Група Д (Германија, Австралија, Србија, Гана)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Петок, 18-ти, ќе се повтори историјата -

 
Југославија не постои:tv:..или ти уште си во времето на екстрим?:pos::pos:

Или мислеше на овој клип..
Што има врска дали Југославија не постои? Во 98 целата постава на Југославија беше составена од српски фудбалери (еден или два црногорци).
На овој клип гледам појака Германија отколку сегашната (со Балак, Фрингс и Леман) и послаба Србија од сегашната (помлад, понеискусен тим и без Красиќ), всушност клипов ме охрабрува, фала! :smir:
 
Значи во ред е стварно скопчавме има и Срби (за кои ништо не ме чуди, во ред е да се напалени) и Србомани тука само ми ги отекиовте јајцата со коментари „Србија до Јоханесбург!, Србија, Србија! Пушете К^р сите само Србија! Србија, Србија <јутуп клипче тука со битка за косово поле> :drk::drk::drk:

Постови за формации, најнови вести, кој да почне а кој на клупа се исто така дозволени :jaj:

За почеток Клосе веројатно ќе почне со Австралија иако е во мувла форма. Според Лев прикажал одлични тренинг сесии откога се во ЈАР. Сепак Какау би бил логичен избор според мене. Позади Клосе/Какау сигурни се местата на Подолски и Озил а отворено е местото десно каде фаворит е Милер. Супер е Томче а и работи позади ако треба да му помогне на Лам. Марин е ѕвер ама го има Полди пред него па сепак ќе мора да се помири со улога на џокер. Швајни и Кедира многу солидно соработуваат во дефанзивна - проблемот е што нема замена за нив. Веројатно ако мора некој да замени еден од нив тоа ќе биде Кроос кој би играл на за него „чудна“ позиција. Лам, Мертесакер и Фридрих се сигурни во одбараната а Ноер на голот. Лево веројатно Бадштубер затоа што го има Полди пред себе а овој баш и не работи позади. Има и варијанта класичен 4-4-2 веројатно со поофанзивниот Аого наместо Бадштубер како лев бек со Полди напред а Јансен како лево крило само тоа е секако втор избор.
 
Што има врска дали Југославија не постои? Во 98 целата постава на Југославија беше составена од српски фудбалери (еден или два црногорци).
На овој клип гледам појака Германија отколку сегашната (со Балак, Фрингс и Леман) и послаба Србија од сегашната (помлад, понеискусен тим и без Красиќ), всушност клипов ме охрабрува, фала! :smir:
Kaj знajш ти дали таа Германија била појака, баш обратно е. Оваа репрзентација има квалитет и потенцијал во себе како никоја досега. Појака е дури од таа 2008 што играше финале на европското првенство. Сите презентации што ги гледав на повеќе канали никој не ја претстави Германија како што треба, сите почнаа со Балак, дека не играл. Голем кур ако не играат Балак, Фрингс и Леман. Има 30-тина подобри од нив во земјата. Имаше и една колумна.

Will this Germany shed steriotypes?

Дали оваа Германија ќе ги уништи стериотипите дека играат неталентиран фудбал, на сила, и дека се пласираат понатаму само заради среќа и менталитет. Се надевам да, бидејќи ќе го играме еден од најубавите фудбали за око.
 
Само што заврши пресот на србите.
Дејан и Панта беа на пресот.Значи Станкович ме импресионираше.Прав капитен.Зрачеше со позитивна енергија,беше насмеан,одговараше на прашањата како што доликува.
Но,и малку беа лути на новинарите затоа што тие не пишувале толку за фудбалот,туку пишувале што се случувало вон него..
 
Според она што го видов на пресот, владее одлична атмосфера, сите мисли на играчите се насочени кон натпреварот со Гана, едино новинарите се малку незадоволни во однос на организацијата, но тоа ќе се надмине.
А според она што прочитав, на натпреварот против Гана најверојатно ќе почнат овие играчи :
Стојковиќ, Обрадовиќ,, Луковиќ, Видиќ, Ивановиќ, Станковиќ, Милијаш, Красиќ, Јовановиќ, Пантелиќ, Жигиќ.
Малце ме изненади изостанувањето на Коларов и на Суботиќ, но со оглед на она што го покажаа на пријателските, можеби и заслужено се на клупа.
 
Боби[Мкд];3611303 напиша:
Kaj знajш ти дали таа Германија била појака, баш обратно е. Оваа репрзентација има квалитет и потенцијал во себе како никоја досега. Појака е дури од таа 2008 што играше финале на европското првенство. Сите презентации што ги гледав на повеќе канали никој не ја претстави Германија како што треба, сите почнаа со Балак, дека не играл. Голем кур ако не играат Балак, Фрингс и Леман. Има 30-тина подобри од нив во земјата. Имаше и една колумна.

Will this Germany shed steriotypes?

Дали оваа Германија ќе ги уништи стериотипите дека играат неталентиран фудбал, на сила, и дека се пласираат понатаму само заради среќа и менталитет. Се надевам да, бидејќи ќе го играме еден од најубавите фудбали за око.

Се согласувам дека конечно Германија има технички одличен тим за разлика од претходните генерации. Точно дека ќе играат одличен фудбал за око и едвај чекам да ги гледам.
Но, мислам дека баш тоа ќе биде причината што нема да се прослават премногу на ова Светско.
Можеби имаа грда, неатрактивна игра, но баш таква игра им носеше резултати. (На Светско 06 и Европско 08). На Германија и се случува смена на генерации, па да видиме како ќе се снајдат сега.
 
Според она што го видов на пресот, владее одлична атмосфера, сите мисли на играчите се насочени кон натпреварот со Гана, едино новинарите се малку незадоволни во однос на организацијата, но тоа ќе се надмине.
А според она што прочитав, на натпреварот против Гана најверојатно ќе почнат овие играчи :
Стојковиќ, Обрадовиќ,, Луковиќ, Видиќ, Ивановиќ, Станковиќ, Милијаш, Красиќ, Јовановиќ, Пантелиќ, Жигиќ.
Малце ме изненади изостанувањето на Коларов и на Суботиќ, но со оглед на она што го покажаа на пријателските, можеби и заслужено се на клупа.

Искрено во Суботиќ во иднина гледам јак дефанзивец.Но,со тоа што го покажа против Камерун и општо во пријателските утакмици пред мундијалот,не заслужува да игра прва постава.
 
Боби[Мкд];3611303 напиша:
Kaj знajш ти дали таа Германија била појака, баш обратно е. Оваа репрзентација има квалитет и потенцијал во себе како никоја досега. Појака е дури од таа 2008 што играше финале на европското првенство. Сите презентации што ги гледав на повеќе канали никој не ја претстави Германија како што треба, сите почнаа со Балак, дека не играл. Голем кур ако не играат Балак, Фрингс и Леман. Има 30-тина подобри од нив во земјата. Имаше и една колумна.

Will this Germany shed steriotypes?

Дали оваа Германија ќе ги уништи стериотипите дека играат неталентиран фудбал, на сила, и дека се пласираат понатаму само заради среќа и менталитет. Се надевам да, бидејќи ќе го играме еден од најубавите фудбали за око.

http://www.sport1.de/de/fussball/fussball_dfbteam/newspage_248055.html

Лам: „Ова е најдобриот состав на репрезентацијата откога јас играм“

Играчки апсолутно се согласувам - никогаш немале поголем потенцијал и покрај многуте испади. Работата што ја пружија во младинските школи во минатите 10тина години полека се исплаќа и се покажува на дело.

Само играчки потенцијал не мора да резултира автоматски со висок пласман. Има и други важни фактори. Јас одвај го чекам првиот натпревар со Австралија. Веројатно ќе се малку и под грч заради почетокот но сепак очекувам чиста победа.
 
Јас лично место пантелиќ повеќе сакам да игра лазовиќ,некако по жив ми е нападот со него.
 
Красиќ-----------Јовановиќ
--------Жигиќ------------

Вака би сакал да изгледа нападот на србиве,мада Антиќ ќе форсира два напаѓачи сигурно..
 
Се согласувам дека конечно Германија има технички одличен тим за разлика од претходните генерации. Точно дека ќе играат одличен фудбал за око и едвај чекам да ги гледам.
Но, мислам дека баш тоа ќе биде причината што нема да се прослават премногу на ова Светско.

И јас имам исто мислење. Сепак, групава ја минуваат сигурно, тоа не е спорно, ама ако налетаат на Англија мислам дека испаѓаат.

Во врска со Србија, Суботиќ за едно 2-3 години ќе може, но засега уште не е за првите 11. Луковиќ во квалификациите пружи одлични партии на штоперската позиција. Дилема е единствено Обрадовиќ или Коларов, предноста на Обрадовиќ е што почесто е на вистинското место во одбраната, а Коларов знае и да се заборави напред. Обрадовиќ помалку ризикува, иде на сигурни додавања и продори и мислам дека затоа има предност кај Антиќ. Сепак, Коларов е Коларов и може да ги смени нештата ако не дај боже губиме. Зоран Тошиќ е уште еден феноменален џокер играч.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom