Ако може некој во слободно време да разгледа и да ми даде мислење
за овој продукт. Не можам да најдам многу информации од купувачи, има неколку видеа на јутјуб но немаат многу коментари. Скептичен сум но немам познавање од ова па би сакал да слушнам мислења.
За која потреба би се земал овој производ? Погодувам за најлошото, нека не се трошат за ова. Вака на прв поглед не само што не би препорачал да се купи, туку би препорачал да не се купува воопшто.
Прво самиот текст е аматерски и нема никаква логика, првата половина се разни заплашувања за модерниот живот, а подолу кога треба да објасни КАКО сите тие билки делуваат, ќе прочиташ и самиот, спомнува разни духовни енергии од кинеските верувања.
Сите тие билки кои наводно се дел од производот можеби, ама само можеби, најјакото позитивно дејство кое би го имале во организмот е антиоксидантното, и ова дејство можеби може да помогне, ама само во превенција на првична појава на некои болести, ама со редовна употреба во текот на цел живот. А и воопшто не се потребни затоа што нашето тело си има такви вградени механизми.
Ако некоја од билките има некои модулаторни дејства, ако воопшто има некоја функција, ако нешто менува во организмот, тогаш дали е воопшто паметно да се продава така измешани десетици билки во форма на течност, целосно неконтролирано, без индикации, без контраиндикации, без познат механизам на дејство?
Се разбира дека не е, ама се продаваат така како суплементи затоа што немаат никакви дејства во организмот, и затоа прашање сега е како и би помогнале на некој болен или здрав човек ако не менуваат ништо.
Затоа овој, или слични производи кои се мешавини од екстракти не вредат да се вложуваат пари, време и надеж, затоа што едноставно се слаби производи. Тие навистина реално се скапи затоа што е скап начинот на кој се произведуваат и начинот на кој се доаѓа до екстрактите, а не затоа што имаат голема здравствена вредност која би одгварала на потрошените пари. И баш ме интересира колку пари е едно вакво шише?