kano
Farang
Одлично прикажано @kano. Да се патува вака на едно СП или ЕП отсекогаш ми било сон.
Ако може едно прашање: Колку пари од прилика се потребни за да направиш ваква авантура? Од првиот до последниот ден?
Би сакал да направам нешто слично за европското 2021.![]()
Се е во УСА долари.
Трошоци платени унапред, ова е од човек.
Карти
Португалија - Шпанија - Категорија 3 - $105
Бразил - Швајцарија - Категорија 3 - $105
Полска - Сенегал - Категорија 3 - $105
Португалија - Мароко - Категорија 2 - $165
Бразил - Коста Рика - Категорија 2 - $165
Шпанија - Мароко - Категорија 3 - $105
Англија - Белгија - Категорија 1 - $210
Шпанија - Русија - Категорија 1 - $245
Вкупно - $1205
Смештај
Сочи $256 (4 ноќевања)
Самара $35 (1)
Ростов $45 (2)
Саинт Питерсбург $290 (4)
Москва $290 (5)
Калининград $169 (6)
Вкупно - $795
Транспорт
Авионски карти
СК-Истанбул - $60
Истанбул - Сочи - $160
Сочи - Самара - $110
Самара - Ростов - $70
Ростов - Москва - $110
Москва - Саинт Питерсбург (саспан, брзиот воз) $71
Саинт Питерсбург - Калининград - $140
Калининград - Москва - $110
Такси превоз секаде (22 дена) окулу $150
Метро - Москва окулу $10, 50тина центи беше едно возење
Вкупно - $991
За 22 дена потрошив некаде 115 000 рубљи кеш, толку имам вадено, знам некаде 5000 ми останаа, ги сменив во Бангкок. Тоа се $1526. Ова е углавно на пиво, забава, музеи, сувенири, јадење и слично. Би рекол некој $300+ од ова отидоа на кавијар
, се друго беше смешно ефтино. Пример пиво во фан зоните големо чаша точено (локално, сибирскаја корона) 100 рубљи или $1,3.Трошоци во Русија
Музеи (ова све беше платено кеш, со исклучок на Хермитаж)
Москва - не плаќавме никаде, влагавме со врски
Самара - Kосмичкиот музеј - $7
Саинт Питерсбург - Хермитаж - $10
Саинт Питерсбург - катедралата на падната крв (незнам како точно се преведува) $3
Калининград - Фридланд Гејтс - $5 ова е музеј на историјата на градот со влез во бункер
На кредитна у ресторани сум платил и некој $390, обично плаќав кеш освен во добри ресторанти и хотелските ресторанти...
Значи се на се некаде - $4900 за 23 дена...
и тоа за мегајакото дерби Атлетико со Еибар
Тука станува збор за светско првенство, да гледаш репрезентации во живо како се борат за трофеј, Бразил, Аргентина, Шпанијљ, Англија итн. Покрај првенството користиш и време за музеи, пабови, дружење, јадење, пиење 
