Игор Трпески

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
igorce.jpg
 
Еднаш кажав на темава, ќе кажам пак. Го обожавам човечето, закон ми е. И не во иронична смисла, стварно го сакам. Кога он коментира, дополнителен жар дава на натпреварот, затоа што искрено и од срце коментира. Не знам на кој натпревар беше, мислам со Грција дека беше, се осеќаше неговото отсуство. Неговите киксови прават уште да ми е посимпатичен како коментатор. Во такви моменти на хистерија ретко кој е свесен што збори. Па човекот беше спремен лом да се направи со судиите, па има ли друг што ќе го направи тоа.
Она што ми беше интересно, после Литванија, кога Илиевски го изјави познатото “Леле, леле што направивме“, Игор викаше: Така е Владо, така е, овој вика не знае каде е, Игор го смирува имаш право, така е така е... ЅВЕР! Па се расплаче дури на дочекот.
Легенда е. Легенда.
 
Кога почнува ракометот? Игор ќе коментира?
Ако не коментира да организираме една петиција или со време да почнеме да им пишуваме молби на Шител.
 
Среда, 18.01.2012, ЕП во ракомет 2012....натпревар Словенија - Хрватска, Игор коментира?!?!?!
Па добро бе, оти не го ставија да ги коментира натпреварите на Македонската репрезентација?????? Несомнено ќе беше мнооогу поинтересно за следење а и верувам дека ќе им беше посебна инспирација и дополнителен мотив и на ракометарите со него...цело време ќе беше со нив, бодрење, интервјуа, судиите немаше ни да помислат да судат нешто против нас...
Зошто дури сега коментира?!?!
 
На Сител Марјан им е ракомет 1 коментатр, Игор кошарка 1 коментаор
 
Не е Игорче али и овој е излупан:)!
 
Македонија - Данска
И одма враќаат со гол Швеѓаните

Србија - Германија
Динамично, но не многу симпатично полувреме.


Ѕвер!
 
Башка и искоментира:

(по фаул на Данците) Е така треба и ние, малку погрубо, да ги треснеме од земја...

Игоре, легенда си!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom