Интересни факти за љубовта

  • Креатор на темата Креатор на темата Николина
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 август 2010
Мислења
5.509
Поени од реакции
5.821
Љубовта претставува најголема светлина во животот на луѓето. Секој од нас знае дека таа го зголемува квалитетот на нашето постоење. Ако сè уште меѓу вас постојат такви кои не веруваат во ова, прочитајте ги следниве интересни научни факти за љубовта, кои ја докажуваат оваа теорија.

1-Ljubovta-e-neshto-magichno...-www.kafepauza.mk_.jpg


-Најстарата љубовна песна е напишана пред 4.000 години, а потекнува од областа помеѓу реките Тигар и Еуфрат.
-Заљубувањето предизвикува смирувачки ефекти на телото и умот, помага во обновување на нервниот систем и ја подобрува меморијата на личноста која е заљубена.
-65% од луѓето кога се бакнуваат ја навалуваат главата на десно, за да го избегнат удирањето со носовите.
-На секоја петта долготрајна љубовна врска, двајцата партнери кога ја започнале, истовремено биле и со друг/друга.
-Жените кои читаат љубовни романи имаат два пати повеќе секс, од оние кои не читаат.
-Човекот во просек поминува околу 2 недели од животот во бакнување.
-Секојдневно во светот се случуваат околу 120 милиони сексуални односи.
-Силното чувство на заљубеност може да предизвика исто ниво на стрес, како кога чувствуваме голем страв. Телото реагира на ист начин: зениците се прошируваат, дланките се потат и срцето почнува побрзо да чука.
-Според неодамнешно истражување, меѓународниот аеродром во Филаделфија, е прогласен за аеродром број 1 според тоа колку љубовни конекции се создале таму.
-Мажите кои наутро ги бакнуваат нивните жени, живеат 5 години подолго од оние кои не го прават тоа.
-Откриено е дека 85% од мажите кои умреле од срцев удар во текот на сексуалниот однос со нивната сопруга, имале афери со други жени.
-Традицијата момчето да и стави дијамантски прстен на својата девојка на денот кога ќе ја запроси, потекнува од 15 век, кога Аркдјук Максимилијан од Австрија, и дал прстен со дијаманти на својата свршеница Мери од областа Бургундија.
-Луѓето кои се тазе вљубени лачат помало ниво од хормонот серотонин. Нивото е толку ниско, како кај луѓето кои имаат опсесивно–компулсивно нарушување. Можеби тоа е причината зошто луѓето лесно се опседнуваат со луѓето во кои се заљубени.
-Брадата кај мажите расте побрзо, ако претчувствуваат дека набргу ќе имаат секс.
-Според математичката теорија, треба да се забавуваме со околу 12 луѓе, пред да избереме партнер за долга врска, бидејќи на тој начин шансите се големи дека ќе го направиме најдобриот можен избор.
 
article-0-0229801800000578-96_468x308.jpg


Вечерва прочитав една току добра мудрост.
Кога мразот се топи, реката побрзо оди кон саканата насока....

И ова погоре е добро, но ова второто ми беше упатено на некој начин мене, и ми ја стопли душата. Време е да го стопиме мразот... а другото, само ќе дојде...
 
Не глеам шо требаше да биде интересно у фактиве... Безвезе се..
 
Човекот во просек поминува околу 2 недели од животот во бакнување.
...... БИ САКАЛА ДА ГО СОБОРАМ СВЕТСКИОТ РЕКОРД .....

Мажите кои наутро ги бакнуваат нивните жени, живеат 5 години подолго од оние кои не го прават тоа.
..... ЌЕ СЕ БАКНУВАМЕ ....

Луѓето кои се тазе вљубени лачат помало ниво од хормонот серотонин. Нивото е толку ниско, како кај луѓето кои имаат опсесивно–компулсивно нарушување. Можеби тоа е причината зошто луѓето лесно се опседнуваат со луѓето во кои се заљубени.
..... СЕРОТОНИНОТ Е ХОРМОН НА СРЕЌА ..... ИМА ЛОГИКА ВО ОВА ТВРДЕЊЕ ... ЗАТОА ЈАС СИ ВНЕСУВАМ СЕРОТОНИН ВО ВЕШТАЧКИ ОБЛИК ... ЗА ДА НЕ ЛЕТАМ ВО ОБЛАЦИ МНОГУ МНОГУ

Според математичката теорија, треба да се забавуваме со околу 12 луѓе, пред да избереме партнер за долга врска, бидејќи на тој начин шансите се големи дека ќе го направиме најдобриот можен избор.
.... ДИСКУТАБИЛНО ....
 
интересна работа ова со романите од сега женсками ке ја терам повеке да чита...!
 
Ах љубов : )
 
Сакате да знаете што се крие во главата на модерниот маж и модерната жена во врска со сексот, љубовта и врските? Машкиот веб сајт AskMen и женското списание Cosmopolitan спроведоа темелно истражување со десетици илјади учесници и го констатираа следново:

  • Секс во тројка е омилена сексуална фантазија и на мажите и на жените.
  • 47% од мажите би ја откачиле својата девојка ако таа стане дебела, а само 20% од жените би го сториле истото ако се здебели нивниот партнер.
  • Кога станува збор за карактерот, на мажите им е најважно партнерката да им биде верна, а на жените им е подеднакво важно партнерот да биде верен и грижлив.
  • На 73% од жените и 85% од мажите не би им сметало ако заработуваат помалку од партнерот/ката.
  • Кога биле запрашани дали би изневериле ако се сигурни дека партнерот/ката нема да дознае, 87% од жените и 72% од мажите одговориле дека не би изневериле.
  • Најголем дел од мажите и жените се донекаде задоволни од својот сексуален живот, но сметаат дека има простор за подобрување.
  • 78% од мажите и 80% од жените сметаат дека за здрав сексуален живот паровите треба да имаат секс по неколку пати неделно.
  • 37% од жените и 49% од мажите имаат излажано за бројот на сексуални партнери.
  • 65% од мажите си имаат фантазирано за пријателка на својата девојка (28% го прават тоа редовно), а само 33% од жените го прават истото (7% редовно).
  • 54% од жените и дури 30% од мажите имаат одглумено оргазам.
  • 55% од мажите сметаат дека можат да познаат кога нивната партнерка глуми врвно задоволство.
  • 50% од мажите би си го зголемиле пенисот ако имаат можност.
  • 78% од жените не би ја промениле големината на пенисот на својот партнер и само 19% би сакале да е поголем.
И за крај, мажите би оцениле една жена како сексуално промискуитетна ако има спиено со повеќе од 10 мажи. Од друга страна, жените би ставиле еден маж во категоријата „машка к***а“ ако има спиено со повеќе од 20 жени и сметаат дека една жена се смета за промискуитетна ако има спиено со над 20 мажи.
„Кавалерството не е мртво, големината е важна, жените простуваат, додека мажите забораваат“ – ова се зборовите со кои Џејмс Базил ги опиша накратко резултатите од истражувањето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom