Идолизација

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.741
Чудна работа,како се повеќе одиме напред ,човекот како суштество се ослободува и си ги отвора творечките пори така се повече забележувам еден парадокс.Ниту една вредност што ја поседуваме или она што го твориме не е доволно добра колку она што го создал некој друг.Се прашувам дали сме толку психолошки лабилни за во денешно време кога човекот се избори за слободата на духот да посака едноставно да биде некој друг.Без никаква намера да бидам лицемерна и кај мене некогаш се појавило чувство на воодушевување од нечија карактеристика,дело....но никогаш не било доволно силно оправдано за да го земам човекот кој е од крв и месо исто како и јас да ми биде идол.
Идол?Има ли конкретна дефиниција за таа појава за тоа суштество.Дали е тоа нашата имагинарна личност,или незадоволство од себе.Впрочем колку е лесно место да создаваме нешто сами,да си седнеме со задникот во фотелјата и да климаме со главата пред нечие дело оправдувајќи си го постоењето преку друг.
Се изнагледав триста глупости,луѓе паѓаат во несвест кога некоја селебрити ќе им мафне со раката,да можат подот ќе го бакнат кога некој кому се воодушевуваат ќе застане пред нив.
Модерното време е време на идолизација на смртникот....Што мислите?
 
Впрочем колку е лесно место да создаваме нешто сами,да си седнеме со задникот во фотелјата и да климаме со главата пред нечие дело оправдувајќи си го постоењето преку друг.

Бинго. И не само кога размислувам како би постапувал кога би бил некој друг, на пример овој чиј ник го имам, туку и кога размислувам како би требало јас да постапам. Мислите се едноставно ограничени, а и ограничуваат. Јас-от треба едноставно да се прифати како јас и тоа е тоа. Конструктивно размислување е една работа, а замислување до бесвест друга. Ама ко да е забавно. :) Ама тоа знае тешки заебанции да направи во животот.
 
Голем противник сум на ова.
Луѓето едноставно претеруваат и преувеличуваат кога се работи за нивните омилени пеачи,актери и слично.
Ги величаат на ниво на светци!
Доста е!
Пример за ова беше онаа типката што го душкаше испотениот пешкир на Слаткар.
Живи глупости,пот ќе дишам немам друга работа.
Како потните жлезди на Стакларот да лачат екстракт од јоргован:tapp:
Тин идоливе да не праам муабет.
Пола свет на фејсбук има презиме кулен:tapp:
 
Чудна работа,како се повеќе одиме напред ,човекот како суштество се ослободува и си ги отвора творечките пори така се повече забележувам еден парадокс.Ниту една вредност што ја поседуваме или она што го твориме не е доволно добра колку она што го создал некој друг.Се прашувам дали сме толку психолошки лабилни за во денешно време кога човекот се избори за слободата на духот да посака едноставно да биде некој друг.Без никаква намера да бидам лицемерна и кај мене некогаш се појавило чувство на воодушевување од нечија карактеристика,дело....но никогаш не било доволно силно оправдано за да го земам човекот кој е од крв и месо исто како и јас да ми биде идол.
Идол?Има ли конкретна дефиниција за таа појава за тоа суштество.Дали е тоа нашата имагинарна личност,или незадоволство од себе.Впрочем колку е лесно место да создаваме нешто сами,да си седнеме со задникот во фотелјата и да климаме со главата пред нечие дело оправдувајќи си го постоењето преку друг.
Се изнагледав триста глупости,луѓе паѓаат во несвест кога некоја селебрити ќе им мафне со раката,да можат подот ќе го бакнат кога некој кому се воодушевуваат ќе застане пред нив.
Модерното време е време на идолизација на смртникот....Што мислите?

Јас сум голем противник на земање некој како идол. Бидејќи сум човек што е идол сам на себе, односно си имам мое јас. На пример многу ме нервира кога мајка ми ќе ми рече угледај се на него, успеал во животот. Зашто би се угледал на некого, би постапувал како некого? Што е поентата тогаш, да станам него? Нема шанси. Зашто јас да не бидам тој “уникат“ па да се угледуваат на мене?
Што има толку лошо во тоа, да станеш персона што е креација на твојата креативност, не на нечија друга.
Грешката на многу луѓе е што мислат ако Џастин Тимбергеј е “фраер“ дека тие ако се облакаат ко него и украдат некои од нивните потези и тие ќе станат “фраери“ преку ноќ. Bad Move. Ќе станат само фејк копии и ништо повеќе, притоа исмевани за истата причина.

Пред некое време го правев истиов муабет со еден пријател, тој пак, ме убедуваше на нешто сосема различно, вика, секој човек има идол, не е можно и ти да немаш.
После тоа ме убедуваше дека имаме повеќе идоли истовремено, еден за физички изглед, еден за физика, еден за хемија, етц етц.
Па кажи ми шо мислиш ти на ова? Иако не го поддржувам мислењето на пријателот во секој случај ме интересира твоето мислење, пошо имаш доста интересен став.
 
Па прво ќе му кажеш на пријателот дека не си единствен кој нема идол,ете немам ни јас,значи двајца сме:wink:
Кога се работи пак за мнгубројноста на идолите верувам дека е тоа сосем можно,човек кој е склон кон идолизација на еден човек сигурно може да идолизира неколкумина истовремено(се потсетив на еден случај пред неколку години,имаше едни близнаци на Азискиот континент кои сакаа да одат на пластична операција за да личат на Бред Пит.Пит директно им се обрати и буквално ги молеше да не прават таква будалаштина,и знаеш што,не му успеа,луѓево сепак ја направија операцијата).
Да се вратам на темата,постои тенка црвена линија помеѓу тоа да ти се допаѓа нешто кај некој друг и да сакаш да бидеш тој некој друг со таа карактеристика.Пластичен пример,јас ја сметам Анџелина за една од најубавите жени на светов,но жената не ми е идол,не сакам да станам како неа,нема да легнам под нож да личам на неа.
Затоа викам дека постои тенка црвена линија,човек ќе види дека некој друг поседува подобри карактеристики од него во било кој смисол,духовни,физички,крактерни,не сме совршени а и свесни сме некогаш дека едноставно некој друг ги прави работите подобро од нас,но тоа никогаш не значи дека ние треба да престанеме да твориме или да се обидеме да бидеме тој друг.Интересното е што многу често човек не сфаќа дека во животот самиот тој е идолизиран од некого,да се земам за пример јас(без никаква нарцизоидна намера),мене би ми делувало смешно човек да ме земе мене како идол,јас сум си јас,со сите свои маани и доблести,секогаш ќе бидам далеку од совршенство,но свесна за сето тоа сепак ми е удобно да си живеам во мојата кожа.Да ми дојде некој човек и да ми рече сакам да бидам како тебе ,првото прашање ќе ми биде ЗОШТО???И ниедно затоа нема да ми биде доволно.
Американското општество се изгради целосно врз идолизацијата,тоа како болест се прошири низ светов преку шоу бизнисот....па почна да се намалува коефицинетот на самодоверба и пластичната хирургија почна да цвета.Сакам ова,сакам она,помалку од ова,повеќе од она....сакам да бидам како него/неа и дур се завртиш човек си го изгубил и идентитетот и личниот опис благодарение на пластичниот хирург.
Тоа е ќорсокак,невозможна работа е,а човек го убива психолошки.
 
Добро сега американците се посебна прича. Тие така функционираат, врз основа на пропаганда, ко клонови се.
Фората е сепак, пластична хирургија остали срања, пак нема да те направаат да бидеш некој друг, туку негова копија, губиш двапати со еден удар, ниту имаш свое јас, ниту си некој друг.
Шо би рекле ние форумџиите, epic fail.
 
Голем противник сум на ова.
Луѓето едноставно претеруваат и преувеличуваат кога се работи за нивните омилени пеачи,актери и слично.
Ги величаат на ниво на светци!
Доста е!
Пример за ова беше онаа типката што го душкаше испотениот пешкир на Слаткар.
Живи глупости,пот ќе дишам немам друга работа.
Како потните жлезди на Стакларот да лачат екстракт од јоргован:tapp:
Тин идоливе да не праам муабет.
Пола свет на фејсбук има презиме кулен:tapp:
Зошто кулен? може некој да стави чајна или па може такозвани сланина- се разбира за подебелите , или виршла некој што љуби многу виршли ...собено некои од женските љубат виршли

Да си одговорам на темата ..идоли прават личности што се обични клошарчиња сеуште неоформени тинејџери или па од онаа врста вечни тинејџери коишто мислат дека за 100 пати преснимена сцена од филм треба огромен талент , а најпосле тие не ни гледаат дали е талент од оној од кој прават идол доволно им е тоа што некој е славен и што е на некој начин над нив.
:tv:
 
Чудна работа,како се повеќе одиме напред ,човекот како суштество се ослободува и си ги отвора творечките пори така се повече забележувам еден парадокс.Ниту една вредност што ја поседуваме или она што го твориме не е доволно добра колку она што го создал некој друг.Се прашувам дали сме толку психолошки лабилни за во денешно време кога човекот се избори за слободата на духот да посака едноставно да биде некој друг.Без никаква намера да бидам лицемерна и кај мене некогаш се појавило чувство на воодушевување од нечија карактеристика,дело....но никогаш не било доволно силно оправдано за да го земам човекот кој е од крв и месо исто како и јас да ми биде идол.
Идол?Има ли конкретна дефиниција за таа појава за тоа суштество.Дали е тоа нашата имагинарна личност,или незадоволство од себе.Впрочем колку е лесно место да создаваме нешто сами,да си седнеме со задникот во фотелјата и да климаме со главата пред нечие дело оправдувајќи си го постоењето преку друг.
Се изнагледав триста глупости,луѓе паѓаат во несвест кога некоја селебрити ќе им мафне со раката,да можат подот ќе го бакнат кога некој кому се воодушевуваат ќе застане пред нив.
Модерното време е време на идолизација на смртникот....Што мислите?
Не би се сложил дека во денешно време луѓето не настојуваат да направат нешто ново, по што ќе бидат карактеристични, туку копираат други, кои што во нивните очи изгледаат толку успешно и пробуваат да живеат како нив.
Ако тоа е така, тогаш не би ги имале денешните најголеми достигнувања и напредоци.

Но, би се сложил дека во последно време се појавија премногу тапчовци, кои изгледаат како бледи копии на Лил Вејн, Бијонсе, Ашер, Анџелина. Живеат во некаков стил кој што не можам да го разберам.

Јас пак идол никогаш не сум имал, сум имал луѓе кои што ми служеле за репер со нивно однесување, достигнувања, правци на размислувања и слично. Помалите и понеискусните има што да научат од постарите, но тоа не значи дека треба да ги следат во сите нивни чекори. На крај краева, јас сум јас, не сум некој друг и така треба да живеам.
 
Некоја мода е ова со идолите ми се чини. Не можам да разберам каде е проблемот во тоа да се има идол. Огромен број светски авторитети низ историјата на многу полиња имале луѓе од кои се воодушевувале, за потоа да ја надминат нивната работа и да станат и самите идоли за другите.

Јас имам идоли, некои од нив и самите не ја сакаат идејата за идол, но тоа е нивни проблем. Сеуште, да ги имам нив како идоли, не значи дека треба да се потчинам и да бидам нивни поттрчко или да ја обљубувам нивната слика на ѕидот ако се тие предалеку и недофатливи.

Идол е некој кој те воодушевил, некој кој ти дава поттик да работиш за да бидеш како него. Вистинскиот мајстор во било која област, до самата смрт нема да биде свесен дека го надминал својот учител, односно идол.
Ова во денешно време, јас сум свој Бог ми е глупаво. Индивидуализација по секоја цена, не ми се допаѓа.
 
Back
На врв Bottom