Информации за плати во различни фирми...

  • Креатор на темата Креатор на темата fton87
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сакам да прашам дали некој знае за работењето во агенции за декорирање на прослави, кетеринг и маси украсување, дали е интересна и исплатлива работа :cautious:
 
И те како може да касни плата во државна фирма.
Пример одма ќе ти го дадам ЈСП, прашај кој сакаш од ЈСП дали земаат редовно плата или е тоа како ќе му прдне на Мишко иако дневен обрт на пари имаат од над 300 000 денари.
Моментално доцни платата во ЈП Паркови и Зеленило - Скопје.Пред недела дена земаа плата за декември.Имаше најави дека може и да штрајкуваат но сега за сега нема ништо од штрајкот но ако продолжат со ова доцнење штрајкот кога тогаш ќе се случи.Кога веќе е спомнат ЈСП од неофицијални извори добиени од планинари што постојано се на водно а се среќавам таму бидејки и јас секоја недела сум горе дознав дека жичарата не била во дефект туку исклучена е струјата од страна на ЕВН поради неплатен долг од неколку месеци.Инаку жичарата е во прекин најмалку 3 недели а не една како што кажуваат во вестите.
 
Се случува плата да касни секаде,поради икс причини,ама јас не можам да сфатам млади луѓе кои остануваат на работа и покрај каснење на плата од 4 месеци?!За тие 4 месеци ќе најдеш друга работа макар од 12000 и ке си земел три плати.Кај мене на раб. се случува да касни платата неколку дена јас одма се бунам кај газдите,како што они сакаат да го почитувам договорот така сакам и јас и имам право на тоа.И јас работам за 12 000(кои не стигаат реално) ама на крај краева не одам таму од љубов,одам за плата,а некој да се богати на мој грб,а јас да немам како да отидам до работа,е нема бога ми.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom