе го исплеска убаво. Или можеби Нишикори ако изигра добро како со Федерер.
Тешко бе Нишикори тој мизерен ми е некако, му се погоди против Федерер. Него, прво коло играат Троицки-Типса, па после некој од овие двајца игра со победникот од Ниеминен и некој квалификант. Рафа игра со Сепи второ коло најверојатно, па после со Троицки/Типса/Ниеминен. Ако игра со некој од Србиве... If you know what I mean. :icon_lol:
Новак пак има незгоден распоред, второ коло игра со Клизан ваљда, па трето коло налетува на Вавринка, 1/4 финале со Бердих, 1/2 финале со Надал... Доста тежок распоред за Ноле. Рафа има вака на прв поглед полесен распоред од него, само од 1/4 финале почнуваат потешките мечеви за него, прво Ферер па после Новак, нормално ако се оди според планот.
 
...Димитров - Гаске 2ро коло. Со оглед во каква очајна форма е Гаске овде може многу лесно Гришо да тепа во 2 сета.
Димитров традиционно губи од французи. А со Гаске имат меч коj се помни:
 
Сега му е шансата да го промени тоа. Во очајна форма е Гаске.
--- надополнето: 12 мај 2013 во 22:52 ---
Тешко бе Нишикори тој мизерен ми е некако, му се погоди против Федерер. Него, прво коло играат Троицки-Типса, па после некој од овие двајца игра со победникот од Ниеминен и некој квалификант. Рафа игра со Сепи второ коло најверојатно, па после со Троицки/Типса/Ниеминен. Ако игра со некој од Србиве... If you know what I mean. :icon_lol:
Новак пак има незгоден распоред, второ коло игра со Клизан ваљда, па трето коло налетува на Вавринка, 1/4 финале со Бердих, 1/2 финале со Надал... Доста тежок распоред за Ноле. Рафа има вака на прв поглед полесен распоред од него, само од 1/4 финале почнуваат потешките мечеви за него, прво Ферер па после Новак, нормално ако се оди според планот.
Сепак би рекол со Фоњини. Во подобра форма е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom