Инсајдер

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
А од што ќе сними HD? На МаксТВ Телма е SD (снимката мислам му е поправена на другите епизоди)
Да повеќето што снимаат пиратски од наши телевизии снимаат од MaxTv стримовите преку VLC плеерот и тие стримови се лоши единствено само МРТ 1 на MaxTv Go е HD.

Серијата мене ми е тотално негледлива, одвај изгледав 3-4 епизоди. Натрупана со случувањата па немаш време да се сконцентрираш на нешто, чудно снимање на кадрите кога зумираат, нема атмосфера па сета работа на печатениот медиум да изгледа како да се работи за побогата фирма т.е нема статисти и многу е празно.
 
Се качи оценката на 4. Што е прилично добар успех. Инаку форматот го зезнале, не можеш за пола саат да се врзеш со ликовите. Спас е у гледање на сите епизоди одеднаш. Или барем сите од неделата.
 
Ќе чекам нека завршат повеќе епизоди или цела сезона премиерно на Телма па ќе ја гледам ако воопшто ја има на интернет во подобра снимка од онаа во кој е сега прикачена на Јутјуб.
 
Епизодата од вчера "ќотекот не е од рајот" дали не ја дадоа до крај или само мене ми се чини дека не беше довршена?

Некаква разврска на сторијата со тепањето требаше да има, во најмала рака да се прикаже каков ефект има објавата.... исто така да се разреши дефинитивно што е што, кој лаже, кој тепа и на крај некакви последици да предизвика за засегнатите ликови од сторијата со тепањето.

Вака како што беше ми е скроз недовршено.

Sent from my SM-G920F using Tapatalk
 
И? Пишуе негде дека мора да се разреши? Ова е доказ дека 30 минути е прекратко па мора во две епизоди :)
 
Па така некако. Иако мислев да прашам дали епизодата комплетно е прикажана. Поише од пола епизода беа што било и што следи сцени.

А иначе 30 мин се повеќе од доволно за завршување приказна. Глеј ги Биг бенг теорија што прават со 20 мин....

Sent from my SM-G920F using Tapatalk
 
Комедија е сосема друг жанр. Со други правила. Ова е драма. Ако веќе даваш примери - дај некој за успешна драма со траење од пола саат.
 
Драма од 28 минути, во кои 3-4 минути се што се дешавало и најавнас шпица, 3-4 минути што ќе се дешава и одјавна и само 20 минути дејствие нема ни во Танзанија. Не ни можат да направат заплет, одџма следи расплет - катастрофа.
 
Изгледа дека вчера била 26тата и последна епизода на Инсајдер обично има најави на рекламите или на социјалните мрежи ама ништо скоро глупаво направија јас не ни приметив дека имаше некој расплет на последната епизода. Дури сега кога пуштив Телма и ја видов програмата ми текна дека изгледа заврши
 
Заврши. Катастрофално е изработена. Ваква серија мора да биде барем 30 активни минути по епизода, а нивниот максимум беше 23 (мерев). Премногу скокање, никакви разврски од сториите, нема никакви последици од претходната епзиода.
Има потенцијал ама мора да имаат подолги епизоди и некаква конзистентност во дејствието.
Патем, ,,ќе гледате" делот им е ужасен. Немораш воопшто да ја гледаш следната епизода. Све ти спојлаат.
 
Со еден збор срање. Далеку од она што можеше од тематикава и од помпезноста со која се перчеа.
 
Толку идиотски серии има на ТВ, што дури и отскокнува. Колку за почеток.
Има надеж за МК ТВ.
4-
 
Имаше потенцијал, имаше интересни моменти но како што кажаа погоре се беше пребрзо, недоволно развиена приказна, прекратко времетраење. Добро е што почнаа да се снимаат серии, но далеку сме дури и со соседството во квалитет на продукција, за европско ниво ич да не праиме муабет.

Иначе „расплетот“ на крај беше смешен, ја објавија сторијата за синот на нивниот сопственик и демек покажаа дека весникот им бил независен, и тоа беше тоа.
 
Последно уредено од модератор:
Позитивно од серијава е што низ практичната работа ќе се научат и ќе напредуваат во струката. Не може да очекуваме висок квалитет кога сега почнавме да работиме на ова поле. Сите актери кои ги произведуваме се театарци и им треба време да се навикнат пред камера. Добро е што се почна од некаде. На почеток не треба да бидеме толку критични и треба да им дадеме поддршка. Убаво ќе биде да работат во копродукција со србите кои се максимално избрусени на ова поле.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom