Bratot
Стоик и Машкртник!
Кабинетот на премиерот Никола Груевски подготвил дипломатски меморандум во кој ги набројува конкретните примери на грчка блокада кон Македонија, кои се случиле и се случуваат во изминатиот период. Овој меморандум, како што објави „Нова Македонија“, е испратен до земјите-членки на групата Г-8 и до повеќе регионални сили, за тие да се информираат за недобрососедската политика на Грција кон Македонија.
- Би сакал да ја изразам мојата сериозна загриженост поради заладувањето на политичките односи меѓу двете земји, во чија основа е грчкото барање за промена на уставното име на нашата држава Република Македонија, кое доведе до стагнација и до уназадување на соработката и во други области - пишува Груевски во писмо испратено до сојузниот премиер на Австрија, Алфред Гусенбауер.
Слично писмо, Груевски испратил и до премиерот на Британија, Гордон Браун. Во писмата Груевски ја обвинува Грција за кршење на човековите и малцинските права на Македонците што живеат во Грција или кои биле протерани по Грчката граѓанска војна.
- Владата на Република Македонија ве повикува конкретно да се ангажирате за да се постигне постојано исполнување на обврските што произлегуваат од меѓународните инструменти за човекви права од страна на Грција, со посебен акцент врз слободното изразување на етничкиот идентитет и правата кои од него произлегуваат - пишува во писмото на Груевски до премиерот Браун.
Во меморандумот, со кои Груевски ги информира регионалните сили за тивкиот трговски бојкот, наведени се примерите на блокадата на летот на МАТ преку грчка територија, велигденскиот бојкот на македонско јагнешко во Грција, проблемите со трансфер на пари, малтретирањето туристи и превозници на границата и во грчка територија, обидот да се симнат униформите на македонските војници на вежба во Франција и слично. Груевски го наведува и спречувањето на претседателот Бранко Црвенковски, кој сакаше да учествува на конференција на УНЕСКО во Атина, поради натписот „Македонија” на владиниот авион.