Грузија бара да ја нарекуваат Џорџија, ќе има ли вето од Американците?!

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Никој не користи официјални имиња во обична комуникација, тоа е проблемот, а ние почнавме да пишуваме постови синки договор потпишуваме во име на државата.

Фали уште да скандираме на стадион РЕ-ПУ-БЛИ-КА МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА како првокласни идиоти.

Официјалното име е за специфични намени, притоа ништо не не' спречува да го користиме нашето обичајно име во комуникацијата меѓу нас, со странците и сл.

Република не е дел од нашето име, како што нема да биде ниту Конфедерација, ниту Сојузна, ниту Кралство!

Затоа кога некој ќе те праша какво е името на твојата Република, Конфедерација, Кралство и сл. ќе му одговориш - МАКЕДОНИЈА!

Поради тоа постојат многу други Републики кои се разликуваат по своето ИМЕ!

И дај не се обидувајте да терате инат, кога не сте во право.

Има ли некој проблем да користи само Македонија?
Еве каде започна дискусијава која се води 4 страници наназад.

Треба нашиот министер за надворешни работи да им врати

"Не е проблем доколку и вие почнете нас да не викате Република Македонија"
Убаво си напиша Еди_Ребел.Само некој одма после него се возбуди од она РЕПУБЛИКА и почна дискусијата.Тој мислеше на воспоставување дипломатски односи на две држави.Нормално под официјалните имиња се воспоставуваат дипломатски односи.Заради овој ебен спор со грција почвиме да станвиме осетливи на дебилни работи.На Република сме осетливи бе.Аман!!!Никој не се инати.Ние не правиме муабет за име на државава во обичниот говор,ние правевме муабет за официјално име на државава.Нормално дека ако ме праша некој за име на државава ќе му кажам дека е Македонија.На натпревар ќе скандирам Македонија.Нормално дека никој не користи официјални имиња во обична комуникација.
 
Не се согласувам, медиумското пропагирање на “уставното име“ и подметнувањата од времето на Фрчковски со “РМ“ наместо МК, доведе преку тоа визуално подметнување да користиме во секој ебан контекст “уставното име“, “република“ и “РМ“ како определување на земјава, тоа е видливо и забележително.

Не се работи само за оваа дискусија, ниту е важно каде е точката каде скршнала темава, јас укажувам на една деформација на која очигледно сме свикнале до таа мера, да не ни смета повеќе.

Впишете “уставно име“ на македонски и англиски во Гугл и погледнете ги резултатите, 99% се однесуваат на нас.
Не се работи за осетливост само, туку за претпазливост на општествениот инженеринг кој ни го спроведуваат и ни ги перат мозоците, за жал никој нема да биде самокритички во наше име.

А рибата смрди од главата.

Почнавме при секоја компромитирачка работа да се правдаме, последново, откако ги избришавме гравираните 16-краки сонца од лавовите на мостон, го преименувавме споменик од „Александар на коњ“ во “Воин на коњ“ па сега се самоубедуваме дека мудро сме направиле, финта сме им стегнале на Грците демек, како нашава Влада праи мудри копмромиси, кои не значат ништо, оти ние знаеме што претставува статуата.
Ќе дојдеме до моментот кога ќе се убедуваме дека не е битко какво име носиме, оти ние во душата си знаеме кои сме.

Продолжете да спиете.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom