Игри за пари

  • Креатор на темата Креатор на темата ruller
  • Време на започнување Време на започнување

ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
538
Поени од реакции
372
Локација
Битола
Баш ме интересира дали има и ако има кои се тие игри што после одреден период на играње можеш да земеш вистински пари за тоа. Дали за продавање на акаунт или достигнување на одреден левел не е битно, битно пари да се извадат :)
 
Освен ако не си премногу добар во некоја игра па да вадиш пари од турнири, не знам баш колку можеш да заработиш. Јас на времето за некои итеми во играта Conquer извадив пари, ама не беа тоа некои енормни суми што драстично можат да ти го променат животот. Најди си некоја работа подобро ако сакаш пари да земаш.
 
И јас на Конкуер направив пари. Кога се откажував, решив целата опрема да ја продадам и извадив нормална паричка за тогаш мојата возраст. Но, убаво ти кажа погоре, поубаво фати си работа отколку да киснеш на писи. И да успееш во играта верувај дека треба огромен дел од денот да го посветуваш на истата. Посвети во тоа време на работата, игриве утре нема да ти ги нахранат децата. :)
 
Conquer ,Wow и порано имаше ацц на Garena (незнам сега дали се зима пари од тоа ) .
 
Освен ако не си премногу добар во некоја игра па да вадиш пари од турнири, не знам баш колку можеш да заработиш. Јас на времето за некои итеми во играта Conquer извадив пари, ама не беа тоа некои енормни суми што драстично можат да ти го променат животот. Најди си некоја работа подобро ако сакаш пари да земаш.

Ееее друже, кај нас примарно е тоа. Да седеш дома и пари да ти идат, по можност да се забавуваш т.е. играш :)
Имам еден таков другар, веќе не знае што да измисле за од Бога пари да му идат. Дури тие идеи што ги кажува повеќе се смешни него глупи :)

Иначе баш така. Единственото печалење од игри е турнири, а за тоа треба да си премногу добар.
 
Освен ако не си премногу добар во некоја игра па да вадиш пари од турнири, не знам баш колку можеш да заработиш. Јас на времето за некои итеми во играта Conquer извадив пари, ама не беа тоа некои енормни суми што драстично можат да ти го променат животот. Најди си некоја работа подобро ако сакаш пари да земаш.


Тоа за работата се знае, ама наидов на некој пост на фб од некоја игра не знам мислам беше маркет глори или така нешто па баш си реков да видам гејмерите што ќе кажат, а никој не ја спомна неа :)
 
Тоа за работата се знае, ама наидов на некој пост на фб од некоја игра не знам мислам беше маркет глори или така нешто па баш си реков да видам гејмерите што ќе кажат, а никој не ја спомна неа :)
Ако сакаш да играш цел месец за 2 евра пробај .
 
Пари од игри на следниов начин:
  1. Правиш сајт со име Hummle Bundle .com
  2. Ги нудиш GTA V (PC) и Battlefield 4
  3. Ставаш цена од минимум 5$
  4. Ги вадиш парите од сметка и го затвораш сајтот.
Полесно, здравје!
Финтата е никаде да не наведеш дека ги нудиш игрите (GTA нема за PC сеуште а BF4 е во бета), ако ептен сакаш на дното на страната можеш да ставиш со ситни букви дека нудиш постери/screenshot-и.

П.С. Ако се чувствуваш како „преварант“ им праќаш постери (.jpg секако) на mail на оние кои платиле :D
П.П.С Ако некој од форумов ова го спроведе во пракса, очекувам некој % :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom