- Член од
- 31 март 2008
- Мислења
- 2.624
- Поени од реакции
- 1.959
- Возраст
- 36
Јас се движам низ светот со мојот македонски пасош и не сум ја продал националноста за тоа.
Фактот дека за некои држави ми требаат визи е сосема друга работа, но самиот факт дека движењето не ми е ограничено, без разлика дали ми треба виза или не, говори повеќе од доволно дека го имам тој документ со кој би можел без проблеми да се движам низ светот, тие кои не сакаат да чекаат за виза, треба однапред да си ги испланираат патувањата и однапред да аплицираат за визи, а не среде јунски и јулски летни горештини да создаваат гужви пред амбасадите.
Но за волја на вистината, актуелната влада на Република Македонија не држи во целост изолирани од јужноамериканските држави и од светските индустриски и економски сили како што е Јужна Кореја, па затоа и државата е виновна за тоа што мораме да одиме во бразилската амбасада во Бугарија за да аплицираме за бразилска виза, во јужнокорејската амбасада во Бугарија за да аплицираме за јужнокорејска виза, во уругвајската амбасада во Турција за да аплицираме за уругвајска виза и така натаму, а самиот факт дека немаме дипломатско претставништво во ниту една јужноамериканска држава, исто како што немаме дипломатско претставништво ниту во светските индустриски и економски сили како што се Јапонија и Јужна Кореја, говори повеќе од доволно зошто овие држави не се заинтересирани за да отворат свои дипломатски претставништва во Република Македонија, за волја на вистината, во Јапонија е дозволен влез на македонски државјани без виза, фала му на Бога.
Така да, македонскиот пасош можеби не отвора железни врати, но со соодветна документација, секој македонски државјанин може да аплицира за соодветна виза и да се прошета низ светот.
А кога сме кај заминувањето во странство на работа, а не на прошетка, е тоа е веќе друга приказна, но и во таков случај, јас сепак би барал работа во странство со мојот македонски пасош, а не со некој друг документ.
tocno, so mkd pasos mozes samo da se dvizis. ne i da rabotis.