Како прво " shqiptoj " не е исто што и " kuptoj "... Шќиптој преведено на македонски значи изрекувам... Пример, Atij iu shqiptua nje denim i rende/ Нему му се 
изрече тешка казна... Значи се употребува кога некој нешто изричито,кратко и јасно нешто ќе ти наложи или ќе ти даде до знаење.. А глаглот 
куптој на македонски се преведува 
разбирам,сфаќам ...
 
Потоа се вели... Многу е пологично од Орел/Shqipe објаснувањето кое 
барем по мое мислење е фантазија на 19век. Се прашувам зошто нашите предци чекале 300 год. по Скендербег да почнат да се нарекуваат Шќиптар/Орли и зошто ова именување се појавува баш во времето на масивното прифаќање на исламот... Размислував за тоа и за мене е многу логично дека почнало употреба на ново именување на вашиот народ кога верата веќе не била заедничка особина и останале заеднички јазичната и фамилјарната особина. Мислам дека било потребно да се одделат турските муслимани од муслиманите кои говорат чисто како вашите роднини додека другите биле ваши окупатори...
 
Како прво овој текст албанец не е можно да го пишувал бидејќи е напишан во трето лице и говори за албанците, албанец ќе напишел, ние албанците, за нашиот народ...
Сепак текстот е доста реален...
Албанците до турската окупација го користеле терминот арбн,арбреш,арванит (во грчкиот јазик б се изговара в)... До тоа време во Балкан се говореле Православните јазици (бугарски и грчкиот),црковни јазици и албанскиот јазик (полуверници/католици)... Во турско време со ширењето на исламот се наметнувал и турскиот јазик па затоа населението се делело во православни славјани,православни грци,турци муслимани и албанци,арнаути (ќафир,каур арнаут)... Со ослабувањето на турската империја почнало и националната свест да се подигнува, почнало да се употребува античката придавка Орли,синови на орелот па и јазикот се именувал во Шќип/Орелски за препознавање на етносот различен од грците,славјаните (срби,бугари),турците окупатори и не е спорно дека именувањето со придавката Орли е романтична придавка,именување од 16,17 век...
 
Ден денес имаш албанци во државава кои се аимилирале во турци (за да се разликуваат од каур арнаутите) иако мајчин јазик на нивните предци е албанскиот јазик...Ден денес имаш православни албанци асимилирани кои говорат македонски јазик и се декларираат како македонци ама бабите и дедовците им говорат на мајчин албански јазик... Арванитите во Грција ти се албанци ама се нарекуваат грци(православни)...