Грав v.s. леќа

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.546
Возраст
72
Повод за отварање на оваа тема е следниов:
Вечерва бев во една продавница и забележав дека цената на половина килограм леќа беше 30 денари. Во истата продавница забележав дека цена на половина килограм грав е 75 денари. Значи за сума од 300 денари, по Ваш избор, ќе купите 5 килограми леќа или 2 килограми грав, што е огромна разлика.
Јас леќата ја подготвувам едноставно: По требењето и миењето, ја варам кратко. Потоа ја исфрлам првата вода. Налевам со свежа вода додавам масло за јадење и ја варам околу половина час. Пред да биде готова, додавам две чешниња лук, црн пипер, посолувам и по 10 минути ја сервирам.
Гравот го варам на следниов начин: Навечер го покиснувам со вода. Утредента налевам свежа вода и кратко го варам. Ја исфрлам првата вода.Повторно налевам свежа вода, масло за јадење и цело главче громид. Гравот се вари подолго и пред да да биде готов, кромидот го гмечам со вилушка, додавам сол, црвен пипер, посолувам и по 10 минути го сервирам.
Значи подготвувањето е исто, само што леќата пократко време се подготвува, а плус леќата не создава „ стомачни проблеми “
Каква е разликата во хранливата вредност?
Главна состојка на двете јадења се белковините. Леќата има до 30 % белковини, а гравот до 26%.
Еве што има за леќата и гравот во Википедија
http://en.wikipedia.org/wiki/Lentil
http://en.wikipedia.org/wiki/Phaseolus_vulgaris
Според Ваше мислење, кој е во предност, леќата или гравот?
Но сепак ние, во исхраната, повеќе користиме грав од колку леќа. Зошто?
Дали не знаеме да ја подготвиме?
Ја отварам оваа тема и да разменуваме мислење и рецепти за подготвување на леќа и и грав
 
Леќа, грав не јадам одкако знам за себе ако мајка ми е од таму. :pos: Кога ќе ја видам мајка ми и ќе ми каже: За тебе има друго, не ни прашувам што имаат они за ручек. Зимам и бегам. :ROFLMAO:

Јас гравот го поштуем повеќе од леќата. А и од гравчето добро се прди :pos:
i-zenite-prdat.jpg
 
Порано не ја сакав леќата многу, ама во последно време ја обожавам и јадам доста почесто, но ако морам да бирам помеѓу леќа и грав гравче тавче > леќа
:)
 
Леќа е супер, грав е ок. Генерално за стомак и цревна флора и двете се многу здрави. Мислам и дека поради нашиов затуцан земјоделски систем до нив е стигнат ГМО и сличен булшит (освен од Кина ако се увезени и тие). Леќа ми е некако за сама за себе, а грав со ребра, сланина или некоја добра плескавица е страшна комбинација. Скоро јадев една опасна комбинација, некој мексикански грав со мелено месо, чили сос - страва!
И јас порано не ги поштуев, ама како поминува време, се повеќе се навикнувам....изгледа дека здосадува и од јадењава како од се друго.
 
Леќа си е леќа гравот некако премногу тежок ми е за јадење посебно откако ќе јадам па потоа мака мачи со стомакот а и без разлика дали тоа се работело за тавче гравче или пак манџичка исто ми е... сепак кога би бирал секогаш прв избор би бил ЛЕЌА!
 
Back
На врв Bottom