Инат!

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.523
Многу од нас знаеме дека нешто кога ке се зпанат да го направат одат до крај па макар цената за тоа да била позитивна или негативна. Меѓу нас има карактери кои по природа си тераат инат за некои работи но на крај попуштаат, но има и некои кои упорно си го водат инатот знаејки дека не се во право без разлика за што и да станува збор (едноставно сакаат да биде по нивно).
Што мислите вие за ова? Терате ли инат и до кога го терате инатот? Попуштате ли на крај ако воочите дека не сте во право или...

Еве јас ке кажам за себе.
Обично не водам инат за ниедна работа, особено за работа која што ја немам претходно видено или слушнато или па некакви информации добиено за неа. Терам инат и одам до крај исклучиво кога знам дека сум во право за некоја работа и нормално ја поткрепувам со факти аргументи и докази. Ми се има случено со една другарка да се фатиме за една работа и тераме инат двајцата. Јас тврдам едно таа негира и ми тврди друго. После добри 3 4 саати расправа (дебата) и дадов докази и аргументи дека не е така како што она тврди ама следеше контра реплика исто со докази од нејзина страна кои за моја жал беа понови и поточни за разлика од моите па малце си се усрамив:kesa: но сепак на крај признав дека не сум бил прав бидејки не сум ги знаел новите докази.
 
Тоа што сум бик во хороскоп се кажува :)

По природа сум инаетлива и никој неможе да се разбере со мене. Дури и домашните веќе ме навикнаа, први попуштаат зошто знаат дека кога ќе се фатам за најмалата ситница идам до крај додека не се докаже дека ја сум у право и дека она што го тврдам е апсолутно точно, а нивното не е. Ми има предизвикано проблеми (најчесто со професори, претпоставени итн.) ама во последно време интересно ми стана. Проблемот настанува кога ќе почнам да дебатирам со луѓе кои исто така се инаетливи, а ги има многу во моја близина, и поради тоа што сакам да си го зачувам пријателството со многу луѓе, избегнувам ситуации кај што има различни мислења.
 
Водам инат кога знам дека сум во право и сум сигурен во тоа инаку не!!!!:smir:
 
од време на време водам инат ако мислам дека сум во право после се извинувам ако грешам. ама почесто попуштам не можам да се расправам, многу мразам расправии :nesum:
 
Водам инат и одам до крај само кога мислам дека сум во право, никогаш не попуштам, а ми се има случувано да на крај испаднам дека не сум во право, и тогаш ми е многу неубо, па се извинувам :).Иначе се случува и кога терам инат, а знам дека не сум во право, ама интересно ми е да нервирам некој и зато то го прам, се разбира после извесно време му го кажувам то и му велам ајде не се пали во право си. :pos2::icon_bigg :helou:
 
Се инатам ама не многу. Обично јас сум најбудалиот кој најбрзо попушта од проста причина што не сакам да се расправам со луѓе кои што се неразбрани и неможат да ме разберат. Ако грешам, редовно си признавам дека сум згрешил.

Ако сум во право.... зависно од инаетџијата, можам да го мајтапам и зафркавам за инаетот со месеци.
 
Е за инат не пишувам во темава :baeh:
Се инатам кога неам попаметна работа ...
Често и коа знам дека сум во право, попуштам пошо ме мрзи да се расправам
А, најмило ми е, коа не сум во право, а, пак успеавм другите да ги убедам дека сум :D
 
Па Инато може да значе мотивација да успееш во нешто(да се заинатеш во тоа во смисла да си упорен да успееш).А може и да е лоша особина кога се инатеш за џабе.
 
Јас сум мнооооооооогу голем инат иако знам дека не сум во право и дека грешам ке го терам до крај инатот се додека не пукне тиквата ама јбг.одпосле гледам дека ептен сум заебал работа.во превод инатот е многу лоша работа, а усте полоша е доколку и партнерот ви е инат..... сооооооооооу сад
 
Ајм а хард хедед уоман! Водам инат до крај.. Освен ако не ме мрзи и сум тапа.
 
Некогаш знам и да претерам што не иде во полза.:toe:
 
Инаетот е сељачка особина
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom