Ова е доста интересно не сум го знаела.Кон кој православен гроб оди?Може ли ште некоја информација?
За вториов дел,дали се вистините информациите дека двете цркви се трудат да изнајдат решение за заедничко славење на големите празници?Колку што ме држи меморијава се зборува за католичките датуми да се преземат како заеднички.
Иначе јас ја подржувам теоријата во која црквите се делат за полесна контрола на народот,и не само нашите христијански,туку сите религии.Верувам дека Господ е еден,но секоја религија различно го именува и толкува,а тоа е создадено со претходно споменатата цел.
- Да бидам појасен. На ден Великден, секоја година, во гробот Христов (милам дека е во близината од Ерусалим), врз кој (гроб) е изграден и храм, влегуваат тројца преставници од трите христијански заедници: православен, римокатолик и протестант. На гробот Христов, се чита молитва за призив/повикување на Светиот Дух. Зависно од очистеноста на молителот, Светиот Дух слегува побрзо или подоцна, некоја минута по по молитвата, и се јавува во облик од оган, кој излегува дирекно од карпата/каменот од гробот (видливо на видео-запис!) па по појавата од огнот, тој оган, т.е Светито Дух во облик од оган (како капината од Синајска гора!) се упатува кон праволсавниот преставник. Дури потоа, сите присутни можат да „земат„ дел од пламенот, кој, иако гори (очигледно!) не ги гори рацете од присутните верници!
- Двете Цркви, НЕ се трудат да изнајдат решение, оти решението е едно, а тоа е неприфатливо за римокатоличката Црква. Затоа, тековно, Рим/папството се труди (и успева донекаде) да го подјаде православието, преку неупатените верници, „одоздола„,, оти папството веќе се откажа од подјадување на праволсавиетопреку клириците, „одозгора„, оти се исклучително верни и писмени!
- Да , Бог е Еден, во три Лица, и е Еден и Ист за сите!
Има некое клипче за ова чудо ?
Неможам да ти посочам клипче, оти незнам како да го најдам по мрежата, но веувам дека некаде веќе е изложено на јавен достап. За тоа спуштањето на Светиот Дух на Великден постои видео-запис (покажан и на скопските телевизии) кој го имам гледано, а постојат и фотографии низ православната лиетратура, од истиот настан.