Имате ли фобија од летање со авион?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Немам летано ама познавајќи се себе си не би требало да ми е страв. Можеби малку ќе се стресам кога ќе полетува ама после ќе се радувам ќе гледам низ прозорот. Кога бев мала имав една другарка од Ерменија и таа често патуваше со авиони и ми раскажуваше како е и дека видикот е прекрасен.
 
уствари авионот е мојата најголема фобија. добро пријатно е со авион да се патува и услугата е на ниво мислам се во авионот ми е убаво посебно храната, ноооо кога ќе помислам на која висина сум и колку не се сигурни посебно во последно време, ми се стемнува, уште повеќе се плашам од авион откога се случи тоа во Америка со близначките.
Можда вака касно те цитирам, али ај :)
Нека прочитаат и сите оние што имаат фобија од летање со авион.
Најверојатно знаеш дека летањето со авион е најбезбеден начин на транспорт. :)
Многу поголеми се шансите да ти се деси сообраќајна несреќа, него авионска несреќа. Во Америка годишно умираат 43.000 луѓе од сообраќајни нереќи, а во авионски - само 135.
Ако те интересира статистички чисто, би требал/а да леташ 24 саати на ден, 7 дена неделно, 365 дена годишно, 377 години за да имаш авионска несреќа.
Имам еден податок дека во 2008/2009 година од 1,800,000,000 вкупно патници превезани, само 49 луѓе умреле. А оваа цифра од 49 жртви ја исполнуваат автопадите и патиштата во Америка за 12 часа.
 
Да знам за овие податоци, но кога човек не поднесува висина, ништо не му значат, за жал.
 
Првиот пат кога се летав со авион не ми беше воопшто страв, а нема ни да ми биде во следните прилики, напротив многу ми е интересно. Многу сакам да летам со авион, забавно е особено кога има турбуленцииии... :pos:
 
Сум се возела и не ми страв.
Пред да се качам прв пат си правев филмови дека ќе се случи несреќа, ама штом се качив поминаа и стравот и смотаните филмови.
И седење до прозор е најјако.(y) :)
 
До моментот кога прв пат не се качив во авион, бев преплашена. Филмови мотање во глава, а бе Хичкок може капа да ми симне. :icon_lol: И дојде ситуација кога морав да летам, така да немаше кај да бегам. Додека не полетавме си правев филмови, после тоа се опуштив. Ма да, многу ми се вртеше, изгледа ми падна притисок or something. Вкупно 4 пати се возев (два пати за натаму, два пати за назад, значи заедно со менување авиони) и сите 4 пати ми се вртеше. Ама стравот исчезна, толку многу, што на враќање, авионот уште не полетал, а јас веќе бев кома и спиев како бебе.:pipi:Не е ништо страшно, стравот ми помина, ама филмовите во глава останаа, не се променија дефинитивно.
 
Не ми е воопшто страв, само ми е многу досаден летот и на симнување притисокот во ушите не го поднесувам.
 
Имам летано повеќе пати, првите неколку не ми беше воопшто страв, баш интересно, си гледав филмови, убаво јадење, опуштено...но после еден лет во крш авион релација Белград-Скопје...авионот катастрофа, за во канта, со annoying звук на јако брмчење како трактор. Кога почна да грми, турбуленции колку ти душа сака, едно време авионот почнува да паѓа - сите почнуваат да паничат, пак се враќа нагоре, пак почнува да паѓа-јас не знам главата кај ми е. Крајот ми се деси кога ја видов стјуардесата дека не е смирена дека и она имаше доста загрижен поглед...човекот до мене пцуе, вика...јас плачам...сите на глас зборат, се дерат...јас си викам више у авион никогаш нема да стапнам само да слетам безбедно. И така слетавме некако, едвај излегов од авионот нозете ми се тресеа не можев да одам.

После овој лет секој пат влегувам во авион со црни мисли. На најмала турбуленција се плашам. Летово имав лет кој траеше повеќе од 7 часа, се напив 3 апчиња за спиење ама воопшто не делуваа, дури и кога немаше турбуленции јас си паничев...
Пустиот лет ме упропасти за сите други.
 
Воопшто не ми е страв, напротив, уживам во летот. Се возбудувам од височината и опасноста, не дека е толку опасно патувањето за авион гледано статистички...но ете, можеби во мене се создал лажен идеал за опасноста при ваквите патувања, дури и турболенциите ги доживувам многу подраматично од она што реално се, нека ми се множат:icon_lol: Кога ми зоврива крвта се чувствувам најживо, а кога сум во лет се претворам целиот во пареа. Од кога не сум летал...:place:
За тој што ја отворил темата - темата е за во Здравје, бидејки е психолошка, не за во Општи муабети:D
 
Ne, voopsto. I ne mi smeta ni loso vreme koga ke ne fati. A, i naviknata sum izgleda. Se vozam od 7 mesecna vozrast vo avion. Sekoja godina barem po 10 pati.
 
Искрено ептен ми е страв од летање и тешко некогаш дека ќе се качам.Недај боже за нешто хитно само би се качил..Според мене не е баш сигурно еден проблем и отиде надоле авионот.А и не ми смета и по 20 саати да патувам негде.
--- надополнето: 2 февруари 2012 во 16:47 ---
Имам летано повеќе пати, првите неколку не ми беше воопшто страв, баш интересно, си гледав филмови, убаво јадење, опуштено...но после еден лет во крш авион релација Белград-Скопје...авионот катастрофа, за во канта, со annoying звук на јако брмчење како трактор. Кога почна да грми, турбуленции колку ти душа сака, едно време авионот почнува да паѓа - сите почнуваат да паничат, пак се враќа нагоре, пак почнува да паѓа-јас не знам главата кај ми е. Крајот ми се деси кога ја видов стјуардесата дека не е смирена дека и она имаше доста загрижен поглед...човекот до мене пцуе, вика...јас плачам...сите на глас зборат, се дерат...јас си викам више у авион никогаш нема да стапнам само да слетам безбедно. И така слетавме некако, едвај излегов од авионот нозете ми се тресеа не можев да одам.

После овој лет секој пат влегувам во авион со црни мисли. На најмала турбуленција се плашам. Летово имав лет кој траеше повеќе од 7 часа, се напив 3 апчиња за спиење ама воопшто не делуваа, дури и кога немаше турбуленции јас си паничев...
Пустиот лет ме упропасти за сите други.

Ја да сум како тебе никад веќе :).Ај со ќе се сруши авионот туку пред тоа ќе завршам јас од стравот :ROFLMAO:
 
Летав сега скоро време за прв пат и многу беше интересно на релација Белград-Амстердам само на полетување малце стресно највероатно пошто ми беше првпат но послем е преубаво кога гледаш низ прозор би летал пак :)
И точно е тоа дека авионот е најбезбеден транспорт најмалце луге умираат од авионски несреки него од други видови на транспорт.
 
За моето прво летање со авион бев сама. Пред да тргнам ме прашуваа дали ми е страв, а јас им одговарав дека ако има проблем , знам да летам хахаха...Како ни за првиот испит, така и за ова воопшто немав трема...дури и нестрплливо го очекував искуството,сама. Значи, пред тоа кој летал со авион ми раскажал како се гадни турболенциите, па тоа притисокот на полетување и слетување...Е, бидејќи јас си сум изрод како ме здале, кога слегов од авион прашав,дали тоа дрнканје ко низ насите катастрофални патишта биле тие прочуени турболенции-ништо страшно!!! ...еден од одговорите беше:-А шо чекаше ти??? Да те топни од земја??? - Па да... -одговорив... Е сега за она со притисокот...па тоа ти е исто ко да да возис на Плетвар на пример :rolleyes: ццццц... абе има лек-орбит му е мајката или некое луто бомбонче, ама убаво да го шлапкаш низ устата хахаха да му се згади на тој шо ке седи до тебе :pos:
 
Иам проблем + секогаш седам до/кај крилата а тоа место е неизбежна смрт, доколку сите би преживеале јас и тие до,пред и зад мене не би...
 
До пред 2 години имав фобија од авиониве .... за 2 год летав осум пати .... од тие малите се до прекуокеански , побезбедно превозно сретство од авион не постои
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom