Интернационални кујни [Грчка кујна]

  • Креатор на темата Креатор на темата CafeDelMar
  • Време на започнување Време на започнување

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Локација
Во земјата на магијата
Се мислев дека е добро да има една тема, каде што ќе се менуваат ( пример на месечно ниво ) различни интернационални кујни. Па би било убаво ако имате испробано рецепти, со или без слика, или рецепти кои ви се желба да ги вкусите, да ги споделувате овде. Таман ќе се зголеми бројката на јадења кои можеби не сме ги ни знаеле.

Ја избрав прва италијанската, од причина што има најголем избор за рецепти, кои и често се јадат кај нас.

4000b.jpg


Koj e вашиот омилен рецепт?

* Ќе ве замолам темава да не ја терате кон играчница, значи одговорите да содржат рецепти.
 
Зошто вака ми правиш, сега ќе треба да си правам макарони, шпагети или пица.
 
Ако за нешто ги бива Жабариве, тоа е дефинитивно за јадењето. Пица, Паста, Панцероти, Њочи... абе милина :pipi:
 
Toртелини со кашкавал и бел сос

Потребни состојки за двајца:
-1 пакетче тортелини (остајте шо на задната страна пишува дека се за 4ца - лажат :icon_lol: )

За сос:
- 3 лажици брашно,
- 200 гр. сланина/свински врат
- 150 мл. млеко
- 250-300 мл. кисела павлака
- 3 зденки
- 200 гр кашкавал
- оригано
- вегета
- сол
- масло за јадење

Подготовка:
Во длабок сад ставете вода, сол и масло за јадење да зоврие. Потоа истурете ги тортелините и варете на тивок оган 30-40 минути. 10 минути пред да бидат готови тортелините почнете со подготовка на сосот. Во длабока тава ставете масло за јадење, сланината/вратот исецкајте ја/го на ситни коцки и пропржете на загреаното масло. Откако ќе зарумени додајте го брашното да се пропржи и да добие златна боја. Потоа ставете го млекото. Кога ќе се згусне додадете ја павлаката и мешајте постојано да не загори. Доколку е премногу густ сосот додадете уште малку млеко. Ставете оригано, сол, вегета. Тргнете ја тавата од оган и после 3-4 минути ставете ги исецканите зденки. Откако тортелините ќе се сварат, исцедете ги и ставете ги во чинија, па врз нив од сосот и на крај рендан кашкавал. За комплетно задоволство напијте се чаша/две/три црвено вино.
Еве како тоа изглеа, иако фоткава не е баш нај нај
10395803_10204745512867840_6590914642587289012_n.jpg
 
Потпечени - гратинирани макарони
Еве рецепт
http://moirecepti.mk/post/гратинирани-макарони/
Овде ќе напоменам дека овој рецепт е со сирење, но јас сум ги правел и со мелено месо ( меленото месо претходно се пржи со кромид како за мусака ).
Секогаш вкусно јадење кое посебно е погодно ако ненадејно Ви дојдат гости, а немате со што да ги послужите
 
Па имам доста роднини во Италија, кои се таму по 10-20-30 години и кога доаѓаат на гости во мк секогаш, ама секогаш мора да зготват макарони. Никад не прашувам коа се прават, само чекам да викнат на маса да се најдам и уживам во вкусот, поразлични се од оние на мајка ми. Италијанците се мајстори за тестнините, добро познато ни е тоа.

Во продолжени оставам еден интересен рецепт од Италијански пирошки, кој случајно го најдов на нет додека барав нешто за италијанската кујна пред некој месец.

Предлог: Кујната да ја менуваме на 2 недели :) Поактивна да биде темава, месец дена е многу, само првите денови од поставувањето на кујната ќе бидат активни.
 
Не сум некој голем љубител на италијанската кујна, но имаат некој јадења кои ми се свиѓаат, на пример како што е пицата..................., а и еден исто така добар рецепт кој припаѓа на италијанската кујна.

Шпагети пица

500гр. шпагети
200гр. шунка (може и милено месо пропржено со кромид)
200гр. печурки
200гр. кашкавал
50гр. маргарин
1 јајце
1 павлака
кечап
презла
оригано

Шпагетите се ставаат да се сварат во тенџере со вода.Тепсијата се премачкува со маргаринот и се наросува со малку презла. Печурките се сечкаат ситно и се мешаат заедно со кечапот и ориганото.
Шунката и кашкавалот се рендаат.
Шпагетите се распоредуваат во тепсијата, врз нив се истура сосот од кечап, печурки и оригано и тепсијата се става во рерна 5 минути. За тоа време јајцето и павлаката се матат. Тепсијата се вади од рерна и одозгора се ставаат шунката, дел од кашкавалот, па се прелева со јајцето и павлаката и повторно одозгора ставаме малку од останатиот кашкавал. Ова оди во рерна и за некои 20-30 минути јадењето е готово.

spaghetti_pizza.jpg


:)
 
Шпагети со зденка и кулен

Состојки:


Шпагети ( количната зависи за колку луѓе е, во просек 120-150 грама по човек )
200 мл неутрална павлака
Кулен, а може и комбинација кулен со врат околу 150 грама вкупно
2 лажици павлака со помала масленост
Зденки ( барем 4 )
Сирење по желба
Зачини исто по желба

Од причина што рецептот ми е измислен, количната може и вие да си ја прилагодите.

Припрема:

DSC_1025.JPG DSC_1026.JPGDSC_1027.JPG

Во исто време варете ги шпагетите и припремајте го сосот. Исецканиот кулен ( и врат ) ставете ги да се пржат на тивко, со сосема малку зејтин. Кога ќе почнат да се вцрвуваат, ставете сирење ( немојте кашкавал затоа што доаѓа многу мрсно и од зденката ), зденки и павлака и промешајте на кратко. На крај ставете ја неутралната павлака и одприлика 5 минути мешајте додека не ја добие густината. Можете уште 5 минути да продолжите со исклучен шпорет.
Премногу едноставен сос, а преубав.

Еве ги на крај:

DSC_1032.JPG
 
Италијански лазањи

Се загрева зејтин во тенџере, се додава 1 исецкан кромид. Потоа 2 чешниња лук. Може да се стави малку црвено или бело вино. Потоа 500 гр. мелено месо, заедно со зачини и сол. Откатко малку ќе се пропржи се додава 500 мл. доматно пире и се остава да крчка нешто повеќе од половина час.
Во друго тенџере подгответе го бешамел сосот. Оставете да се растопи 150 гр. маргарин, додадете 5 лажици брашно. Полека долевајте уште 1л. млеко. Повремено мешајте 15-20 минути, додека да се згусне. На крај додадете малку морско оревче и бибер.
Во тавче за печење намачкајте зејтин, редете ред лазаљи - ред бешамел сос - ред болоњезе сос - ред рендан кашкавал, така сè додека имате материјал. Со тоа што на последниот ред лазањи, ставете само бешамел сос и кашкавал.
IMG_0012.jpg
 
Polenta Parmigiana
Потребни состојки:

Зејтин за подмачкување на тавчето
200 г палента
200 г бело брашно
4 лажички прашак за пециво
85 г рендан пармезан
2 јајца
400 мл млеко
55 г путер
1 везичка млад кромид, ситно исецкан
Подготовка
Се загрева рерната на 190 степени. Се подмачкува со зејтин тавче 23ка.
Во сад се мешаат палентата, брашното, прашакот за пециво, бибер по вкус и 55 грама од пармезанот.
Јајцата се матат, се додаваат на сувите состојки и се меша додека смесата не биде еднаква.
Се додава исецканиот млад кромид и потоа смесата се истура во подмачканото тавче.
Преостанатиот пармезан се наросува врз тестото.
Се пече во загреана рерна околу 30-35 минути, или додека не се стврдне и добие златеста боја. Се сече на коцкички (или било каква креативна форма) и се сервира додека е сѐ уште топло.
Слика из домаче радње
PGozfk1.jpg
 
Грапа е италијански пијалок кој најмногу наликува на ракија. Има бела и жолта грапа:
e690-castel-giocondo-grappa-di-brunello-marchesi-di-frescobaldi.jpg


10-MARZ1a.jpg


Се служи со пред јадење. Пример со капрезе, најбосата италијанска салата (пари за оваа не давајте):
Доматите исечете ги на кругови. Исто и моцарелата исечете ја на листови.Наредете ги скалесто круговите домати и моцатела, а помегу нив вметенете по еден свеж лист босилек. Во средина исто наредете ги остатокот од состојките и декорирајте со маслинките. Вака наредената салата посолете ја нанесете маслиново масло и наросете ја со малку оригано.

190.jpg


Во вакви чаши:
grappa1.jpg
 
Ова ми изгледа вкусно. :D

Пица ролат
off.net.mk-12230.jpg


Состојки
7 готови кори
2 јајца
1 кисела павлака
200 гр. шунка
250 гр. кашкавал
250 гр. печурки
2 дл. кечап
1 лажица масло
сол и
оригано

Изрендајте го ситно кашкавалот и шунката. Печурките пропржете ги на среден оган во тавче со една лажица масло и зачинете ги со сол. Поставете ја првата готова кора и оставете ја празна. Врз неа поставете ја втората кора и врз неа намачкајте половина од кечапот и посолете со малку оригано.
Поклопете ја третата кора и врз неа изронете го половина од ренданиот кашкавал.
1.jpg
Врз неа поставете ја четвртата кора и распределете ја целата шунка рамномерно. Измешајте ги јајцата со павлаката и две третини од смесата намачкајте ги врз петтата кора. Врз шестата кора распределете ги печурките. Поставете ја последната седма кора и намачкајте ја со останатата половина од кечапот и половината од кашкавалот.
2.jpg
Замотајте ги корите во ролат. Поставете го ролатот во тавче намачкано со малку масло и обложено со хартија за печење. Намачкајте го ролатот со остатокот од смесата со јајце и павлака, посолете го со оригано и печете го во загреана рерна 30 минути на 200 степени.
3.jpg
off.net.mk-12234.jpg
 
Песто сос

свеж босилок околу 50 грама
4 лажици мелени ореви
1 парче лук
4 лажици пармезан рендан
100 мл. маслиново масло

fe392f78a62c6fc460cf8c2a182b395f.jpg


* Сликата е од интернет за да личи :)

Ставете ги сите состојки во блендер, освен маслото, него треба постепено да го додавате. Кога ќе добиете хомогена смеса, готов е. Чувајте го во тегличка во фрижидер ( време колку смее да стои не знам да ви кажам, не се задржал подолго од една недела ).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom