Грижа кон родителите

  • Креатор на темата Креатор на темата Omer el Faruk
  • Време на започнување Време на започнување
O

Omer el Faruk

Гостин
Сведоци сме дека и кај нас под влијание на Запад се случува се поголемо разбивање и раслојување на семејството кое што доведува до отуѓеност и осаменост на постарите личности.Ним во тие поодминати години најпотребно им е дружењето во кругот на семејната атмосфера,врз сето наше внимание и разбирање.
Родителите голем дел од животот им го посветуваат на своите деца за да им го обезбедат се она што им е потребно за живот.Тие ги одгојуваат,хранат,школуваат,бдеат над нив додека не ги извадат на селамет.Секако дека станува збор за одговорни родители кон своите деца. И тие секако заслужуваат да им се посвети должното внимание кога ќе ја дочекаат староста.

Тоа внимание од нас го бара Аллах џ.ш.:

“И Господарот твој нареди:”Само Него да го обожавате,а на родителите добро да им правите.Ако еден од нив или двајцата кај тебе доживеат старост,не вели им ни 'уф'.Не обраќај им се со висок глас и зборувај им благородни зборови.И пред нив спушти ги крилјата на потчинетоста и милоста, и речи :”Господару мој,смилувај им се онака како што тие ми се смилуваа кога бев малечок!” (Ел-Исра:23-24)

Од Мухаммед а.с. се пренесуваат голем број на хадиси кои ги изрекол за должностите и вниманието кон родителите:

“На Аллах џ.ш. најмили дела му се клањањето намаз во негово време и добродетелство кон родителите”.

“Аллаховото задоволство е врз задоволството на родителите,и Аллаховата лутина е врз лутината на родителите”.

“Правете им задоволство на вашите родители па и вашите деца ќе ви прават вам”.

“Кој му е покорен на Аллах џ.ш. и на родителите ќе биде во Џеннетот на највисок степен”.

“Три дови без сомнение ќе бидат примени:довата на родителот со која го проколнува своето дете,довата на оштетениот и довата на мусафирот-патникот”.

Еден човек кој што направил голем грев го прашал Мухаммеда а.с.,како да се ослободи од тој грев.Мухаммед а.с. го прашал дали има жива мајка.Му одговорил дека нема.Мухаммед а.с. го прашал дали има жива сестра од мајка му,(теза-тетка).Му одговорил дека има. “Прави и добро”,-му рекол Мухаммед а.с.

Шекспир рекол дека неблагодарноста на детето е поопасна од змијскиот заб.

Мухаммед а.с. рекол:

“Ако посака,Аллах џ.ш. сите казни може да ги одложи до Судниот ден,освен непослушноста кон родителите.Казната за овој грев Аллах џ.ш. ја убрзува уште на овој свет,пред смртта на грешникот”.

Муаз ибн Џебел го пренесува преданието во кое што стои дека Мухаммед а.с. ја забранал непослушноста кон родителите па макар и да го исклучат од наследство.Луѓето кои што им биле непослушни на своите родители на овој свет нема да го вкусат џеннетскиот мирис.

Аллах џ.ш. во к*р,анот ни порачува:

“И на човекот Ние му одредивме да се однесува добро кон родителите свои.Мајката го носеше,слабеејќи од ден во ден,и го доеше две години :”Биди благодарен,и Мене и на родителите твои.Мене сите ќе ми се вратат !”( Лукман:14)

“А ако родителите се трудат да те наговорат да Ми припишуваш здруженик за што,всушност,не знаеш ништо,немој да им бидеш послушен,но примерно однесувај се кон нив на овој свет.И следи го патот на оној кој Мене ми е послушен.Потоа враќањето ваше до Мене води,па ќе ве известам за она што го работевте.” ( Лукман:15)

Човекот е должен да ги почитува своите родители и да им прави добро,бидејќи тие го изведоа на виделина.Му ја дале сета неопходна помош и внимание додека бил беспомошен.Потоа го школувале и му ja дале,во рамките на своите можности ,неопходната попатнина за живот.

Исламот бара од човекот да им биде покорен и послушен на своите родители до една одредена граница.Таа граница на покорност и послушност исчезнува во оној момент кога родителите сакаат да го одведат во заблуда,на Аллах џ.ш. да му припишеме нешто што не Му доликува.Аллах џ.ш. ни сугерира тогаш да не ги слушаме,но великодушно да се однесуваме кон нив.

А великодушно да се однесуваш кон родителот значи да не го оставаш кога е стар и изнемоштен и да не го препушташ на времето кое што нема респект кон никој.Местото на нашите родители е покрај нас,за да можеме да им ја понудеме раката на помошта,да им упатеме утешителен збор,а не во некој старечки дом далеку од оние кои што потекнале од нив.Детето е дел од родителот.Родителот никогаш не го заборава и секогаш е во состојба да му прости.А ние,ми се чини,што повеќе напредуваме во науката,техниката и другите области,го губиме она вистинско чувство према вредностите кои што верата ни ги налага,а за кои нашите предци и те како воделе рачун.Тие биле на понизок степен на образованост од нас,во денешниот смисол на зборот.Помалку знаеле,но, тоа што го знаеле далеку повеќе го применувале.

Колку ние ќе бидеме внимателни кон нашите родители,толку можеме да очекуваме нашите деца да бидат внимателни кон нас.

Многу убаво. Се што не учи Светиот Куран не учи за наше добро, само да се живее коректно и исправно во мир и слога.
Возвишениот Аллах убаво не учи како да го организираме животот за да стоиме подалеку од конфликти, кавги и нарушувања на родниндките врски.
Секако дека грижата за родителите и почитта што ја заслужуваат е најважната работа што може човек да ја направи во својот живот.
Сите зборови на Аллах мора да се испочитуваат.
Кога Куранот убаво опоменува на ова, не може да се занемари.
 
За џабе ги почитуваш ако стварно не мислиш и чуствуваш така . Моралот е лажен и е лицемерие само искрена љубов има вредност . Не треба никој да ти каже што да правиш затоа што ти веке знаеш .
Додека се сложувам до негде да за некои за кои стварно треба некој да им каже што да прават.
Како што вика Заратустра они се у фаза на камила треба да прејдат у фаза на лав па на крај да бидат невини како деца , и тогаш доага правата љубов и просветлувањето.
 
Нормално дека секој треба да знае да почитува не мора на тоа книгите да не учат. Јас само додадов дека Светиот Куран многу убаво опоменува на тоа, во случај некој да не забегал.
 
треба да има некој баланс во однос на послушноста(не во грижата) само за да не се прекрши индивидуализнот своеглавоста и самокритиката од своите потези кои ако ги нема како такви може да дојде до театарски престави.
 
Како ние се однесуваме со нашите родители така и нашите деца ке се однесуваат со нас. Е па сега мислете му ја обично е како први тако други.
 
Колку ние ќе бидеме внимателни кон нашите родители,толку можеме да очекуваме нашите деца да бидат внимателни кон нас.

Фидбек механизам?

Енивеј, да не беше религијата, Куранот, Библијата, сите тие работи, ние ќе бевме малоумни и немаше да имаме општа култура и да се однесуваме кон родителите (па и кон било кој постар!) со почит? Тоа е муабетот?
 
Историјата си покажа , за 3000 год. 5000 војни , нема ќар од позајмено знаење .

The first honesty for a man who really wants to know truth is to know perfectly well "what I know on my own", and "what I know only as borrowed." And whatsoever is borrowed, throw it! It is all crap
 
Генерално се сложувам дека грижата за родителите е обврзувачка. Дека тие треба да се почитуваат и сакаат. Меѓутоа, секој родител е должен да го воспитува своето дете и во рамките на сопствените можности да направи се за да го изгледа, воспита, да му помогне итн. Многу родители сметаат дека со тоа што си ги исполниле биолошките обврски, со тоа што оплодиле или родиле, нивната задача е завршена и дека се` друго ќе си дојде само по себе. Врската меѓу родител и дете е двонасочна, колку што е вложено толку и се добива. Се` друго е илузија, претерано очекување од нешто во што многу малку или нималку се инвестирало (не со пари, имот или други материјални дарови, туку со љубов, внимание, пожртвуваност и секако, со добро воспитување). Секој родител има деца какви што заслужува. Тоа можеби на прв поглед не изгледа така, но добриот пријател, чесниот работник и верниот сопруг не мора да е и добар родител.
Детето учи од оние што го родиле (освен сираците, напуштените и оние деца за кои се грижат баба и дедо). Мислам дека крајот делото го краси или го гнаси, како сакате.
 
СЕКОЈ КОЈ ИМА БАРЕМ МАЛКУ ЧУВСТВА МОРА ДА ПОМОГНЕ НА РОДИТЕЛИТЕ КОГА ИМ Е ПОТРЕБНО.:aplauz::aplauz::aplauz:
 
Историјата си покажа , за 3000 год. 5000 војни , нема ќар од позајмено знаење .

The first honesty for a man who really wants to know truth is to know perfectly well "what I know on my own", and "what I know only as borrowed." And whatsoever is borrowed, throw it! It is all crap

Ako ne znaes da ja rabotas nivata , gledaj komsijata kako raboti :)
 
Ako ne znaes da ja rabotas nivata , gledaj komsijata kako raboti :)
За жал не дава резултати , да те гледам како го сакаш цел свет и да видам од тебе и јас да го сакам после , не иде братко ако незнам што е љубов.
 
Генерално се сложувам дека грижата за родителите е обврзувачка. Дека тие треба да се почитуваат и сакаат. Меѓутоа, секој родител е должен да го воспитува своето дете и во рамките на сопствените можности да направи се за да го изгледа, воспита, да му помогне итн. Многу родители сметаат дека со тоа што си ги исполниле биолошките обврски, со тоа што оплодиле или родиле, нивната задача е завршена и дека се` друго ќе си дојде само по себе. Врската меѓу родител и дете е двонасочна, колку што е вложено толку и се добива. Се` друго е илузија, претерано очекување од нешто во што многу малку или нималку се инвестирало (не со пари, имот или други материјални дарови, туку со љубов, внимание, пожртвуваност и секако, со добро воспитување). Секој родител има деца какви што заслужува. Тоа можеби на прв поглед не изгледа така, но добриот пријател, чесниот работник и верниот сопруг не мора да е и добар родител.
Детето учи од оние што го родиле (освен сираците, напуштените и оние деца за кои се грижат баба и дедо). Мислам дека крајот делото го краси или го гнаси, како сакате.

Многу убава забелешка. Како потврда на ова ќе го спoмнам следниов настан од исламската историја. Го прашале четвртиот калиф (халифа) Алија (р.а.): - Кога треба да се отпочне со одгојување на детето? им одговорил: " Дваесет години пред да се роди!"
 
Детето треба да биде обврска на општеството а не на само неколку поединци.Токму фамилијарниот систем ги отуѓи луѓето.
Нека се базира на биолошка основа,али не и на глупи идеологии.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom