O
Omer el Faruk
Гостин
Сведоци сме дека и кај нас под влијание на Запад се случува се поголемо разбивање и раслојување на семејството кое што доведува до отуѓеност и осаменост на постарите личности.Ним во тие поодминати години најпотребно им е дружењето во кругот на семејната атмосфера,врз сето наше внимание и разбирање.
Родителите голем дел од животот им го посветуваат на своите деца за да им го обезбедат се она што им е потребно за живот.Тие ги одгојуваат,хранат,школуваат,бдеат над нив додека не ги извадат на селамет.Секако дека станува збор за одговорни родители кон своите деца. И тие секако заслужуваат да им се посвети должното внимание кога ќе ја дочекаат староста.
Тоа внимание од нас го бара Аллах џ.ш.:
“И Господарот твој нареди:”Само Него да го обожавате,а на родителите добро да им правите.Ако еден од нив или двајцата кај тебе доживеат старост,не вели им ни 'уф'.Не обраќај им се со висок глас и зборувај им благородни зборови.И пред нив спушти ги крилјата на потчинетоста и милоста, и речи :”Господару мој,смилувај им се онака како што тие ми се смилуваа кога бев малечок!” (Ел-Исра:23-24)
Од Мухаммед а.с. се пренесуваат голем број на хадиси кои ги изрекол за должностите и вниманието кон родителите:
“На Аллах џ.ш. најмили дела му се клањањето намаз во негово време и добродетелство кон родителите”.
“Аллаховото задоволство е врз задоволството на родителите,и Аллаховата лутина е врз лутината на родителите”.
“Правете им задоволство на вашите родители па и вашите деца ќе ви прават вам”.
“Кој му е покорен на Аллах џ.ш. и на родителите ќе биде во Џеннетот на највисок степен”.
“Три дови без сомнение ќе бидат примени:довата на родителот со која го проколнува своето дете,довата на оштетениот и довата на мусафирот-патникот”.
Еден човек кој што направил голем грев го прашал Мухаммеда а.с.,како да се ослободи од тој грев.Мухаммед а.с. го прашал дали има жива мајка.Му одговорил дека нема.Мухаммед а.с. го прашал дали има жива сестра од мајка му,(теза-тетка).Му одговорил дека има. “Прави и добро”,-му рекол Мухаммед а.с.
Шекспир рекол дека неблагодарноста на детето е поопасна од змијскиот заб.
Мухаммед а.с. рекол:
“Ако посака,Аллах џ.ш. сите казни може да ги одложи до Судниот ден,освен непослушноста кон родителите.Казната за овој грев Аллах џ.ш. ја убрзува уште на овој свет,пред смртта на грешникот”.
Муаз ибн Џебел го пренесува преданието во кое што стои дека Мухаммед а.с. ја забранал непослушноста кон родителите па макар и да го исклучат од наследство.Луѓето кои што им биле непослушни на своите родители на овој свет нема да го вкусат џеннетскиот мирис.
Аллах џ.ш. во к*р,анот ни порачува:
“И на човекот Ние му одредивме да се однесува добро кон родителите свои.Мајката го носеше,слабеејќи од ден во ден,и го доеше две години :”Биди благодарен,и Мене и на родителите твои.Мене сите ќе ми се вратат !”( Лукман:14)
“А ако родителите се трудат да те наговорат да Ми припишуваш здруженик за што,всушност,не знаеш ништо,немој да им бидеш послушен,но примерно однесувај се кон нив на овој свет.И следи го патот на оној кој Мене ми е послушен.Потоа враќањето ваше до Мене води,па ќе ве известам за она што го работевте.” ( Лукман:15)
Човекот е должен да ги почитува своите родители и да им прави добро,бидејќи тие го изведоа на виделина.Му ја дале сета неопходна помош и внимание додека бил беспомошен.Потоа го школувале и му ja дале,во рамките на своите можности ,неопходната попатнина за живот.
Исламот бара од човекот да им биде покорен и послушен на своите родители до една одредена граница.Таа граница на покорност и послушност исчезнува во оној момент кога родителите сакаат да го одведат во заблуда,на Аллах џ.ш. да му припишеме нешто што не Му доликува.Аллах џ.ш. ни сугерира тогаш да не ги слушаме,но великодушно да се однесуваме кон нив.
А великодушно да се однесуваш кон родителот значи да не го оставаш кога е стар и изнемоштен и да не го препушташ на времето кое што нема респект кон никој.Местото на нашите родители е покрај нас,за да можеме да им ја понудеме раката на помошта,да им упатеме утешителен збор,а не во некој старечки дом далеку од оние кои што потекнале од нив.Детето е дел од родителот.Родителот никогаш не го заборава и секогаш е во состојба да му прости.А ние,ми се чини,што повеќе напредуваме во науката,техниката и другите области,го губиме она вистинско чувство према вредностите кои што верата ни ги налага,а за кои нашите предци и те како воделе рачун.Тие биле на понизок степен на образованост од нас,во денешниот смисол на зборот.Помалку знаеле,но, тоа што го знаеле далеку повеќе го применувале.
Колку ние ќе бидеме внимателни кон нашите родители,толку можеме да очекуваме нашите деца да бидат внимателни кон нас.