Insomnia

  • Креатор на темата Креатор на темата nj9x
  • Време на започнување Време на започнување
Мелатонин!

Супер работа. Не е дрога, не предизвикува зависност, хормон кој го има во твоето тело (после секс, умора и сл.) и можеш да го консумираш без никакви последици!

Си купив и раат сум од insomnia :)

da,samo sto melatonin e najcesto za luge posle 65 god
 
Баш напротив. Мелатонинот е за луѓе кои работат во три смени, па имаат проблеми со привикнување.
Тоа е за луѓе кои патуваат во различни временски зони (Jet-lag)!

Луѓе кои патат од анксиозност (Интраверти - различно од интровертен) и премногу размислуваат пред спиење и/или кројат планови за другиот ден/недела/месец/година :) и сл
 
Би можел ли некој да ми препорача некои ефективни апчиња за спиење,затоа што во последно време страдам од несоница.И да ме информира дали се земаат на рецепт,што како иде :).
Фала однапред
1. Fluzepam 2.Trazem 3. Sanval или Lunata

Со тоа што моја препорака ти е да пробаш со Луната (Алкалоид) 5мг, која за разлика од првиве два (кои се по-моќни хипнотици) е полесна. Опасноста од развивање толеранција и зависност од лекот е помала во однос на сите други хипнотици, има период на ослободување 8часа и утрото се будиш наспан спремен да го започнеш денот без да ти текне дека си испил апче за смирување. :) За разлика од Флузепамот да речеме, кој мене лично ме комираше, и од кога одвај ќе успеев да се разбудам имав чувство дека чекорам по месечината... но тој пак делува онаму каде Лунатата неможе да помогне.

@Manga - Диазепамот е седатив од фамилијата бензодиазепини и не помага при инсомниа. Може да ти ги потенцира мислите, да те фокусира на проблемите или дневните случувања и ништо од спиење =) Се разбира зборам за умерени дози, не коњски терапии кои буткаат во стоун.
поздрав
 
А шо ке ти е брат сон ко никој во него среќа не видел?
 
Најдобро советувај се со лекарот нека те прегледа нека ти го слушне срцето, ако е се во ред тогаш тој ќе ти даде на рецепт се што ти треба, матичниот лекар денес ти е повеќе од достапен, па наместо да мислиш кои од горенаведените лекови би одговарале за тебе препушти го тоа на лекарот, ма да скоро сите што ги напишале погоре одат на рецепт..ПОЗДРАВ
 
Кои доктори би ги препорачале за консултација за несоница? Бев кај Весна Дамјановска и Зора Митиќ, и сташно се разочарав како се „лекуваат“ луѓето со сериозни проблеми кај нас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom