High Control

Член од
6 септември 2009
Мислења
2.755
Поени од реакции
1.663
474746_320258721375879_635423332_o.jpg


Kратка биографија:
High control e формиран во Тетово, од страна на Роберт Матовски (вокал, гитара), Игор Мариниќ (бас) Гоце Симоновски (гитара) и Новица Коцевски (тапани) во 2005 година, а поради лични причини бендот го напушта Новица Коцевски, а неговото место го пополнува Јосип Сензел.
Бендот може да се класифицира како Alt-Indie рок бенд со елементи на Grunge, Metal и Progressive рок.

Првиот официјален настап го имаат во 2008 на Winner Fest каде се пласираат во финалето заедно со уште 8 други бендови. Наредно е учеството на Тоtal Dem-o Fest, каде според оценка на жирито се прогласени за најдобар бенд и како награда го снимаат својот прв албум "In Every Way", кој е издаден во април 2009.
После објавувањето на деби-албумот учествуваат и на Еxit Festival во Нови Сад.
Нивниот втор албум, насловен "Report" излегува на 18 март 2011 и заедно со нив на овој албум работеше и DJ Slave, а исто така имаат и заедничка песна со Суперхикс.

Во припрема е и третиот албум, кој за разлика од претходните два ќе биде на македонски јазик, а летово беа актуелни со нивниот хит „Доста“, а најслушан нивен хит е „Тука за тебе“.


Сигурен сум дека повеќето ги имате слушнато па повелете коментирајте, дали ви се допаѓаат или не :)
 
ООО прејаки .. посебно оваа песна Тука за тебе немам зборови за песната ни за бендот. (y)(y)
 
стварно се добри ама не се толку многу искомерцијализирани за да направат нешто поголемо, а мислам дека имаат потенцијал :)

 
Подобри ми беа постарите албуми. Овие поновиве ми бегаат на кај комерцијала, но тоа е, мора да се прават пари. Eве нешто од старото добро
 
Пред една недела ја објавија новата песна "Заборави"

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom