Значи што мислите дека ќе се случува од сега па натаму дури трае оваа коалиција:
Дали Македонија ќе се федерализира?
Дали Македонија ќе се распадне?
Дали Македонија ќе го мени името?
Дали Македонија со оваа коалиција ќе влезе во ЕУ и НАТО?
Дали во Македонија ќе биде подобро?
Односно кои се вашите мислења за оваа коалиција?
Груевски обезбеди двотретинско мнозинство па можеме да очекуваме стабилно владеење, реформите ќе се спроведуваат без некоја поголема пречка или несогласување.
Не верувам дека ќе се федерализира државата де јуре но ќе функционира де факто федерализација значи државава нема да се распадне.
Името сигурно ќе се промени и државава ќе стане членка на НАТО а по некоја година и членка на ЕУ.
Во ваков случај сигурно дека граѓаните на државава ќе живеат подобро.
Значи од оваа коалиција можеме да очекуваме, промена на името на државата, воведување на албанскиот службен јазик со закон за употреба на јазици, донесување на закон за употреба на симболите на албанската заедница, влез во НАТО, економска стабилност итн.
Од оваа коалиција исто така можеме да очекуваме интересни претседателски избори. Номинациите веќе се неформално познати, Претседателот Црвенковски ќе има доста силна конкуренција односно Лубе Бошковски и Руфи Османи па претпоставувам ќе има изненадување бидејќи Бошковски не е пожелен за албанците а Црвенковски не е пожелен за симпатизерите на ДПМНЕ па ништо чудно Руфи Османи да биде компромисно избран од мнозинството граѓани на државава.
Мислам дека можеме да очекуваме добри времиња.