Индустрискиот развој на штета на животната средина

  • Креатор на темата Креатор на темата Јефто
  • Време на започнување Време на започнување

Што според Вас е поважно, индустрискиот развој или заштитата на животната средина?

  • Индустриски развој на сметка на животната средина

    Гласови: 7 22,6%
  • Заштита на животната средина

    Гласови: 24 77,4%

  • Вкупно гласачи
    31
Во перидот кога во Македонија работеа сите сега затворени фабрики (Железара со капацитет од 10.000 вработени,Охис,Цементара,Алумина и ред други), загадувањето на воздухот беше 5 пати помало!!! ПАРАДОКС???
 
Од каде овој податок?
 
Јас само кажувам, состојбата со ПМ10 честичките беше многу малку намалена после стопирањето на Железара, а не колку што се предвидуваше :)
Главниот фактор сепак е човекот: начинот на ложење со лакирани дрва, возењето на автомобили за до продавница од неколку метри, користењето на стари возила (што до некаде и не е вина на сопственикот) и сл. :)
Не може загадувањето да се дефинира само според само според ПМ10 честичките, има широка лепеза на начини на кои може да се загади животната средина (тешки метали, отрови, хемиски супстанци, токсичен отпад, испарувања итн).
Затоа јас негледам никаков доказ дека железара (или било која друга компанија) не не загадува, само според заклучокот што го изведе ти на база врз само еден параметар (во ситуација кога неможеме да ги контролираме другите загадувачи кои загадуваат според тој параметар) во услови кога немаме прецизно мерење и изработена научна студија.
 
Последно уредено:
Фала Богу дека е поважна заштитата на животната средина. Ако не се заштити животната средина, џабе е се. Колку сакаш напредувај во индустријата, нема да стигнеш далеку, ако го уништитш она природното кое ти е основа за опстанок.

А тоа дека фабриките со филтри, ова она, ќе ја сочуваат животната средина е една обична лага. Така можеби ќе се намали загадувањето, ама дека ќе се заштити животната средина..... тешко дека.
 
Јас само кажувам, состојбата со ПМ10 честичките беше многу малку намалена после стопирањето на Железара, а не колку што се предвидуваше :)
Главниот фактор сепак е човекот: начинот на ложење со лакирани дрва, возењето на автомобили за до продавница од неколку метри, користењето на стари возила (што до некаде и не е вина на сопственикот) и сл. :)

Железара не престана со работа. Да не се лажеме. Само еден дел беше наводно затворен додека местеа тоа филтерот.
 
Железара не престана со работа. Да не се лажеме. Само еден дел беше наводно затворен додека местеа тоа филтерот.
Не знаев со сигурност, мислам дека нагласив дека не бев сигурен :)
 
А ќе дигне ли некој глас против хидроцентралата во Луково Поле, среде национален парк, која го сече коридорот на движење на мавровскиот рис и може за век и веков да го сотре, заедно со еден куп ендемични растителни видови у тоа подрачје, или не` интересира екологија само кога лично не` засега?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom