Иконите

Втората Божја заповед вели:
„Не прави за себе идол, ниту некаква слика (на грчки: икона) на она што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се клањаш ниту да им служиш, оти Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнуваа децата до третото и четвртото колено, оние, кои Ме мразат; Кој покажува милост на илјадници, кои Ме сакаат и ги пазат заповедите Мои."
(Излез 20:4-6)

Што е суштината на оваа заповед?

Забележливо е дека таа содржи три основни сегменти:

1. Забранета е изработка на ликови и слики кои ќе служат како сакрални предмети, претстави или претставители при нашето општење со Господ.
2. Забрането е да им се прават метании на вакви предмети како дел од побожноста и духовноста.
3. И конечно, Божја закана дека ќе го казни непочитувањето на оваа заповед.

Што е тоа идол или икона?

Идол или икона е произволно создаден уметнички лик на небесни или земни суштества на кои им се припишуваат религиозни својства и функции.
Во античкиот свет киповите, статуетките и сликите на разни реални или имагинарни ликови биле во масовна религиозна употреба. Така било во древниот Египет, така и во античка Поранешна Отоманска Покраина Грција, така и во Римската империја. Најчесто тие статуи или слики претставувале одредени богови или биле симболи на богот во кој луѓето верувале. Ваквата практика е санкционирана со првата од 10-те Божји заповеди "Јас Сум Господ, твојот Бог... немој да имаш други богови покрај Мене."
Втората Божја заповед не се однесува на создавањето други богови, зашто тоа е регулирано со првата заповед. Втората Божја заповед се однесува на недозволен приод кон вистинскиот Господ Бог.

Мојсеј толкувајќи ја таа заповед вели: „Бидете цврсто убедени во душите свои...Не вршете беззаконија правеќи си ликови вајани, секаков вид ликови на маж или жена, лик на неке животно...“итн. (Второзаконие 4:15-20) Таа заповед забранува поклонување пред нив, како и служење, односно кадење, палење кандила (како што паганите им служат на идолите). Еверите, меѓу Боговдахновените пророци и старите христинјани блиску до апостолското време, секогаш ги разбирале тие заповеди (забраната за правење икони за поклонување), бидејќи иконите се ликови и наличја за кои зборува втората заповед.
 
Добро објаснување. Нема шо да се врти водата накај воденицата, заповедта е јасна.
 
Многу си ми чуден, затоа што самиот ти користиш икона за твојот аватар. Твоето мислење против иконите не го земам за сериозно, затоа што не си стоиш на ставовите.
 
Јас мислам дека не треба да се разгледува ничие лично мислење за или против иконите, туку што е Божјото мислење. Мислам дека Чорабаџијата убаво се осврна на Божјото мислење, а личните мислења, секој нека си ги чува за себе.
 
Ако е така, т.е. ако Господ со оваа заповед забранува само поклонување на други богови, тогаш зошто вели „на она што е горе на небото“? Не сака ли овде Јахве да признае дека има конкуренција од која се плаши, па сака да осигура монопол?

Ако како што ти велиш ја сфатиме втората заповед, тогаш така испаѓа.

Испаѓа дека Јахве не е сигурен во своето божество, па бара да не се светкуваат другите небесни суштества.

Toa се однесува на изработка на кипови на птици и живони, и поклонување на истите како да се Бог, токму како што направиле евреите по излегувањето од египетското ропство со телето.
 
Јас мислам дека не треба да се разгледува ничие лично мислење за или против иконите, туку што е Божјото мислење. Мислам дека Чорабаџијата убаво се осврна на Божјото мислење, а личните мислења, секој нека си ги чува за себе.

Па што не си ги чуваш твоите лични мислења за себе, тогаш?
Како може некој кој има свое лично мислење, како што ти кажа за Чорбаџија, објективно да ни каже кое е Божјото мислење? :tapp:
 
Маранатка, личното мислење си го кажуваме од себе, а Божјото мислење го пренесуваме од Божјиот Збор - Светото Писмо - Библијата.
 
Јас ти го пренесов Божјото мислење со цитати од Библијата каде практично се извршувало идолопоклонството и многу убаво е опишано на што точно се мисли под тоа.

п.с. во Стариот, а и во Новиот Завет, се споменати дури и имињата на боговите на кои им се клањале евреите и другите народи. Ако сакаш, можеме и подетално да разгледаме кои се тие богови и зошто забранил вистинскиот Бог да им се поклонуваме.
 
Втората Божја заповед јасно вели не си прави идол НИТУ НЕКАКВА СЛИКА и воопшто не додава дека се работи за слики на птици и животни како што вие православните толкувате. Тоа се ваши зборови, но не и зборови на Библијата. Бог во четвртата Божја заповед на пример кога зборува за одморот во седмиот ден, Тој експлицитно објаснува дека треба и придојденецот (гостинот) да одмори во тој ден, и слугата твој, и волот твој итн. значи убаво појаснува кој се треба да одмори во тој ден, така што доколку Бог мислел само на слики од птици и животни, Тој исто така ќе потенцирал на какви слики мислел како што тоа го направил нели во четвртата Божја заповед за одморот.

А доказ за тоа дека Бог мислел и за иконите т.е. за сликите на луѓето и ангелите, доказ за тоа ти се евангелијата т.е. Христос и апостолите.
Имено, Христос и апостолите воопшто не користеле икони. Ниту цртале икони, ниту ги остветувале, ниту продавале икони, ниту се клањале пред икони, ниту се молеле пред икони, ниту палеле кандила пред икони.. ништо од тоа не гледаме во животот, делото и учењето на Христос и апостолите, ниту пак во Новозаветните цркви.
Единствена икона што е споманта во Новиот Завет е "Иконата на Ѕверот". А тоа многу кажува, но кој има уши да чуе?
 
Ајде да не се повторуваме дека Господ и нас не направил по икона Негова

Битие 1:26 Потоа рече Бог: "Да создадеме *човек според Нашиот образ (на грчки: икона) и подобие како што сме Ние, кој ќе биде +господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите - над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!"

И тој што е нацртан е исто така икона, и тоа обожена икона, бог по благодат! Или за тебе светителите не се икони, а само ти си?

п.с. и пак те прашувам, сакаш да почнеме со разгледување на карактеристиките на секое лажно божество кое се споменува во Библијата? Има многу што да се дознае од тоа и да се види зошто Бог се противи на истите.
 
Иконите не претставуваат идол од проста причина што на нив изобразени живи и реални личности на кои не им се придава својство на божество, туку се сметаат како Божји осветени чеда, кои преку својот живот успеале да го прослават нашиот Отец на небесата. За да видиме зошто Бог забранил да се клањаме на други божества и кои се тие божества, убаво би било да разјасниме во какви се богови верувале народите во Стариот Завет (а и денеска ги има), при што неретко и евреите ги преклонувале колената пред нив. Ајде да го разгледаме, за почеток, лажното бесовско божество Ваал Фегор, кое се спомнува во Стариот Завет во неколку стихови

Броеви 25, 1 Израил живееше во Ситим и народот почна преку блуд да се осквернува со ќерките на Моав; 2 и тие го покануваа народот да присуствува на принесувањето жртви на идолите нивни, и народот ги јадеше жртвите нивни и им се поклонуваше на боговите нивни.3 И му се приклони Израил на Ваал Фегор. И се разгоре гневот Господов против Израил. 5 Тогаш Мојсеј им рече на племињата Израилеви: "Секој нека ги убие своите луѓе, што му служат на Ваал-Фегор.

Второзаконие 4:3 очите ваши видоа се', што Господ, Бог наш, му направи на Велфегор; зашто Господ, Бог наш, ќе го истреби од средината твоја секој, што ќе го следи Велфегор;

Псалми 105:28 Тие се *придружија кон Ваал - Фегор и јадеа жртви, принесувани на бездушните...

Ваал-Фегор (Велфегор, Белфагор, Ваалфегор, Белфегор) – е моавско демонско божество, култ кој се состоел во грозни сладострастија и распуштености (оргии). Своето име го добил по гората Пеор или Фегор северо-источно од Мртвото Море, и означува дупка, пукнатина. Се сметал за бог на размножувањето и на плодоносните сили. Се обожавал како фалус – машки голем полов орган во ерекција, кој се употребувал и како украс, а како центар на церемонијата на култот се јавувала голотијата; девственици се оддавале на тој идол преку стапување во полово општење со мажи. Тоа се случувало по пештерите, каде се принесувале и жртви.

Да сумираме:
1. Поради верување во Ваал-фегор се вршел блуд невиден (оргии)
2. Нему му се принесувале жртви, наместо на вистинскиот Бог
3. Тој бил бездушен, лажен бог, бог што не постои, на кој му се оддавала божествена почит како што заслужува само вистинскиот Бог

Заклучок: нема никаква реална поврзаност со иконите на кои се изобразени вистински личности кои живееле целемудрено и кои како жртва пред Бога принесувале само молитва и подвизи до крајот на својот живот.

Сега, пред некој да рече дека иконите се идоли, иконите на кои се изобразени светителите и Мајката Божја, кои го осветиле, односно обожиле својот живот преку добродетели и подвизи поради својата голема љубов кон вистинскиот Бог, икони на кои е изобразен и Самиот Господ Исус Христос, нека размисли повеќепати, пред да изрече хула!

Како прво не можеш да го наречеш тоа Хула.
Второ јас ќи почитувам иконите како уметничко дело и не гледам причина зошто да им се молам на тие икони.
Трето Марија не го роди Бог и не можеш да ја наречеш Мајка на Бог или мајката Божја.
Проблемот е во тоа што им се молите на иконите нели разбирате Исус никаде не заповедал молете им се на икониве или пак апостолите да заповедале такво нешто.
 
Aјде вака по ред. Ти веруваш ли во Христос?
Верувам во Исус Христос дека е Бог и мој Спасител, Верувам во Таткото кој е Бог над се и створител на се видливо и невидливо и верувам во Светиот Дух кој е Бог и ни е како утешител.
Задоволна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom