Алчност е збор кој има негативна конотација, и баш не се совпаѓа со жед за живот, знаење, љубов и сл. во контекстов. Алчноста претпоставува дека присвојувајќи нешто (најчесто материјално) во претерани количини наштетуваш на другите (односно им го одземаш нивниот дел од истото), а и си штетиш на себе. Жедта за живот, љубов, знаење пак, не потпаѓаат под такви принципи.
Исто, кога се збори за еволутивното значење на алчноста во цитатот, се мисли на идејата за своина, припаѓање...идејата дека нешто е мое и дека уште многу нешта би можеле да бидат мои. Ако на почетокот тоа претпоставувало крваво бранење на територија и ресуси на храна, со тек на време се убациле у игра посуптилни методи, па имаме психолошки манипулации и слични други методи, кои, за да ја постигнат својата цел развиле науки и донеле некои значајни сознанија.
Како и да е, алчноста можеби го покренува човекот (поточно, ги покренува неговите инстинкти и его)...но, колку финално му користи?
Колку реално човекот може да поседува материјални добра вистински?
Све ми кажува дека количината е ограничена, а цената голема. Човекот никогаш не може вистински да се насити од материјални нешта, а истовремено, никогаш не може да биде сигурен дека ќе ги има дур е жив, т.е не може вистински да ги поседува. Па, што повеќе имаш, тоа повеќе се опседнуваш со потребата да ги задржиш и мултиплицираш, што е сериозна психолошка пресија, која ретко кого направила среќен. Параноичен и роб на она што го поседувш е она што всушност го добва алчнииот на долги стази.
Конечно, може вистинсики да го поседуваме само она што го имаме во себе. А, акции на берза, коли и куќи тука сигурно не спаѓаат.
Па жедта за живот, за знаење и за љубов е секако ствар која прави да растеш како човек и која те збогатува вистински.
Жедта, т.е алчноста за материјални нешта или нешта кои се екстерни, надвор од тебе (што е всушност најблиску до претставата за поимот алчност) не се дел од претходно споменатите придобивки.