Еден човек по обичај отишол до кај берберот да ја скрати својата коса и брада. Започнале разговор со берберот кој многу го загрижи. Разговараа за многу нешта и на разни теми. Изненада почнаа да зборат и за Бога.
Берберот вели:“ Виду човеку, јас не верувам дека Бог постои како што ти велиш. “Зашто викаш така ?“ - праша човекот.
“Па тоа е толку едноставно само мораш да излезеш на улица и да разбереш дека Бог не постои. Кажи ми доколку постои Бог да ли би било толку болни луѓе ? Дали би имало напуштени деца ? Доколку постои Бог, не би било ни патење ниту бол. Јас неможам да го замислам Бога кој ги дозволува сите овие работи.“ Човекот зе заќуте едно време мислејќи но не сакаше да одговори без аргументи.
Берберот си ја заврши работата, и човекот излезе. Набрзо идејќи замислен здогледа човек со долга коса и запуштена брада (целиот изгледаше неуредно).
Човекот се врати кај берберот и му вика: “Знаеш што ? Берберите не постојат: “ Како не постојат ?“ - запраша берберот. “Не!“- извика човекот. “ Тие не постојат, затоа што во спротивно не би било несредени луѓе како што е оној на улица: “Ах, берберите постојат! само што луѓето не доаѓаат кај нас.“
“Точно!„- потврди човекот
„Тоа е поентата“. Бог постои, само што луѓето не веруваат во него и не му се поклонуваат, и затоа е толку болка и страдање во светот.