Пред скоро време читав исповед на една млада девојка на незнам која страна и се одземав од тешката глупост која ја имаше направено. На кратко да ви раскажам па ќе коментираме околу тоа ... била заљубена во некој дечко долго време но освен другарство со него немала ништо повеќе. Од некои другарки разбрала за некаква финта (уствари магија би му дошло) како да направи да се заљуби дечково во неа и без размислување го направила тоа. Финтата беше да зачува по некоја капка крв од менструација (мислам дека беше од неколку месеци по ред) и таа собрана количина да му ја даде на дечково во кафе дека најмалку се осеќало така. Веднаш откако заминал дечково од кај неа (после испиеното кафе) и се јавил на телефон со тешка љубовна изјава и као и ден денес се заедно и овој многу ја сакал и таа била најсреќна.:ija: :nesvest:
Е сега, незнам дали такви работи фаќаат, сум слушала доста слични глупости и не ми ни паднало на памет да пробам некогаш.
Муабетот ми е, дали вие имате граница до која би оделе за да го привлечите и заведете партнерот, која е таа или едноставно не бирате средства ако сте многу заљубени? Ако знаете дека ваков еден начин (како примерот погоре) сигурно успева, дали би се решиле да го пробате? Ако да, не би ви сметало понатаму да живеете со фактот дека тој/таа не ве сакал/а без вашиот според мене низок потег?
п.с. Ако го најдам текстот на девојката ќе ви го пастирам обавезно.:kez: