Русија веќе одамна не може да држи чекор со САД и Кина, авторитетот им е намален, исто така и стандардот, Русија може да влијае само на екс-советските земји и малку на Балканот, ништо повеќе не може.
Тие едвај чекаат ние да им се приклучиме во сојуз, не знаат без нас што да прават.
Ти да не си гласноговорник на ЕУ и НАТО бе?
Русија и Кина секако дека се велесили. Политичката моќ на САД опаѓа од година во година...
Сојузите се прават заради безбедносни и економски причини, а факт е дека САД и ЕУ се во длабока економска криза, додека Русија и Кина имаат економски раст и подем.
Не дека јас ги сакам нешто посебно многу Кина и Русија, туку ме фаќа инат од ароганцијата на западот.
Од друга страна, веќе без Русија и Кина, ниту Америка не смее да прави што сака. Сирија е главен доказ за тоа, зошто никој не смее да ја нападне Сирија без дозвола од Русија и Кина, иако САД се силеше, на крај мораше да се смири, што е голем срам за нивната надворешна политика.
И Гадафи да не играше на блискост со западот, ќе ја добиеше поддршката од Русија и Кина и немаше Либија да биде денеска во овој хаос.
--- надополнето: 4 август 2012 во 17:03 ---
За нас сите се финансиски веле-сили, до тоа дереџе сме.
Па до ова дереџе сме зошто 20 годиме ги слушаме САД и ЕУ, дури и како треба да мочаме, а од тогаш и почнаа проблемите.
Значи нешто не штима да сме “партнери“ со нив.
--- надополнето: 4 август 2012 во 17:07 ---
тоа нема шанса да се случи зошто има договор помеѓу големите сили а балканот влегува кај западните велесили
а дали ќе биде полошо со влез во ЕУ !?
Договор меѓу велесилите не може да има...
А дали би било полошо ако влеземе во ЕУ?! Бугарија додека не беше во ЕУ имаше економски раст од по 7-8%, денеска во ЕУ, бугарската економија се граничи со рецесијата.
![Не вреди... :notworthy: :notworthy:](/styles/default/xenforo/smilies/notworthy.png)