Еве од каде црпат инспирација, не се тие криви!
Наместо мораториум, главна тема меѓуетничките односи, по десетина години од конфликтот повторно се на маса.
Тачи смета дека Рамковниот е мртов договор и дека е неопходен нов меѓу Mакедонците и Aлбанците, по кој земјава наместо мултиетничка, би била некој вид федерација.
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски уште порадикален, како единствено трајно решение ја нуди поделбата.
„Ако погледнете во сржта излага дека сите идентитети се незадоволни со оваа држава. Секој заради свои причини. Една држава што лебди, не е негде меѓу сосема спротивставени соништа, етнички, тој македонскиот и албанскиот. Многу тешко е да функционира, ако вие не изнајдете начин, за да ги сплотите нив по неколку основи“, изјави Ким Мехмети.
„На Тачи изјавите не би ги коментирал, мислам дека станува се понесериозен во своите изјави, а коментарите на Љубчо Георгиевски не се ништо ново, меѓутоа во крајна линија кога би бил циничен до крај, можам да кажам што очекувате од човек кој што може да земе и туѓо државјанство, а да биде претседател на Р. Македонија, не очекувам ништо сериозно ни од него“, рече Јован Донев.
Енциклопедијата, одлуката првачињата да учат македонски од прво и проектот Скопје 2014, беа последните настани кои го предизвикаа револтот на албанците.
„Војни тука ќе нема, но јас мислам дека албанците се на прагот на таа нивна одлука, едноставно да речат доста беше веќе со овие државни институции ништо не се решава и дајте да најдеме друга формула“, Ким Мехмети.
Донев, вината за состојбата ја гледа во територијалната поделба од 2004-та.
„Општина Центар беше мулти етничка општина ја направивме доминантно македонска. Го тргнавме Бутел од општина Чаир што беше мулти етничка општина ја направивме доминантно албанска. Тие што тогаш од не знам какви причини го донесоа тој закон, сега нормално е да ги прашате нив. Ние што тогаш баравме мулти етничност, сега нас не обвинуваат дека сме националисти“, додаде Донев.
Наместо обединувачки, Камениот мост во последниве децении стана симбол на сегрегацијата помеѓу македонците и албанците и едните и другите се поретко поминуваат на другата страна кој условно не ја чувствуваат како своја.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120069
Не знам до кога ќе се толерираат будаливе и кој е нај безболниот начин за нивно „санкционирање“ !?