RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.741
Чудна работа,како се повеќе одиме напред ,човекот како суштество се ослободува и си ги отвора творечките пори така се повече забележувам еден парадокс.Ниту една вредност што ја поседуваме или она што го твориме не е доволно добра колку она што го создал некој друг.Се прашувам дали сме толку психолошки лабилни за во денешно време кога човекот се избори за слободата на духот да посака едноставно да биде некој друг.Без никаква намера да бидам лицемерна и кај мене некогаш се појавило чувство на воодушевување од нечија карактеристика,дело....но никогаш не било доволно силно оправдано за да го земам човекот кој е од крв и месо исто како и јас да ми биде идол.
Идол?Има ли конкретна дефиниција за таа појава за тоа суштество.Дали е тоа нашата имагинарна личност,или незадоволство од себе.Впрочем колку е лесно место да создаваме нешто сами,да си седнеме со задникот во фотелјата и да климаме со главата пред нечие дело оправдувајќи си го постоењето преку друг.
Се изнагледав триста глупости,луѓе паѓаат во несвест кога некоја селебрити ќе им мафне со раката,да можат подот ќе го бакнат кога некој кому се воодушевуваат ќе застане пред нив.
Модерното време е време на идолизација на смртникот....Што мислите?

Ама тоа знае тешки заебанции да направи во животот.