Група Б(MKD,CRO,ESP,JPN,BAH) - Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата The Accountant
  • Време на започнување Време на започнување

Кои репрезентации ќе ја поминат групата?

  • Вкупно гласачи
    131
Дечки, жал ми е, ама тешко дека ќе имаме победа до крајот на шампионатот :)
Знам дека обожаваме да се палиме на ракометарите, ама реалноста е таа. Нема потреба надежите да одат до плафон, па после да се разочаруваме. Од Шпанија ја губиме со 10+, од Исланд 3-4 разлика и се' понатаму ќе биде само материјал за плукање и анализирање „кој е крив“. Реалноста е - толку ни се можностите. Отиде генерацијата која имаше уникатна можност да земе медал на едно големо натпреварување и да се пласира на ОИ. Се' додека не се смени целосно матрицата ќе бидеме крпеници со 2-3 носачи на играта и останатите „надежни ракометари кои уште не блеснале“. Здравје, за 5-10 години.

Може тогаш Филип Лазаров (како ракометар со најголемо искуство на овие натпреварувања) ќе биде во стручниот штаб и од голема помош на селекторот.
На селекторот КИРЕ.:cool:
 
Јапонциве играат солидно денес, да видиме до колку ќе ги намачат Исланд до кај ќе издржат во второто полувреме.
Засега 13:12 za Исланд. (последниов гол го дадоја 20 секунди до полувреме, а Јапан не погоди за 13:13)
 
Колку само ќе го јадеме вечер стапот...
 
Која е таа генерација што имала шанса за медал?
Ако збориме за првенството во Србија каде игравме речиси на домашен терен, се беше тоа поклопување на коцките и тоа петто место.
Отсекогаш сме биле далеку од врвот на светскиот ракомет.
Тогаш не само шо игравме на домашен терен, него имавме играчишта во репрезентација, ехх Раул да ни беше тренер 2012, со злато ке си бегавме, Шундо да му текнеше на тенеќето фластер да изигра од 45 мин натака на Хансен, ќе игравме полуфинале.
 
Дај Боже Јапонциве да ги исцедат да се намачат барем малце Исланѓаниве.:)
 
Која е таа генерација што имала шанса за медал?
Ако збориме за првенството во Србија каде игравме речиси на домашен терен, се беше тоа поклопување на коцките и тоа петто место.
Отсекогаш сме биле далеку од врвот на светскиот ракомет.
Никој не рече дека не ни се поклопиле коцките. Ама и имавме најдобар тим (со секако, најтапа селектор) кој можеше и до медал. Коцките се тие што прават целина за тим кој може да оди до медал. Да не заборавиме дека до остварување на до тогаш незамисливото не делеше победа над Данска. Натпреварот заврши со 1 гол разлика за Данците, кој го добија со погодок во последната секунда.
 
Имавме напад за победа, Киро превзеде одговорност шутираше, одбранија и дирек фрлање до Хансен и ни го закачи, мамето мамино....
Од тогаш цел бес на Данците му го имам, сите нерви се изгубија...
 
Имавме напад за победа, Киро превзеде одговорност шутираше, одбранија и дирек фрлање до Хансен и ни го закачи, мамето мамино....
Од тогаш цел бес на Данците му го имам, сите нерви се изгубија...
Уште да ни направат беља камиказиве да го тепаат Исланд некако, вечер ќе треба ол ин да влагаме со Шпанија
 
Тепа Јапан, а ние вечер вадиме нерешено со гол на Манаскоф во последна секунда. :cool:
 
И Шпанија не игра на ниво ракомет на ова СП, а и сигурно ова денес за нив ќе биде порелаксирана утакмица. Со такво темпо на игра, и нашиве во фулл состав резултат по моја проценка ќе биде пата-пата до последни 10минути, па после следува потоп како и обично. Дали вреди да се ризикува, и колку е паметно тоа да биде против Шпанија ќе каже Раул денес. :)
Освен ако не тепа Јапонија како што реков, ќе се штедиме за со Исланд утре сигурно. Не верувам Раул да се коцка
 
Добро ќе биде ако Јапонија-Исланд заврши нерешено во тој случај и нерешен резултат со Исланд ќе ни одговара.
 
Чудно како ние ги тепавме Јапонциве толку лесно.:toe:
 
Ррков дека Јапонциве ќе ги намачат сите само гурабии што пројадовте. Страшно брзи и технички спремни се ние најдобро се справивме со нив на крај
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom