Интернационални кујни [Грчка кујна]

  • Креатор на темата Креатор на темата CafeDelMar
  • Време на започнување Време на започнување
Многу се израдував дека сега ќе имаме турски рецепти
Има ли некој рецепт за прославената супа „ çorba çok, et yok “ или по “ нашки “ - чорба чок, месо јок
Овој рецепт наводно многу бил популарен по ахџилниците
Еве овде најдов еден рецепт
http://grid.mk/read/news/504447868/2041283/chorba-chok-meso-jok
но рецептот е со брокула и не верувам дека по ахџилниците се користела брокула
Дали некој има оргинален рецепт?
 
@Смрт за зони и пајак воз. за овој рецепт зборуваме?

Состојки:

1 кг јагнешко месо со коски
2 литри вода
2 лажици брашно
1 лажица путер
1 лажица зејтин
1 чаша јогурт
1 јајце
2 чешниња лук
1 чаша булгур
1 лажичка исцеден лимон
Сол и бибер

Подготовка:

Во водата стави го месото со коските да се всри околу еден час. Извади ги коските и исчисти го месото, па врсти го назад во водата да се вари.

Во тава на тивок оган стави го путерот, зејтинот и брашното полека да се пржат. Додади го и лукот да добие малку златна боја со брашното и полека во смесата истурај една чаша вода додека мешаш цело време за да не ти де направат грутки. Настрана измати го јајцето со лимоновиот сок и нека бидат на собна температура барем саат пред припремата за јајцето да не ти направи топчиња.

Тргни ја тавата и додади го јогуртот и изматеното јајце.
Оваа подготвена "супа", треба полека да ја додаваш кај чорбата со месото. Верувам знаеш како: со црпалката полека ќе истураш од смесата и ќе матиш со вилушка цело време за да избегнеш "конци" во чорбата. Зачини со сол и бибер по желба.

Булгурот треба да го свариш посебно и на крај само да го додадеш во чорбата.

Помогнав?
 
@CafeDelMar
Не....
Јас барам рецепт за чорба без месо
Се работи за јадење на сиромашните
На интернет не можев да најдам ништо под име на турски јазик çorba çok, et yok.
Можеби се работи за чорба која само на Балканот се правела во времето на Отоманската империја
Не заборавете дека во старите „ добри времиња “ имало периоди на глад, што денес кај нас нема, но сеуште има глад во многу земји
 
Баш ми е жал што не помогнав и што ова погоре е друга чорба.
Генерациски не знам дали некој би можел на форумов да помогне, освен да прашаш во Стара чаршија во локалот кај што припремаат дел од турска храна.
 
Мантии :jeeee:
Состојки
1 кг брашно
2 лажички сол
500 мл млака вода
500 гр мелено месо (мене ми беше многу па направив безглутенска пита)
2 главици кромид
Сол и бибер
1 шолја зејтин
Се замесува тестото и се дели на 4 топчиња. Се остава да одмори 30 мин. Секое топче се расукува се попрскува со масло и секоја страна се витка и прска со масло, за да се добие коцка. Коцката се сече на ленти па секоја лента на коцкичи. На секоја коцка се става од филот и секој крај се влече за да се затвори и формира топче. Месото се пропржува со главиците кромид и се додава сол и бибер. Јас ставив и малце јогурт.
DSC_0048.JPG
Се редат во тава и од горе се премачкуваат со растопен маргарин
DSC_0049.JPG
Се пече на 250 степени додека заруменат :pipi:
DSC_0050.JPG
Безглутенските
IMG_20150315_125310.JPG
 
Последно уредено од модератор:
Баклава со Ф’стаци


Потребни состојки:

500 гр. шеќер
8 лажици шеќер
50 гр. мед
250 мл. вода
2 лажички мелен цимет
150 гр. исчистени фстаци
50 гр. путер
1 пакување кори

Начин на подготовка:

Во поголем сад се става шеќер, мед и цимет и се готви на средна температура со постојано мешање, се додека целосно не се растопи шеќерот, а потоа сирупот се остава да се излади.

Во блендер се ставаат 2 лажици шеќер и фстаците и миксирајте ја смесата се додека фстаците целосно не се издробат. Потоа додадете 6 лажици шеќер и промешајте. Растопете го путерот.

Рерната се загрева на 180 степени и со зејтин се намрсува тавата за печење. Ставете една кора, па намачкајте ја со зејтин и посипете ја со една лажичка од смесата со фрстаци.

Постапката повторувајте ја се додека не ги потрошите корите и смесата со фстаци.

Со остар нож исечете ја баклавата на ромбови и печете ја на температура од 180 степени околу еден час.

Откако баклавата ќе се испече, се вади од рерната и врз неа рамномерно се истура претходно подготвениот сируп.

Оставете сирупот да се впие околу 2 часа, па послужете.

Добар апетит! ;) Рецептот го презедов од интернет ама е ист со тој од комшивката :D

Еве љиѓе да ви потечат :D
baklava2.jpg
 
Домашни лепиња со ќебапи

За да ви заштедам време од скролање, еве ја директно рецептата за питите: http://moirecepti.mk/post/пита-леб/

Еве како излегоа кај мене:

image.jpg

За ќебапите:

500 грама телешко месо ( замена за јагнешко )
1 кромид
1 голема црвена пиперка
1 чешне лук
1/8 лажичка кумин
Тазе мелен црн бибер
Магдонос
Сол и зејтин

Смесата пригответе ја 12 часа претходно и оставете ја во фрижидер. Најдобро е на скара ама и пржени ќе поминат.
Јас комбинирав со павлака и рендани свежи краставици.

image.jpg


image.jpg
 
Еве едно видео за правење баклава, кое со задоволство го гледав.
Прва работа што ќе си набавам кога ќе дојдам у МК е сукаало, од тие долгите. Освен сукањето, уште поимпресивно ми е сечењето. Мјка ми така ја сече, да биде кака ѕвезда.

 
Za podobro da bide isecena baklavata se koristi noz so zapci :-) rebrast :-)
 
Многу сте летаргични! Ај да се обидеме и со Грција.

top_intro_pic_greek.jpg
 
200 грама домати ( малечки cherry )
1 лажичка шеќер
1/2 лажичка сол
1 лажичка балсамико оцет
1 лажичка маслиново масло или неколку сецкани маслинки
Магдонос и босилок
Едно поголемо резне диња

Доматите се сецкаат на пола или четвртинки, се става шеќерот, солта и балсамикото и се остава еден саат да се маринираат повремено мешајќи ги за да примат поубаво.
Се префрлаат во тањир иим се додаваат останатите состојки, салатата е готова. :)
Да не знаеш кај се продава крем балсамико?
 
Локомадес (познатите грчки Крофни:D)

4 чаши брашно
700мл. топла вода
1 јајце
1 квасец
2 лажици шеќер
пола лажиче сол
сок од пола лимон
кора од лимон
1 лажиче ракија
За прелив:
120мл. вода
120гр. шеќер
120мл. мед

За посипување:
цимет
ситно сечкани ореви, лешници или фстаци


Во еден сад ставете ги квасецот и 200мл. топла вода и мешајте. Кога ќе се подрастопи квасецот додадете ги солта, шеќерот и 1 мало лажиче брашно, и мешајте. Потоа додадете го остатокот
топла вода, јајцето, кората и сокот од лимон, ракијата и повторно мешајте, пополека додавајќи го остатокот од брашното. Кога ќе се добие смесата/тестото, покријте го садот и причекајте околу еден саат на собна температура да скисне/порасне тестото.

Потоа почнете да го приготвувате преливот. Ставете едно тенџере на оган и ставете ја прво водата, па шеќерот и медот, одеднаш сите заедно да се сварат.

Кога ќе стаса тестото, ставете зејтин во посебен сад на оган. Со мокра лажица ставајте едно по едно топче и пржете ги. Кога ќе се оладат крофните и кога ќе се олади преливот полијте ги одозгора и посипете со цимет и со ореви/фстаци/лешници.

lukumades-550.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom