Интернационални кујни [Грчка кујна]

  • Креатор на темата Креатор на темата CafeDelMar
  • Време на започнување Време на започнување
- 600 грама павлака за готвење (халта или хопла како и да ги викаат народски кажано)
- 1 лажичка ванила екстракт
- 6 жолчки од јајца
- пола чаша шеќер во прав
- 4 до 5 лажици обичен шеќер

Ставете ја павлаката во тавче заедно со екстрактот од ванила и тавчето ставете го на оган. Кога ке почне да проврива тргнете го веднаш од оганот. Во друг сад ставете ги жолчките и шеќерот во прав и матете ги со миксер се додека жолчките не почнат да побелуваат, тогаш пополека додавајте ја павлаката продолжувајки со мешање.

Крем брулето по традиција се служи во сад наречен рамекин. Тоа е порцелански сад кој дозволува во него и да се пече. Рамекини со идеална големина може да си купите во ДЛ Конкорд позади Броз кафе во Скопје или во Арт Глас на пластичарска улица. И се доста евтини помеѓу 50-70 денари.

Изматениот крем го ставаме во рамекините а потоа истите ги ставаме во тавче. Тавчето го полниме со врела вода да дојде до половина на ремекините (Овој метод се вика печење во бања). Така ги ставаме во фурна да се печат на 120 целзиусови степени околу 40 минути.
02.jpg

Кога ке ги извадите оставете ги малце на собна температура да се оладат а потоа ставете ги во фрижидер да се стегнат. Најмалку 1 саат.
За да подготвите Крем Бруле исто така ќе ви треба и бренер за да го карамелизирате шеќерот на површина. Плински бренер како на сликата подоле може да купите од било кој пазар кај што продаваат алати. Постојат и специјални бренери за користење во кујна што се малце по мали со помал млаз на оган, меѓутоа користат нестандардни плински боци и се доста поскапи.
033.jpg

После еден саат извадете ги Рамекините од фрижидер, поросете ја горната површина од кремот со тенок слој од обичниот шеќер.
03.jpg

А потоа со бренерот карамелизирајте го шеќерот но внимавајте да не претерате. Шеќерот продолжи да се затемнува дури и од кога ке престанете да го горите. Затоа престанете некаде на половина од посакуваната боја на брулето.
044.jpg
Откако ќе го изгорите шеќерот оставете го барем 10 минути да олади во фрижидер за да се стврдне шеќерот на површина. Така се добива на површината како стаклена шеќерна тврда кора што практично треба да ја скршите со лажичка пред да јадете. Така си направивте бруле за вашиот крем. Исто така доколку сакате пред некој гости да го направите горењето може да ја полеете површината на шеќерот со скоч и да го запалите да гори пред нив.
04.jpg[DOUBLEPOST=1421656874][/DOUBLEPOST]п.с. рецептот ми е целосно украден од рецептите на петар :P
 
Macarons

:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Состојки:

2 белки
50 грама кристал шеќер
120 грама шеќер во прав
80 грама бадеми лупени
какао или прехрамбена боја

Ganache крема

50 мл слатка павлака
150 грама чоколадо

Белките треба да се одвоени од жолчките од 2-5 дена претходно и да стојат во фрижидер. На денот на правење барем 3 часа порано извадете ги.

Бадемите треба да ги смелите скроз ситно и да бидат налик на прав, значи треба да внимавате да не ги премелите и да пуштат маснотии. Во тој случај земете нови бадеми. :) Истурете ги бадемите во сад, шеќерот во прав и какаото и измешајте убаво.

Настрана матете ги беликите ама шеќерот додавајте го на 5-6 пати, зошто одеднаш ќе бидат суви. Кога ќе добиете цврст шлаг, истурете ги белките кај сувите состојки и мешајте полека. Оваа фаза macronnage всушност е најважна. Треба да мешате многу бавно и со лопатката од долу нагоре да го префрлате шлагот се додека не се изедначи смесата. Правете паузи за да не ви омекне премногу. Ќе знаете дека е добар кога ќе се лизга низ лажичката, а нема да останува како густ шлаг.

На хартија за печење ставајте од смесата ( мојот шприц е во аут, па со ќеса за замрзнување ги правев ) на краток размак затоа што се рашируваат.
Оставете ги да се сушат околу 60 минути.
Печете само 14 минути на температура од 150 степени.
Оставете ги да се изладат.

Во тенџере ставете ја хоплата и загрејте ја до степен на вриење, тогаш тргнете настрана, ставете го чоколадото ( јас користев со кршени лешници ) и мешајте додека не се растопи.
Лепете по две со филот.
Ставете ги во фрижидер и пробајте ги по 24 часа. :LOL:

Еве ги!

:vozbud::vozbud:

DSC_0253.JPG

DSC_0265.JPG

Нареден пат и во боја. :love:
 
Француски тарт

200гр. брашно
100гр. маргарин
половина лажичка сол
2 лажици шеќер
4-5 лажици ладна вода
7 јаболки

Четири од јаболките излупете ги и исечкајте ги на помали парчиња. Ставете ги во тенџере на оган без да додавате ништо друго. Многу е битно јаболките да се готват во сопствениот сок. Гответе ги на слаб оган за да не загорат, а за да го забрзате процесот покријте го тенџерето со капак. Варете ги околу 30 минути и повремено промешувајте. Кога ќе омекнат јаболките испасирајте ги со алатка за пире или блендер и оставете го пирето од јаболка да се олади.
Во меѓувреме подгответе го тестото.
Просејте го брашното во еден подлабок сад, измешајте ја солта и ставете го маргаринот. Со прстите брзо тријте ги брашното и маргаринотоколу 2-3 минути да добиете трошки. Потоа додадете ја водата и месете кратко, околу минута, да обликувате топка. Може да додадете уште малку вода, само битно е да формирате топка од тесто.
Веднаш исукајте го тестото во круг. Тоа може да го правите и директно на хартија за печење. Јас не ја користев, па го тенчев директно на работната површина, без да ја набрашнувам. Префрлете го во калапот/тепсијата и со рацете дообликувајте да добие правилна форма. Тестото добро избоцкајте го со вилушка или дрвено стапче и ставете го во фрижидер најмалку 30 минути.

Останатите 3 јаболки излупете ги, исечете ги на четвртинки и извадете го делот со семки. Потоа секоја четвртинка исечете ја на тенки попречни парченца.
За да го формирате тартот врз тестото во калапот распоредете го пирето од јаболка. Потоа под мал агол ставајте ги парчињата свежи јаболки во круг, при тоа секое наредно да преклопува половина од претходното.
Печете го во загреана рерна околу 40 минути на 180 степени, во долната третина од рерната за убаво да се испече тестото.

64_Francuska_pita_so_jabolka_1-71db4f-800x600.jpg
 
Ова е истото што и мојот рецепт погоре?
 
Ова е истото што и мојот рецепт погоре?
Ако мислиш на ова...
- 600 грама павлака за готвење (халта или хопла како и да ги викаат народски кажано)
- 1 лажичка ванила екстракт
- 6 жолчки од јајца
- пола чаша шеќер во прав
- 4 до 5 лажици обичен шеќер

Ставете ја павлаката во тавче заедно со екстрактот од ванила и тавчето ставете го на оган. Кога ке почне да проврива тргнете го веднаш од оганот. Во друг сад ставете ги жолчките и шеќерот во прав и матете ги со миксер се додека жолчките не почнат да побелуваат, тогаш пополека додавајте ја павлаката продолжувајки со мешање.

Крем брулето по традиција се служи во сад наречен рамекин. Тоа е порцелански сад кој дозволува во него и да се пече. Рамекини со идеална големина може да си купите во ДЛ Конкорд позади Броз кафе во Скопје или во Арт Глас на пластичарска улица. И се доста евтини помеѓу 50-70 денари.

Изматениот крем го ставаме во рамекините а потоа истите ги ставаме во тавче. Тавчето го полниме со врела вода да дојде до половина на ремекините (Овој метод се вика печење во бања). Така ги ставаме во фурна да се печат на 120 целзиусови степени околу 40 минути.
Прегледај го приврзокот 112210

Кога ке ги извадите оставете ги малце на собна температура да се оладат а потоа ставете ги во фрижидер да се стегнат. Најмалку 1 саат.
За да подготвите Крем Бруле исто така ќе ви треба и бренер за да го карамелизирате шеќерот на површина. Плински бренер како на сликата подоле може да купите од било кој пазар кај што продаваат алати. Постојат и специјални бренери за користење во кујна што се малце по мали со помал млаз на оган, меѓутоа користат нестандардни плински боци и се доста поскапи.
Прегледај го приврзокот 112209

После еден саат извадете ги Рамекините од фрижидер, поросете ја горната површина од кремот со тенок слој од обичниот шеќер.
Прегледај го приврзокот 112211

А потоа со бренерот карамелизирајте го шеќерот но внимавајте да не претерате. Шеќерот продолжи да се затемнува дури и од кога ке престанете да го горите. Затоа престанете некаде на половина од посакуваната боја на брулето.
Прегледај го приврзокот 112212
Откако ќе го изгорите шеќерот оставете го барем 10 минути да олади во фрижидер за да се стврдне шеќерот на површина. Така се добива на површината како стаклена шеќерна тврда кора што практично треба да ја скршите со лажичка пред да јадете. Така си направивте бруле за вашиот крем. Исто така доколку сакате пред некој гости да го направите горењето може да ја полеете површината на шеќерот со скоч и да го запалите да гори пред нив.
Прегледај го приврзокот 112213[DOUBLEPOST=1421656874][/DOUBLEPOST]п.с. рецептот ми е целосно украден од рецептите на петар :P

Не:)
 
Baguette

Оваа рецепта за багет е поедноставна и побрза. Во принцип секогаш за успешен багет треба да е меко тестото и да се премесува 4-6 пати или да се направи навечер за да стои во фрижидер цела ноќ. Такви рецепти има многу, па затоа за овде ја избрав брзата варијанта.
За да има крцкава кора, на долниот дел во фурната се става тенџере со врела вода да испарува.

Состојки:

400 гр. брашно
220 мл млака вода
2 лажици маслиново масло
1 лажичка мед
1/2 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 сув квасец

Се замесува меко, но не лепливо тесто и се остава околу еден час на топло за да стаса. Се премесува и се остава уште 20 минути.
Се дели на две тестото и се формираат багети ( обидете се да не го премесувате премногу ). Се става на хартија за печење и се пече на 200 степени, околу 40 минути. Пред да го извадите барем 5 минути, премачкајте го со маслиново масло, ептен мал слој.

DSC_0272.JPG

DSC_0289.JPG

Ми се излади кафето додека сликав. :D

Еве и благо за денес. Mousse

Состојки:

300 мл. слатка павлака
100 гр. маскапоне
200 гр. чоколадо ( јас користев едно млечно, друго страчатела)
боровинки

Изматете ја слатката павлака 1-2 минути и додадете го маскапонето, па продолжете да матете додека скроз не се згусне.
Чоколадите ( поединечно ) стопете ги во микро и додадете ги во слатката павлака додека матите пак. Јас ги додавав топли за да добијам помека смеса, инаку треба да ви се изладени за да добиете цврст мус. И тоа е тоа. :)

DSC_0221.JPG

DSC_0249.JPG
 
Рататуј. :D

Ова јадење го имаме подготвувано и во Кајгана готвач натпреварите. :DЈас го имам направено сигурно 3-4 пати. Многу е лесен, а вкусен. :D Состојките во секој случај може да варираат.

Најпрво исецкајте 2 главици кромид, 2 пиперки, 400 гр. тиквички, 1 модар патлиџан, 3 чешниња лук, (можете и компири, печурки...).
Потоа пропржете го кромидот, додајте го модриот патлиџан, лукот, пиперките и на крај тиквичките. Сосем на крај, додајте доматно пире, ловоров лист, сол, црн бибер и зачини по желба. Поклопете со капак и нека крчка на тивко 40тина минути. :D

ratatouille.jpg

А можете и реден зеленчук, па потоа потпечен. :D
351f42ed38a91df50bbbc349533582e8.jpg
 
Се надевам се заебаваш, глеам дека тој е скроз различен. Уште еден погоре го има рецептот за тарте татин :)
Извини, не сум видел, тогаш од телефон бев уклучен:)

Иначе..... Македонска кујна:love:

Македонската кујна изобилува со прекрасни Македноски јадења. Па едно од овие традиционални Македонски јадења е турли тавата.

2.jpg

500гр. свинско месо
1 црвен кромид
1 бел кромид
3 моркови
3 тиквици
1 парче целер
200гр. боранија
50 - 100гр. бамја
2 компира
2 патлиџани

Зеленчукотисецкајте го на коцки. На масло пропржете го кромидот и црвениот кромид, па додадете го морковот и целерот и уште малку пропржете. Потоа додадете го месото и пропржете малку да омекне. Додадете го останатиот зеленчук освен бамјата и доматите. На ова додадете малку вода и нека се прокрчка на тивок оган. Сега додадете ги доматите и бамјата, долијте со уште малку вода и оставете 15тина минути да прокрчка. Убаво зачинете и ставете се во земјена тава, покрите со фолија и печете 30 минути на 200 степени. Извадете ја фолијата и допечете уште 15тина мин.

:)
 
Срамота! Странските кујни ги величате, а ниеден Македонски рецепт не знаете:D

Викаат ако не правиш ајвар, значи не си Македонец.

Ајвар

40 кила пиперки
2-2,5л. зејтин
сол ( по желба)
3 лажици шеќер

Оваа е рецепт пример.... секоја куќа има свој рецепт за ајвар.

Подготовка:
Подготовката на сите ни е позната.... бришење на пиперките, печење, лупење, мелење, пржење.

1.jpg
 
@Sungerot Bob
Мислам дека не си во право околу ајварот
Кога бев мал не паметам дека сме јаделе ајвар. За зима се подготвуваа два вида туршија. Во дрвени буриња се оставаше - жива туршија од зелени пиперки и зелени патлиџани и кисела зелка. Покрај ова се користеа многу сушени пиперки и благи и лути.
Подготвувањето на ајварот започна некаде во 60 - тите години.
Според мене македонски специјалитети се чорби и пити.
На пример мазник:
tumblr_inline_mz8kanNvuK1rouyxy.jpg

http://sezahrana.tumblr.com/post/40350682778/maznik

Но јас повеќе бендисувам чорби,
Сега е сезона и еве рецепти за јагнешка чорба
http://www.zmurh.hr/2012/04/16/janjeca-corba/?lang=mk
 
Па и не би рекол дека ајварот е поново и нетрадиционално Македонско јадење. Можеби вие не сте го правеле, па и затоа така размислуваш.
Еве кај нас сеуште се тера таа традиција правење ајвар за зимница....... јас го правам, моите родители го правеле и прават, баба ми и дедо ми го правеле и го прават, мислам дека и прабаба ми и прадедо ми го правеле...., така да во тој круг гледаш само 200 години правење на ајварот, а чим бабите и дедовците го правеле и прават, тоа значи дека и они ја тераат традицијата од пред тоа:)
 
Макало

- 5 компири
- 10 суви везени пиперки
- 4 чешлиња лук
- сол
- зејтин

Компирите и везените пиперки се варат. Лукот се толчи со сол и кај него се додаваат варените компири и тие се разгмечуваат. Од сварените везени пиперки ја отстрануваме (колку што може) лушпата и ги додаваме истолчени во садот со лук и компири. Во истиот сад додаваме неколку лажици (читај 2-3) од водата во која се вареа пиперките (, но ако неќете и не мора). Зејтинот се загрева да стане врел и со него се поливаат лукот, компирите и пиперките. Се меша и макалото е готово.

1.jpg
 
Сега правам Лахмаџун, па ми текна на темава дека е за промена. Турска кујна.

За тестото:
1 брашно
1 квасец
450 мл вода
3 лажици маслиново
Сол
Шеќер

За филот:
500-600 мелено говедско месо
Зелена и црвена пиперка
Доматно пире
Кромид
Лук
Магдонос

Тестото замесете го сосема да е меко, не знам од сликата колку би се видело

image.jpg
И оставете го еден саат да стаса. Премесете и оставете го уште еден саат.

Од ова тесто јас направив 6, значи ги тегнете со рака корите да бидат тенки ( намерно краевите кај мене се подебели ) и нанесете од смесата со месо.

Печете ги веднаш на околу 220 степени околу 15 минути.

image.jpg

Се печат сега, нема финална слика :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom