corban83
Corban
- Член од
- 22 јули 2024
- Мислења
- 131
- Поени од реакции
- 125
Дали некој знае конкретно што се случува со Temu кај нас?
Денеска сакав да порачам неколку работи но гледам на checkout ми наплаќа дополнителни трошоци за производите. Последно имав нарачано на 29ти август и вакво нешто немаше. Што може да се има случено? Законот што го донесоа минатата година за нарачки под 22 евра сметам дека нема врска со ова, оти било која вредност да ставам помеѓу 22 евра и 90 евра сепак плаќам „import charges“. Од support ми кажаа дека „import charges are collected by the government“, ама не кажуваат која институција, по кој закон или дали е само ДДВ. По медиумиве ништо нема. На царина исто така проверив но правилото останува исто. Нема ништо сменето. Од кај им текна Тему да наплаќаат сега плус и да ги оскапуваат нарачкиве? Локацијата исто ја сменив во Албанија и таму нема вакви трошоци.
Дополнителните трошоци се движат помеѓу 18%-19%.

Исто така на редит луѓе коментираат за истото.
Што знам досега:

Автоматски споено мислење:
Исто така на редит луѓе коментираат за истото.
Што знам досега:
- Нарачка имав направено на 29 август без оваа посебна наплата.
- Истите производи сега чинат значително повеќе споредено со минатата недела при конечната наплата - приближно 18-20% повеќе.
- Надоместокот се појавува дури и како гостин (без да се најавиш), па затоа е базиран на земја за испорака, а не поврзан со Temu сметката.
- Префрлањето на земјата во Албанија, Црна Гора и Босна го отстранува надоместокот, што значи дека станува збор за конфигурација на Temu специфична за Македонија. И Србија ја има оваа увозна такса.
- Процентот се совпаѓа со стандардниот ДДВ од 18% во Македонија, но Temu го означува генерално како „Увозни трошоци“, а не ДДВ.
- За пакет од компанија до потрошувач под 90 евра, царината вели дека ДДВ може да се примени (и веќе е), додека царинската давачка не треба. Тоа не создава очигледна причина за дополнителен, необјаснет трошок сега.
- Јавното објаснување на Министерството за финансии од 2025 година вели дека пакетите Temu веќе имале вклучен ДДВ во нивните цени и дека потрошувачите нема да имаат нов процес на плаќање при испорака.
Последно уредено: