и ја го знам ова вака
Дека инквизицијата уствари служела баш за ,,конфискување на имоти``
и во што се разликуваме ?
еве уште еднаш за појасно дати стане и на тебе и на "верниците"
Книга "историја на Македонскиот народ"..од др-Александар Стојановски , д-р Иван Катарџиев д-р Данчо Зографски и д-р МИхаило Апостолски..( култура мисла Скопје 1988 година )..........
страна 30 ...цитат
"Кога во 864 година дошло до склучување мировен договор со Византија , голем дел од териториите на Македонија бил веќе завладеан од страна на Бугарите . Според одредбите на договорот , Борис се обврзал да го прими христијанството , преку Цариградската патријаршија , ЗА ДРЖАВНА РЕЛИГИЈА ."-затворен цитат
Стр36...Паралелно со тоа се формирал и растел крупниот црковни манастирски земјопосед . Покрај даренијата од владетелите, црковниот имот се се зголемувал и по пат на КОНФИСКАЦИЈА НА СЕЛСКИТЕ ИМОТИ , особено на селаните јазичници , кои во Македонија ги имало ги имало сеуште многу. Христијанската црква прераснала во вистинска феудална институција .Манастирите по примерот на световните феудални владенија , го експлоатирале зависното селанство . Монасите со својот богат и раскошен живот го рушеле угледот на христијанската црква .
...... засилената феудална експлоатација требало да се задоволат нараснатите потреби на огромниот воено административен апарат , на дворот и црквата .Сето тоа довело до заострување на класната борба и до појава на богомилството
Стр 51 . За разложување на слободните селски општини свој удел имала и црквата , заедно со црковните феудалци кои исто така настојувале да ги зголемат својте феудални имоти . Покрај бројните даренија што на црквата и ги правеле византиските владетели , црковно манастирските поседи растеле и преку засновање на свој патронат над слободните селски општини што претставувало чекор поблиску до претварањето на слободните селани во во феудално зависни луѓе . тоа се постигнувало и и по пат на ДИЕРКТНО ОДЗЕМАЊЕ - КОНФИСКАЦИЈА на селанската земја во случаите кога СЕЛАНЕЦОТ ЌЕ БИДЕ ОБВИНЕТ ЗАРАДИ ПРИПАДНОСТ НА НЕКОЈА ЕРЕС- ВЕРБАЛЕН ДЕЛИКТ, заради многуженство , стапување во незаконски брак и сл . Сето ова и овозможило на црквата да се претвори во крупен феудален сопственик . Манастирите во Македонија располагале со крупни феудални имоти и голем број зависно население .
Суштината на пронијата била во тоа што пронијарите добивале од централната власт дел од селските имоти , цело село или повеќе села заедно со нивните жители на доживотно уживање .пронијарите од своја страна се задолжувале да исполнуваат воена служба и да собираат од потчинетото население војницисо кој требало да одат во војна
.
.
ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ АРНО АМА ОД ТАА ПЉАЧКА ЗА ВЕРБАЛЕН ДЕЛИКТ ШТО ПРЕСВЕТАТА ПРЕПОДОБНАТА ПРЕЧЕСНАТА БОЖЕНСТВЕНА МАЈКА ЦРКВА КОНФИСКУВАЛА ИМОТ НА НАШИТЕ ПРЕДЦИ СЕА БАРА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА
.
.
весник Време 1 декември 2008 -------------------
ЦРКОВНИТЕ ЕПАРХИИ ЌЕ СТАНАТ НАЈГОЛЕМИ ФЕУДАЛЦИ
МПЦ тежи од недвижнини
Наталија Томовска
Македонската православна црква до следната година ќе стане сопственик на ПОВЕЌЕ ОД ОСУМ ОТСТО ОД ВКУПНАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА. Со повеќе од 20.000 хектари земјоделско земјиште, пасишта и шуми, кои треба да и бидат вратени со постапката за денационализација, епархиите на МПЦ ќе станат најголеми земјосопственици во Македонија. Освен тоа, седумте епархии на МПЦ, кои се самостојни правни субјекти, ќе добијат голем број дуќани и градежни парцели кои пред 1946 година биле во нивна сопственост, а им биле одземени со тогашниот закон за денационализација. Со тој закон на црквите им биле одземани по 90 отсто од имотите, а само десет отсто им биле оставени на користење. За оние делови од земјиштата каде меѓувреме се изградени деловни или станбени објекти, Црквата ќе добие обесштетување во државни обврзници. Таков е случајот со имотот на црквата „Света Богородица“ во централното подрачје на Битола и имотот на „Свети Константин и Елена“ на кој е изграден Градскиот трговски центар во Скопје. Од епархиите велат дека дел од имотите на Црквите се веќе вратени. На Скопската епархија, која има побарување за денационализација на црковен имот со вкупна површина од 8.000 хектари, досега и се вратени 4.000 хектари. - Половина од имотите се вратени, а до Нова година очекуваме да ни биде вратена и втората половина. Тука се имотите на манастирите „Света Богородица“ во Побожје, „Света Богородица“ во Бразда, „Архангел Михаил“ во Кучевиште, „Свети Ѓорги“ во Кучково и на манастирот „Свети Никола“ во Шишево. Централното подрачје е покомплицирано. На местото на црковните имоти сега се изградени објекти, па за нив очекуваме обесштетување во државни обврзници - вели отец Коста Станоевски, секретар на Скопска епархија. Дебарско-кичевската епархија, која ги опфаќа и градовите Охрид, Струга и Кичево, има поднесено барање за денационализација на 2.770 хектари црковно земјиште. - Црквата „Свети Наум“ имала 2.770 хектари земјиште, плодно и неплодно. Од нив вратени се 50 хектари и 20 се во постапка за денационализација. Во моментов располагаме само со 100 хектари земјиште, и тоа главно неплодно - вели владика Тимотеј од Дебарско-кичевската епархија. На Повардарска епархија треба да и се вратат 3.000 хектари во селото Чичево, во околината на Велес и на Кавадарци, како и во селата Војница, Ветерско, Нежилово и други. Преспанско-пелагониската епархија има долга листа на имоти кои треба да и се вратат, но тешко е да се пресмета колку е нивната вкупна површина. Во прашање се имотите на околу сто цркви. Досега се решени 85 отсто од барањата. За имотот на црквата „Света Богородица“ во центарот на Битола епархијата добила обврзници, а на црквата „Свети Димитрија“ вратени и се голем дел од дуќаните низ Битола. Вратено е и големо земјиште на црквата „Света Недела“, кое го користеле некои земјоделски комбинати. Своите имоти и дуќани ги добиле назад и прилепските манастири „Зрзе“, „Свети Архангел Михаил“, „Свето Благовештение“. Во Ресен е вратен имот главно по селата, а во Демир Хисар предметите се уште не се завршени.