Играчи кои се докажаа на ова ЕП

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Дефинитивно според мене:

Alan Dzagoev - Russia

Alan+Dzagoev+makes+it+3-1+for+Russia
 
Хумелс - дефинитивно на врвот од играчите кои изиграа добро на првенствово до сега, иако ете погоре пишаа дека потпишал нов договор со Дортмунд и ќе остане таму сепак за неколку години ќе биде во топ5 дефанзивци.. а и реално Дортмунд не е слаб тим и со малку плус пари можат и опасни конкуренти да бидат на останатите тимови во Европските купови.

Стринич и Марко Ројс - толкава енергија во играчи како нив немав видено до сега на првенството, верувам за брзо време ќе ги ангажираат во појаки тимови а не да игра Стринич во Дњепр во Украина и Ројс во Борусија Менхенгладбах.
Ројс потпиша за Борусија Дортмунд.
 
Ројс потпиша за Борусија Дортмунд.

За колку милиони ? Инаку супер чим го земале ко што пишав и погоре за Дортмунд со малку пари можат да склопат уште подобар тим конкурентен и за другите Европски купови не само за лигата/купот во Германија. И Кагава да останеше ќе беа ..
 
За колку милиони ? Инаку супер чим го земале ко што пишав и погоре за Дортмунд со малку пари можат да склопат уште подобар тим конкурентен и за другите Европски купови не само за лигата/купот во Германија. И Кагава да останеше ќе беа ..
17 милиони платија за Ројс :)
 
Доста добро досега на ова ЕП се покажаа.
Пападопулос-Грција:Толку млад а толку квалитетен.Не за џабе брат му на Ферги го скаутира за Јунајтед.
Пилар-Чешка:Како лисица ми делуваше,итар,брз агилен.Се на се доста квалитет и потенцијал.
Јирачек-Чешка:Истото што и Пилар,само нешто поквалитетен,и многу повеќе трча.
Џагоев-Русија:Најголем руски талент,се очекуваше од некој од Русите да блесне и на ова ЕП,дали тој дали Семшов,еден од нив типував дека ке одигра одлични мечеви,и Шемсов одигра доста квалитетно.
Левандовски-Полска:Според мене моментално потенцијално најквалитетниот шпиц на денешницата,каков осет за гол,за простор,одлична игра со глава,со нога,доста квалитетен во дуел игра.
Ериксен-Данска:Во толку тешка група,одигра добри мечеви,но не успеа повеке.
Симон Поулсен-Данса:Доста добро се претстави со Крон-Дели по левата страна корнеа,скоро сите голови на Данска паднаа преку таа страна.
Жоао Переира-Португалија:Покажува дека не случајно е тоа што Валенсија го одбра него за разлика од Ван Дер Вил.
Хумелс-Германија:Бисер,дијамант,нешто што секој тренер догодина ке го сонува за неговата одбрана,точен како швајцарски саат.
Бадштубер-Германија:Доказ дека претходната сезона во Баерн не било случајност продолжува во ист одличен стил.
Боатенг-Германија:Исто како Бадштубер.
Жорди Алба-Шпанија:Лев бек каков што шпанија заслужува.
Манџукич-Хрватска:3од3 одигра одлично првенство,квалитетен напагач.
Стринич-Хрватска:Уште еден лев бек кој одигра одлично првенство,многу пробивен.
Харт-Англија:Сепак англиски голман е досега одличен.
Конопљанка-Украина:Потенцијален,доста добар осет за пас.
 
Не ги набројувам Хумелс, Џагоев, Манџукич, Јармоленко, Ројс и сличните како нив, затоа што за мене беше очекувано да изиграат на нивото на кое изиграа.
Во оваа категорија, играчи кои се докажаа на ова ЕП, односно се открија, би ги вброил: Гебре Селасие, Дебиши(или Дебуши), Стринич, Конопљанка, Пилар, може и Јирачек.
Други не ми текнува моментално, ако ми текне ќе пишам после.
 
Хумелс,Џагоев,Пилар,Јирачек,Манџукич,Јелавич,Стринич.
 
Таман во цутот на младоста е. Мислам дека ќе има доста успешна кариера. Допвра му претстојат вистинските години за фудбал.
 
Таман во цутот на младоста е. Мислам дека ќе има доста успешна кариера. Допвра му претстојат вистинските години за фудбал.
Печен е за во Интер :icon_lol:
 
Најголем мерак ми направи !!!
ИГРАЧИШТЕ
Ivan+Strinic+Italy+v+Croatia+Group+C+UEFA+pL0FWX9toT-l.jpg
 
Tobias Mikelsen мн јак играч е овој језда е 25 години ама добра техника добар пас брзината не му е добра страна ама одличен играч е!
 
Конопјанка, Стриниќ, Хумелс, Алба, Џагоев, Велбек и тие би биле засега, други не ми текнуваат..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom