„Гудис“ од декември и во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.712
Поени од реакции
8.835
Возраст
35
8C8BB93979CC8A4BA3A33F7D1E17547D.jpg

Првиот ресторан ќе се отвори во „Веро центар“ и ќе функционира на принцип на франшиза, а одговорна компанија ќе биде „Веропулос“ ДООЕЛ Скопје

Атина - Грчките ресторани за брза храна „Гудис“ доаѓаат во Скопје. Првиот ресторан на „Гудис“, според неофицијални информации, се очекува да се отвори во „Веро центар“ во декември. „Гудис“ ќе функционира на принцип на франшиза, а како што неофицијално се дознава одговорна компанија за доделување на франшизите ќе биде „Веропулос“ ДООЕЛ Скопје. Од „Верополус“ ДООЕЛ Скопје ни рекоа дека веќе истакнале плакати дека ќе се отвора ресторан „Гудис“.

Отворањето ресторани во Скопје пред неколку дена за грчките медиуми индиректно го најави Тасос Папаниколау, извршен директор на групацијата „Вивартија“, под чија капа работи „Гудис“. Како што изјави Папаниколау, до крајот на годинава е планирано да почнат со работа 22 ресторана во странство, односно во Македонија, Кипар, Албанија, Бугарија, Унгарија, Романија и во Белорусија. На мапата на компанијата за иднина се позиционирани и Црна Гора, Косово, Либија, Украина и Казахстан. Проширувањето на грчкиот и на странскиот пазар, според Папаниколау, во моментов е главна цел на компанијата.

Грчкиот ресторан за брза храна е основан во 1975 година во Солун и до денес важи за еден од водечките синџири за брза храна во Грција, со над 130 ресторани во Грција, а има и два на Кипар и еден во Тирана.

„Гудис“, иако успеа на грчкиот пазар да го „победи“ „Мекдоналдс“, сепак, не е имун на грчката економска криза. Според податоците, компанијата во 2012 година имала загуба од над 62 милиона евра во споредба со 2011 година, кога загубите биле околу 19 милиони евра. Бруто-профитот на компанијата во 2012 година бил 96 милиони евра, додека, пак, во 2011 профитот бил 132 милиони евра. Опаѓањето на профитот започнува од 2010 година паралелно со грчката криза. На „Гудис“ и на голем број други угостителски објекти не им помогна ни поскапувањето поради порастот на ДДВ-то на 23 отсто.

Компанијата е дел од грчката групација „Вивартија“, која под своја капа ги има и рестораните „Еверест“, „Ла пастерија“, синџирот кафулиња „Флокафе“, „Олимпус плаза фуд паркс“, „Кузина“, „Папагалино“, „Олимпик кетеринг“ и „Хеленик кетеринг“. Освен на балканскиот пазар, се обидува да се пробие и на големиот пазар во Русија и Кина, како и Блискиот Исток, Персискиот Залив и Северна Африка.

Групацијата за угостителство во 2012 година имала вкупна продажба од 275 милиони евра, а во 2013 година досега 245 милиони евра. Рестораните и кафулињата на брендовите кои ги има групацијата дневно услужуваат околу 500.000 потрошувачи. „Вивартија“ има 22 отсто од вкупниот угостителски пазар за ресторани и храна и 23 отсто од пазарот на кафулиња. Групацијата има 5.000 директни вработени, 4 производни единици во Грција, 550 ресторани и кафулиња. „Вивартија“ во последните три години, односно во 2010, 2011 и 2012 година инвестирала 25 милиони евра.

Извор: Утрински Весник
 
па не се најде некој паметен кај нас да инвестира и да отвори нешто слични на овие фест фуд рестораниве ама тоа е чекаме само а дури чекаме луѓето се наполнија со пари ...
 
па не се најде некој паметен кај нас да инвестира и да отвори нешто слични на овие фест фуд рестораниве ама тоа е чекаме само а дури чекаме луѓето се наполнија со пари ...


Сироти ние, немаме наш фаст фуд ...
 
Ако се вакви цените подобро да не го отварат :D

Не ми се верува дека толку високи цени ќе стават и во Македонија, сепак за Грците тие цени се доста ефтини. Иако цената на Гирото кај нив и кај нас е иста...
 
Во Грција растураат. Таму појаки се и од МекДоналдс. А сигурно и кај нас ќе растураат.
 
Го гледам сајтот ,имаат и тестенини Carbonara и Napolitana

А мене ме интересира пошо „Веропулос“ ДООЕЛ Скопје го отвараат ова дали само во Скопје ќе има или и во повеќето градови каде има Веро ?
 
Прочитав разни коментари за отварањево на овие ресторанти мегу кои и негодувачки.
Ајде вака...Прва и основна работа:Пола од тие што кењаат ке ја чекаат првата можност да го посетат местово..
Втора работа:Скапо било?Можеби но дај бре не ме јеби...Даваат пари за карти на сељаци од типот на Аца Лукас секој негов "последен"концерт во нашава ни земја плус пијачка...Сигурно 50 евра нема да им избега за таа вечер а проблем биле скапите цени во веке поранешен МекДоналдс (за кои се кладам дека пола од оние кои кенаа во претходната тема за Мекдоналдс немаат идено таму но поентата е да се каже нешто) и сега во Гудис.

Смешки.
 
Го гледам сајтот ,имаат и тестенини Carbonara и Napolitana

А мене ме интересира пошо „Веропулос“ ДООЕЛ Скопје го отвараат ова дали само во Скопје ќе има или и во повеќето градови каде има Веро ?
Битола нема ВЕРО :D :D

он:

Стандард муабет коа се отвара нешто, 50% ЗА останатите ПРОТИВ ради високите цени. Класика муабет за Македонец.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom