Инспектори егзекутори

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување

Xibalba

Господин Господин
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.104
Поени од реакции
11.523
Локација
Sydney
Инспектори егзекутори

Инспекторите казнуваат селективно, со големи казни и ги затвораат малите продавници кои не можат да заработат за да ја исплатат казната. Во последните месеци активни се даночниците, пазарната инспекција, таа за храна. Се пишуваат казни и се затвораат фирми. Ваквиот пристап на инспекциските служби го потврдува поранешен инспектор, пензиониран пред една година.
“Се утврдува кои фирми треба да се посетат и кои да се казнат“- изјави Миле Бошевски, пензиониран инспектор.

Бошевски е дел од истражувањето на невладината АГТИС кои неколку години истражувале колкави казни пишувале инспекторите последните неколку години и каква е оправданоста.
“Сите стопанственици признаваат дека им се пишуваат казни без основа. Ако е така зошто тогаш да исполнуваме услови за работа“ - изјави Александар Цветковски, АГТИС.

Според пресметките од истражувањето државата месечно од казните собира и до осум милиони евра. Се казнува за неиздавање фискални сметки, непочитување на работно време, но и за незначајни или непостоечки прекршувања на законот.
“Се измислувале суми и до три, пет или десет пати поголеми“ - изјави Миле Бошевски.

Потоа сопствениците имаат право да отворат управни постапки, но поминуваат три до пет години додека докажат дека не направиле грешка. Но поголемиот дел, според инспекторите, не поминуваат на второстепена комисија.

“Има многу нелогични закони, многу толкувања и сето тоа ја комплицира ситуацијата“- изјави Александар Цветковски.

Од пред извесно време со измените во Законот за инспекциски надзор се формираше Совет за координација на сите инспекторати, раководен од директорот на царина Ванчо Каргов. Тој за АЛФА изјави дека веќе заминува во Холандија на семинар токму за инспекции и нивна координација. По враќањето ќе зборувал за работата на инспекторите и за начинот како ќе се промени инспекцискиот надзор во стопанството.
 
70 % ОД ова се е вистина (y)

На сестра ми и го затворија дуќанот поради 30 денари што имала повеќе во каса ( не била точна фискалната со касата ):mad: Абе ајде кај што и го затворија па дури и казна доби (n) А до нејзе има еден кафиќ каде што отишле од испекција и газдата ги избркал
( а газдата на кафиќот е близок со БЦ :tapp: ) Ебати тоа државата умрена све со врски правда ма која правда ако имаш пари ќе ја имаш правдата (n)
 
70 % ОД ова се е вистина (y)

100% е вистина, скоро и да нема човек во државата што не го искусил на своја кожа или на кожа на некој близок.
Ама арач мора да се собира 24/7.
 
Нек си останит таму заедно со се инспекторите.
 
Потоа сопствениците имаат право да отворат управни постапки, но поминуваат три до пет години додека докажат дека не направиле грешка. Но поголемиот дел, според инспекторите, не поминуваат на второстепена комисија.
Една работа, значи зборувам за еден мал стопанственик, три години се потребни да се работи само да се врати казната кога ќе ги одземеш сите тековни трошоци и даноци + секако, реинвестирањето во асортиман.
Втора работа, управна постапка против кого? Против државата која е ненаситна ламја за пари?

Попрво ќе пропадниш, а и државата го знае тоа.
 
Државата плаќа службеници за да те тужат и судат и тоа со твоите пари. Од друга страна си ти, пак со своите пари треба да платиш адвокати да те бранат од тие службеници. Тоа ти е lose/lose ситуација.
 
ФЕУДАЛИЗАМ .... почни да се навикнуваш или побарај го Робин Худ за да му се придружиш;)
 
Еј семинар за координација на инспекции. Ќе дупи курви таму по Амстердам :icon_lol:.
 
70 % ОД ова се е вистина (y)

На сестра ми и го затворија дуќанот поради 30 денари што имала повеќе во каса ( не била точна фискалната со касата ):mad: Абе ајде кај што и го затворија па дури и казна доби (n) А до нејзе има еден кафиќ каде што отишле од испекција и газдата ги избркал
( а газдата на кафиќот е близок со БЦ :tapp: ) Ебати тоа државата умрена све со врски правда ма која правда ако имаш пари ќе ја имаш правдата (n)
Кога ова се случувало? Пред да седне на власт ВМРО?
Ако е после седнувањето на ВМРО ондак пружаш алишта од лажење. Баш дуќаните што се „блиски“ со СДСМ или според тебе таканаречениот БЦ (а треба да го викаш Godfather BC) се на key-метата.
 
За инспекции и казни да не почнам да зборам... Дисконтот на тетка ми пред една недела го казнија 42.000 ЕВРА затоа што во 2008 и 2009 година имале изгубено 5 фактури за прием и излез на роба. Им правеле ревизија за последните 5 години и го утврдиле ова со фактурите, а јас пак прв слушам инспекција да проверува 5 години наназад како се работело во една фирма. И пази, сето ова се случи три дена откако пазарна инспекција ги казни 2500 евра затоа што имале 10 денари повеќе пари во каса.

Нели е ова жално? После некој ќе ми каже не е селективно казнувањето, оди бегај бе... Зошто не отидат инспекториве во Тетово, Гостивар, Дебар и сите оние места каде што има доминантно албанско население? Затоа што им е страв таму да се појават, албанецот одма пука, не ебава 2 посто...
 
70 % ОД ова се е вистина (y)

На сестра ми и го затворија дуќанот поради 30 денари што имала повеќе во каса ( не била точна фискалната со касата ):mad: Абе ајде кај што и го затворија па дури и казна доби (n) А до нејзе има еден кафиќ каде што отишле од испекција и газдата ги избркал
( а газдата на кафиќот е близок со БЦ :tapp: ) Ебати тоа државата умрена све со врски правда ма која правда ако имаш пари ќе ја имаш правдата (n)
А зошто имала повеќе.И може кога сака да се преброи за да нема мањак или вишок,ама така е нема кој да оговара и пие кафе
 
Државата плаќа службеници за да те тужат и судат и тоа со твоите пари. Од друга страна си ти, пак со своите пари треба да платиш адвокати да те бранат од тие службеници. Тоа ти е lose/lose ситуација.
глуп,прост,слеп народ,се согласуваме со бесмислени закони ........ова е систематска хајка против народот која мора да запри.....замисли : плаќаш даноци,го полниш буџетот,власта функционира за да те казни,а не поможи/предупреди и посочи на грешките

сепак СЕ е до менталитетот на народот.....
 
Спасот е во молотовите коктели, фрлени во вистински момент на вистинско место...

Нека се соберат сите казнати, на протест, барање за смалување, поништување и ревизија на зконите, во спротивно fire in the hole....друг начин нема да се справиш со бандава лоповска!
 
глуп,прост,слеп народ,се согласуваме со бесмислени закони ........ова е систематска хајка против народот која мора да запри.....замисли : плаќаш даноци,го полниш буџетот,власта функционира за да те казни,а не поможи/предупреди и посочи на грешките

сепак СЕ е до менталитетот на народот.....

Ништо не правиме се' дури не влезе булдожерот во влада и собрание.
--- надополнето: 10 јули 2012 во 23:08 ---
А зошто имала повеќе.И може кога сака да се преброи за да нема мањак или вишок,ама така е нема кој да оговара и пие кафе

А во твојта фирма секогаш до денар ти е точно каса/кеш?
 
А зошто имала повеќе.И може кога сака да се преброи за да нема мањак или вишок,ама така е нема кој да оговара и пие кафе
Затоа што се случува да се направи грешка и да се биде вишок или мањак :) каде и да отидеш во која било продавница ќе видиш дека нема некој кој е 100 % точен (n) а и сестра ми не била на смена нејзина е продавницата :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom