Верувањето немора да има никаква врска со објективната вистина, така да, верниците можат да „мислат“ што сакаат, или што некој сака, без тоа нешто да мора да биде објективно вистинито.
За другите немора да има никаква поинаква сила. Немора воопшто да има некаква сила за нив.
Пример: јас припаќам на „другите“, и за мене нема никаква сила.
Науката би се согласувала за нешто кога би имала докази за тоа.
Доколку некој или нешто се согласува за нешто без докази, тогаш тоа некој или нешто не е науката.
Можеби научниците се претвораат во фанатици и верници, но тоа незначи дека и науката ја претвораат во вера.
Науката е она што ќе се добие ако се следат што е можно повеќе доказите, логиката и.т.н... ,т.е. не се бега од објективната вистина ( без разлика дали некој сака или несака тоа да е така ), а она што ќе се добие ако се следат верувањата, не е наука.
Бог е аксиома само доколку не сакаш да го видиш тоа што докажува дека бог не е аксиома.