Infected Mushroom на 9. септември во Скопје
Популарниот гоатранс-двоец од Калифорнија, познат по името Инфектед машрум (Infected Mushroom), на 9. септември во живо ќе музицира на забавата организирана од домашната промоторска куќа Дигитал денс. За потребите на настапот кој ќе се одржи на Скопски саем, популарното дуо доаѓа со уште неколку музичари кои свират со нив на ваквите концертни музицирања во живо.
Групата која вторпат ќе гостува пред скопската публика, домашна поддршка ќе добие од ексклузивците на Дигитал денс. Зад Инфектед машрум стојат Ерез Ајсен и Амит Дувдеван - Дувден, кои повеќе од една деценија се една од водечките групи на глобалната гоатранс-сцена.
Вметнувајќи пумпачки бас, впечатливи мелодии, живи инструменти и вокали во своите песни, ја заразија светската транс-публика, која секогаш со нетрпение го очекува секој нивен настап, без разлика дали двоецот свири во живо или поединечно вртат плочи како диџеи.
Забавата на Скопски саем почнува од 23 часот, а наскоро ќе биде позната и цената на билетите.
!!!ИЗВОР!!!