marcus напиша:
Добра книга од почетокот на векот, во која постои безимен Господ,а сепак не пости и некако е замислен!!! Од друг?
Аман бе Викторгг...
Ох леле...
Религијата, а со тоа и Господ, се заснова на силната верба на човекот. Верба во “Господ“.
Значи... Добра книга од почетокот на ерата(не е напишана за време на нападите 9/11). Тоа е библијата, само добра книга, ништо повеќе.
Безимен Господ - значи дека на “Господ“ нема потреба да му се даваат имиња бидејќи тоа не е неговата функција во срцата на луѓето. Тој е замислен за да им се најде на луѓето во тешки мигови. Поентата на неговото “постоење“ е вие да верувате во неговата сила и моќ за избавување од гревовивте и од тешките моменти во животот. Не служи за натпревар меѓу религиите чиј Бог е поголем или за препукување на форум кое е неговото име. Затоа е и безимен затоа е и замислен.
Верниците обично го земаат Господ како нешто материјално, како нешто што се става во џеб или околу врат. :nenene:
Raziel напиша:
А што се однесува до останатото...па и лесно е да се задоволам со Димац-човекот кој добро прави ќебапчиња.Твојата мисија не е готова.Мора да постои апсолутна вистина на која случајно ќе налетаме,акајќи по сокаци,барајќи го Господ(и неговото име нели?)
Димац

е твојата апсолутна вистина.
А апсолутната вистина која сакаш да ја бараме ќе ја бараме заедно, нема проблем... ама Господ нема да го најдеме. Затоа што тој е во твоето срце, тој не треба да го бараш некаде, тој е тука.
Дали е твојот “создавач“ мене ми е сомнително, и велам не. Јас сакам некој опиплив доказ, ако е за верба и теоретизирање, тогаш повеќе верувам дека сме производ на вонземјани кои не довеле тука, што е исто така логично, а што од друга страна е многу слично и до теоријата на религијата. Направени од кал, извадени жени од телото на мажот... хирургија на ниво, мора да признаам дека потсетува на друг свет.
Име Господ НЕМА. Има само квази докази кои може да ги барате по сите книги на светот и кои воедно нема да бидат точни.
Raziel напиша:
Несакав да ја прекине некојси таму во потрагата по ништото,затоа интервенирав.
Секако, и јас порачав претходно, и сега пак... “Но ако веќе сакате да се занимавате со барање на неговото име, отварајте книги, вадете докази како Nephthys и marcus, бидејќи за тоа е темава.“ Само реков дека потрагата е залудна...