Има ли "гејмери" помеѓу вашите повозрасни роднини?

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Нинтендо се смета? Татко ми играше долго време стриктно Нинтендо. Беше боље од мене и тоа многу. Доктор Марио ја владееше, пример си правеше шари со комбинации од што му беше досадно. Играше и коа купивме и компјутер и се, ама само по Нинтендото тој. После се расипа тоа кинеското, не купивме ново и сеа мрази компјутери.
 
Абре ако имаш десет години поише од мене си го сечам на оволкави парчиња (-покажува со раката едно петнаесет cm-)
хахаха јбга то шо сум постар не значи дека треба да се сакатуваш. Ти го имаше видено Тито? (Не Петковски, оној оригиналниот, Јосип)
 
Татко ми порано знам дека многу ја играше FIFA 2002, дури во тетратка си ги запишуваше резултатите, исто така и FIFA 2002 WC. Сега слабо некако, игра карти и по некоја флеш игра, не му давам многу да седи зашто ако го научам после нема да можам на ред да дојдам од него. Исто така стариот компјутер (пентиум 3) го однесов кај дедо ми и тој доста време поминува пред него во пензионерските денови, игра некои логички игри како шах, карти, некои топчиња и сл.
 
хахаха јбга то шо сум постар не значи дека треба да се сакатуваш. Ти го имаше видено Тито? (Не Петковски, оној оригиналниот, Јосип)
У живо на Партизанска, не однесоа од градинка. Дремевме со саати за на крај да пролета на брзина поред нас.
 
Татко ми на 40 години игра се живо и диво .. FPS,RTS,спортски симулации .. едноставно со мерак да седиш и да играш LAN .. CoD MW3,Napoleon Total War за FIFA и NBA да не правиме муабет заседнуваме со часови играме .. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom