- Член од
- 30 јули 2014
- Мислења
- 5.630
- Поени од реакции
- 19.125
Курдите немаат искрена поддршка од страна на Западот кога е во прашање Турција и повторно останаа изиграни и искористени, бидејќи се покажаа како единствена воена сила на терен која вистински може да им парира на ИСИЛ. Дури, во доста наврати им го испрашија задникот, што се вели. Ваква е ситуацијата сега - засега, а дали нешто ќе се смени во блиска иднина останува на видиме, ПКК останува на листите на терористички организации. Можеби треба да се даде анализа за евентуални внатрешно - курдски превирања и како повеќето Курди гледаат на Барзани, кој мене ми е многу сомнителен кога е во прашање нивната кауза.20М народ не се истребува така лесно како што си мислиш. Јас мислам дека Турција, во моментов не и се исплати дестабилизација и мислам дека ИД игра на таа карта, да ја фрли Турција против Курдистан, затоа и цврсто верувам дека од овие напади највеќе корист имаат ИД.
А останатово, ништо ново. Ердоган бараше пад на Асад, веројатно и ќе добие одврзани раце за тоа, планот е зона за забрана на летови на северот на Сирија и формирање на безбедносен коридор јужно од сириско - турската граница. Турците официјално влегуваат во војна, веќе скоро и да нема држава на Блискиот Исток која не е инволвирана во хаосот кој е присутен таму. Дали скапо ќе го платат тоа Турците, останува да видиме, вака впечатокот ми е, со оглед дека одбија помош од НАТО, дека се премногу самоуверени што може да значи и дека се насанкуваат. Тоа што се воена велесила, кога се во прашање 25-30 милиони Курди, не значи ништо.[DOUBLEPOST=1438164474][/DOUBLEPOST]
Како што пишав, Израел многу повеќе би сакал да граничи со ИД, отколку да гледа како јакнее шиитското влијание на Блискиот Исток и да мора повторно да јаде ќотек од Хезболах.Како прво имаш ли ДОКАЗИ дека и Израел стои позади ИСИС ?
Последно уредено: