Дечки, жал ми е, ама тешко дека ќе имаме победа до крајот на шампионатот

Знам дека обожаваме да се палиме на ракометарите, ама реалноста е таа. Нема потреба надежите да одат до плафон, па после да се разочаруваме. Од Шпанија ја губиме со 10+, од Исланд 3-4 разлика и се' понатаму ќе биде само материјал за плукање и анализирање „кој е крив“. Реалноста е - толку ни се можностите. Отиде генерацијата која имаше уникатна можност да земе медал на едно големо натпреварување и да се пласира на ОИ. Се' додека не се смени целосно матрицата ќе бидеме крпеници со 2-3 носачи на играта и останатите „надежни ракометари кои уште не блеснале“. Здравје, за 5-10 години.
Може тогаш Филип Лазаров (како ракометар со најголемо искуство на овие натпреварувања) ќе биде во стручниот штаб и од голема помош на селекторот.